Браво за темава!
Убаво е да се потсетиме на вакви работи...Ах тие златни 90ти....
Барем рекламите изгледаат далеку понормални, поинтересни, па дури и смешни....
Кога ќе изрекламираа порано нешто беше да ти е мерак да го купиш производот...
А не денес....со вакви FAIL-ови...
Стоби Флипс на РТБ, ова би требало да е 20+ старо, ама го памтам како детиште Реклама за Сириус од 2002-ра.Срам да им е дека Сириус ментол ги прекинаа со п-во Кечап Реклама за Агроплод со Тоше Проески, сигурно овде на почеток на кариера 2000,2001...првпат гледам дека праеле кафе за espresso...
Ја има ли некој рекламата за оние соковите на растворање на оној дебелиот како го викаа... Имаше убава музика на некаков жичен инструмент, нешто јужноамеричко.... А и женските беа убави, имаше една подзапотена во кратки пантолончиња кај што става плодови во кошница... Оние соковите бе, уни-незнамкако, во пластични шишиња. Зоре Темелковски го викаа дебелиот, се напраи миљонер продавајќи ни шурупчиња...
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.