Работа во Дубаи преку НАХИЛДОО.

Член од
15 октомври 2010
Мислења
1
Поени од реакции
1
Можеби и ќе се деси тоа зошто за два дена истекува пишаниот рок!!!!и што после тоа????:tapp:
 
T

Tetro

Гостин
Што после тоа? Ќе отвориш нова фирма, ново име, нов телефон, нов газда и нови вработени.

Ќе спамираш насекаде и ќе најдеш нови 500 души за да им земеш по 300-400 евра. Ама ко ќе ти дојдат 3-ца мрсни, маменцето ќе ми ти го расплакаат.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Со лажен идентитет, измами стотици Македонци: Кој е Денис Чоковиќ?


Кој е Денис Чоковиќ? Човекот кој се претставува како сопственик на фирмата „Нахил“ има лажен идентитет, дознава Канал 5. МВР на Република Српска преку Интерпол истражува кој е овој човек.

-Ова лице, односно сопственикот на таа фирма, искористил фалсификат документи за издавање на лични документи. Така да во меѓувреме е извршено поништување на неговите лични документи, а сега сме во фаза тие да се истакнат на нашата веб страна за да се истакне дека се работи за лажен, присвоен или украден идентитет, изјави за Канал 5, Гојко Васиќ, директор на полицијата на Република Српска.

Босанската полиција откри дека пасошот и личната карта му се фалсификат. Наводно му биле издадени во Црна Гора, а со нив ги отворил фирмите во Бања Лука во Босна и во Скопје. Босанското обвинителство отвори истрага.

-Против Н.Н. лице кое се претставува како Чоковиќ Денис, поради кривично дело фалсификување на документи, измама и стопански злоупотреби. Предметот е во фаза на истрага, вели Мира Милетиќ, портпарол на Обвинителството на Бања Лука.

И додека и во Македонија полицијата му поднесе кривична пријава за измама, Денис Чоковиќ или лицето кое така се претставува, и натаму тврди дека за се има одговор и оти работниците ќе заминат на работа во Катар.

-Тоа не е вистина. Јас доаѓам за петнаесет дена таму, па ќе се увериме во поинаква вистина, изјави човекот кој се претставува како Денис Чоковиќ.

Убедлив е во своите лаги и луѓето упорно му веруваат во неговата добро смислена измама.

-Ние сто посто одиме. На 25 одиме за Катар. А вие за Нова Година ќе ми бидете таму гостинка, изјави Благој Гајдов, еден од измамените граѓани.

Идентитетот му е лажен, а сега се отвора и приказната за валидноста на фирмата Нахил. Чоковиќ со фалсификувани документи отвори канцеларии во Бања Лука и во Скопје и измами над 650 луѓе. Им зеде од 200 до 400 евра, а тие останаа и без пари и без работа.

Трагата на парите засега води во две банки, каде Чоковиќ отворил сметки. Рајфајзен и Фолкс Банката. Сметката во Фолкс деновиве му е блокирана. Канал 5 веќе еден месец ја истражува оваа приказна од која секојдневно се откриваат нови детаљи, кои како да се сценарио од криминалистички филм. Отишол дотаму да земе нов идентитет само за да дојде до пари.

Маја Јовановска
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=66266
 
Член од
22 јуни 2009
Мислења
89
Поени од реакции
3
Alal da i e na snezana lupevska i za nahil i za gemak klub i maksi book.
Ovie vtorite im go perat i mozokot!
 
T

Tetro

Гостин
За кој мислиш? За Гемак? Кажи нешто повеќе, се гледа дека знаеш.
 

kelaviot

Prime Сasual Dating - Genuine Damsels
Член од
10 мај 2010
Мислења
536
Поени од реакции
325
http://www.kanal5.com.mk/Default.aspx?mId=120
ќе одбереш емисија код ,афера нахил.после сторијата за нахил има за гемак.кое срање човече,на овие луѓе шо се прелажани од гемак сигурно им фали нешто.позззз
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
716
За кој мислиш? За Гемак? Кажи нешто повеќе, се гледа дека знаеш.
јас со сопругата бевме во гемак, повикани од страна на една наша пријателка со сопругот... за малку и не платив 2300 евра... толку беше слаткоречива приказната и начинот таму на кој се понашаат и се слично... откако преспав, утрината сватив дека уствари тоа нема везе со вистински бизнис... се потпишува еден документ за тајност на средбата, за се што се случува таму... уствари, кратко кажано, тоа е добро осмислено перење на маозок за да се учлениш во ПИРАМИДАЛНО плаќање... пократко амин... јас давам пари, па треба да носам луге за да даваат пари, од кои на мене ми иде на конто од нивните пари, па тие луге да носат други да даваат од кои и од нив ми иде на конто и така во недоглед до пето, шесто колено или подгрупа... т.е. класична пирамида како и секоја друга пирамида или на времето имаше популарно име ПИРАМИДАЛНА ШТЕДИЛНИЦА која уствари немаше никаква врска со штедилница...

ако сакаш да си ебеш крвна врска со цела фамилија и со пријатели, дади пари во некоја пирамида и покани ги они да дадат пари... 2300 евра е СУМА ПАРИ БРЕ... знам за слуачеви кои зимаа кредити па од џеб ги вракаа зашто никого не донесоа да уплати, камиони, коли и викендици даваа под лихва... знам за еден кој платил двапати, зашто му се увртело во глава дека така поише пари ке добие... инвестирал човекот во “бизнисот“

и нема да ви кажам за што се случуваше внатре за тие 5-6 саати зашто сум обврзан со договор за молчење инаку можам да добијам тужба за прекршување на таков договор, ова е јавен форум а јас сум достапен да ме дознаат кој сум аконе на друг начин преку ајпи адресите и слично... истото важи за сите кои нема да ви кажат а знаете дека биле во гемак клубот на состанок кој трае од 08:00 наутро до 14:00 попладне....
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Далечната 2004 имав понуда за таму само што тогаш цената беше пониска 700 евра :pos2: По неколку пати јавување од таа немиената Маре ја отерав у три лепе пичке материне и од тогаш не ми се јавија више,иначе главен критериум беше да имаш широг круг на пријатели кога ке те повикаат трипати или четири во месецот да носиш кравата и да се смееш ( дај им ти 700 еу па ке се смееш ко недоветен) само и си добиваш плата од 4000 еу иначе имаше еден овде збореше за тие луѓе во црно кој биле толку мистериозни и биле пуни пари дури и убедуваше колку било невозможно да се зачлениш во тоа друштво а ако успееш да се зачлениш тогаш си ептен среклија
 
T

Tetro

Гостин
Прашав за да случајно имаат сменето нешто. Инаку сум го искусил и тоа.

Бев и јас, ама одамна беше тоа. Може пред 3 години и повеќе. Имаат тие паметна игра, и фискална даваат дека производ си купил од нив. Тоа за да не можеш да тужиш после.
Значи добро осмислена превара како да ти ги земат парите и тоа на секого обеќаат дека ќе добие големи пари и калкулациите ги прават на добар начин. Демек нема врска со пирамидите и сл.

Пријателот што ме покани ми вика дека не можело да се влезе на друг начин во "бизнисот", него само со покана. Тогаш и пари ми побара, требале и пари за апликацијата, 1200 ако не се лажам. А јас му реков дека ако сака тој да плати, па кога ќе ја земам првата добивка, ќе се оддолжам :)

Бев на состанок, тоа беше буквално продавање ветар у магла за 2900 евра (толку мислам дека се бараа тогаш). Приказната е иста бе, истата работа.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
716
пред 4 и повеке години било 700 евра, пред 3 години 2900 евра (им тргнал бизнисот), пред 2 беа 2300, оној на код кажа 2100 значи намалуваат им опаѓа работата... добри пари се млатат...

а да... и тоа јас морав во костум со кравата, сопругата во елегантно облечена (пристојна хаљина и дрн дрн дрн), и никако не ми беше јасно на почетокот зашто цело време се врти муабетот со прашањето за тоа дали имам широк круг на пријатели... одпосле ми стана јасно... ако ме заколат за парите, дали ке имам доволно бројчано да заколам и јас други за екстра пари и за нив да има...
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Иначе сигурно ти текнува кано на пирамидава ја имаше порано со писма се играше :) само сумите не беа толку високи тоест беа ама за тој на врвот од пирамидата иначе писмата се купуваа и продаваа и се ширеше пирамидата, осумдесетите и деведесетите се играше таа игра се додека не ги поеба оној поштарот со куцача машина самиот шо си ги куцаше писмата наместо да ги купува :) иначе тогаш беше нешто како 200 300 денари ептен стара фора е ова само за разлика од сега сумите беа ептен мали и понекогаш еден кога ке се повлечеше од погорните редови се си ебеше мајката :)
 
Член од
23 октомври 2010
Мислења
243
Поени од реакции
86
Блиски пријатели на семејството беа измамени на овој начин. Најпрвин се беше сериозно, и луѓето беа уверени дека ќе одат во Дубаи, но некако патувањето се повеќе се одложуваше и на сите им стана јасно. Си ги земаа парите и ајде чао.
 

kelaviot

Prime Сasual Dating - Genuine Damsels
Член од
10 мај 2010
Мислења
536
Поени од реакции
325
дали работите се свртеа ,дали бевме скептици цело време?денес на шурата му се јавиле од нахил му рекле дека визата му стига утре ,за две недели патува за дубаи.
доколку си остане по старо зашто би му се јавиле?можеби ради добриот глас да се рашири да регрутираат усте некој да земат уше некој динар.ке видиме деновиве.ајт сеа
 
Член од
21 септември 2010
Мислења
14
Поени од реакции
0
ajdaaaa nemoj sea obratno da ispadne nahil da gi tuzi site onie sho niv gi tuzea boze gospode hororov nema kraj... krsh do daska :S
 
Член од
24 јули 2010
Мислења
212
Поени од реакции
12
Нели канцеларијата била затворена а сите документи и договори одземени од страна на МВР
И госпоџата управител поднела оставка
КОЈ СЕ ЈАВИЛ И ОД КАДЕ мистерија
 

Kajgana Shop

На врв Bottom