Не знам колку одат во источна , но знаеме дека 4% одат на западна. 96% одат на другиот дел.
Дали си се прашувал зошто Тетовчани и Кичевчани бегаат кон Скопје? Стружани кон Охрид?
Најчесто се вели бегаат од албанците , но јас сум видел дека добро им оди, односите им се добри, може да се живее. Гледај кога се во прашање парите како добро соработуваат македонци и албанци.
Но нерамномерниот развој не можат да го издржат македонците кои живеат во општини со мнозинство албанци.
За створење на Етничка Албанија најголем придонес имаат македонците кои владеат со оваа држава , тие помагаат да се исчисти западна Македонија од македонците, еднонставно со овие 4% капитални инвестиции.
Албанците не можат да одат во Штип , Центар , Охрид .. но затоа македонците можат , тоа и го прават.
Зошто не се иселуваа за време на Југославија кога во Тетово имаше доста работа за македонците... напротив , Тетово се насели од многу македонци , дури едновремено македонците ги надминаа албанците по бројност во градот , затоа што им се нудеше работа и евтини станови.
Во 2008-ма , од 119.000 регистрирани деловни субјекти , 12.400 се наоѓаа во Полошкиот регион. (10.3%).
Трговија на мало , 2008 , Полошки регион , 17.5% од вкупните регистрирани продавници , 11.3% од вкупниот промет во државата. (Само Пологот го прескокнува тој дискриминирачки 4%)
Полошкиот регион како што реков и во БДП-то придонесува со 7.5%.
Овој регион во сите сектори добро се држи , но заостанува во индустријата , рударството и енергијата.
Овие се секторите во кои беа дискриминирани во Југославија. Не може ова да се смени ни во денешно време , кога се знае дека инвестициите не се носат во овој регион.
Како и да е , само Пологот заслужува едно 10-15% капитални инвестиции , а уствари сите албански општини добиваат само 4%.