Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
мило ми е што се дружевме на Кајгана сиве овие години, ама ако ова го изгласаат го зимам пасошот и си одам, ова е ВОН УМОТ!
кај не плакаат - брцаат во медот! На терет на оние кој се редовна мета на инспекциите, Албанскиот блок вон сите економски логики и принципи бара буџетот да се троши онаму каде данокот најмалку се собира.
Етнички скроен буџет води кон федерализација на државата
За економските аналитичари е неприфатлива идејата единствениот економски систем, кој функционира според пазарните принципи, да биде нарушен со критериуми што не се дел од макроекономската и од фискалната политика
Распределбата на народните пари по некаков етнички или, пак, територијален принцип, како што го бара албанскиот партнер во власта ДУИ за буџетот во 2012 година, е политички концепт за федерализација на државата, сметаат економските аналитичари. За нив е неприфатлива идејата единствениот економски систем, кој функционира според пазарните принципи, да биде нарушен со критериуми што не се дел од макроекономската и од фискалната политика.
- Буџетот, фискалната политика и воопшто економијата се прашање на квалитет и компетентност, таму воопшто не играат улога некакви квантитативни мерила. Македонија по Устав е граѓанско општество и секоја друга идеја за распределба на буџетските пари по етнички или територијален критериум би значело концепт на федерализација на државата. Ние сме држава со мала куповна моќ и мали како територија, секое инвестирање на буџетските пари во етнички или територијални проекти е неодржливо, и тоа на крај би ја нарушило унитарноста на државата - смета економскиот аналитичар Зоран Витанов.
Прашањето за критериумите за распределба на народните пари се отвори по барање на албанскиот партнер во власта, ДУИ, кој инсистира до крајот на оваа година да се најде правен механизам со кој ќе се обезбеди распределбата на државните финансиски ресурси според рамковен клуч уште за буџетот за 2012 година, кој треба да биде донесен од Собранието за нецели два месеца.
Според првичните најави, Македонија идната година ќе го добие најголемиот буџет досега - близу три милијарди евра! Албанските политичари атакуваат, по етничка линија на директен или индиректен начин, кај граѓаните-Албанци да се вратат околу една четвртина од народните пари за 2012 година, околу 750 милиони евра, поврзувајќи го процентот со застапеноста на албанската етничка група во вкупното население на Македонија. Областите од кои се очекуваат најмногу пари се образованието, капиталните инвестиции и инфраструктурните проекти, децентрализацијата и културата, бидејќи, според нив, тоа се области преку кои припадниците на етничките заедници можат да ги реализираат своите колективни права утврдени со рамковниот договор.
Токму поради тоа се размислува буџетите на министерствата за образование (со годишен буџет од околу 343 милиони евра), култура (заедно со програмата за финансирање на дејностите од областа на културата - 60 милиони евра) и за локална самоуправа (заедно со програмата за децентрализација - 237 милиони евра) да се издвојат од централниот буџет и да се носат во посебна собраниска постапка со Бадентерово мнозинство за да се направи пофер распределба на народните пари по етничка линија.
Нема официјална потврда дали ваквите механизми навистина се преговараат меѓу двајцата владини партнери Али Ахмети и Никола Груевски, иако вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Муса Џафери веќе најави дека буџет поделен по етничка линија е предвиден со моделот на децентрализацијата опишана во рамковниот договор.
- Нагласувам дека Охридскиот рамковен договор има модел за економска поделба и на сите треба да им се дозволи менаџирање на ресурсите што им припаѓаат и за кои придонесуваат сите. Кога зборуваме за распределба на финансиските ресурси тука почнуваат некакви конфликти, но оваа тема ќе биде многу значајна и централна - рече Џафери на одбележувањето на 10-годишнината од рамковниот договор.
Дури ни федерацијата од која беше дел Македонија пред две децении како критериум за распределба на буџетските пари го немала националниот или територијалниот критериум, потсетува Витанов.
- Во СФРЈ едвај една четвртина од буџетот се распределуваше по основа на територија односно по републики. Не држи ни она дека секој регион треба да добие толку колку што придонесува. Пример, во струмичкиот регион живее 5 отсто од вкупното население, а во буџетот учествува со 7,5 отсто. Од друга страна, ситуацијата во Тетово е целосно обратна. Дополнително погледнете ги инфраструктурата и патиштата во западна Македонија и во источна Македонија. Каде е потребно тогаш повеќе да инвестира државата? Рамномерниот регионален развој сега државата го контролира преку Министерството за локална самоуправа и нема потреба од воведување дополнителни механизми - коментира Витанов.
Во Законот за буџет единствените пари што се директно поврзани со рамковниот договор се оние за рамковните вработувања (8,8 милиони евра секоја година), потоа буџетот на Секретаријатот за спроведување на договорот (10 милиони евра) и издвоениот буџет на народниот правобранител (1,2 милион евра). Но овие пари не се единствените што се однесуваат на правата на немнозинските заедници во Македонија. Пари по етничка основа се одделуваат со интерни проекти и програми во министерствата за култура, образование и за локална самоуправа.
- Ова не е доволно. Од вкупните капитални инвестиции во државата, според буџетот за 2011 година, кои изнесуваат приближно 379,5 милиони евра, само 16,6 милиони евра (или само 4,38 проценти) се планирани за регионите каде што мнозинство се албанските граѓани, и тие со одлука на Владата на РМ за прераспределба на средствата сега се скратуваат – вели Изет Зеќири, пратеник на Националната демократска преродба и професор по финансиски менаџмент на Штуловиот универзитет.
Но и тој признава дека финансиската фрустрираност на албанските граѓани не е толку резултат на неправична распределба на буџетските пари, колку што е последица на неискористеноста на веќе доделените пари.
- Завршната сметка на буџетот за 2010 година покажува дека министрите-Албанци во менаџирање на министерствата и во реализација на буџетите, особено во потпрограмите за развој, не биле ефективни и ефикасни докрај. Ако анализираме од 2008 до 2010 година, ќе видиме дека во 2008 година сите министри-Албанци приходите ги реализирале 36,37 проценти, додека расходите 69,77 проценти. Слично е и во 2009 година. Во 2010 година приходите ги реализирале 50,42 проценти, додека расходите 94,74 проценти. Овој податок покажува дека министрите се ангажираа во последната година, кога биле најавени предвремените парламентарни избори, и сигурно за оваа реализација во 2010 имале поддршка од министерот за финансии – пресметал Зеќири.
Етничката димензија на бизнисот и економијата преку буџетот не е прва ваква интервенција. Пред неколку години се формира Стопанска комора за северозападна Македонија, која ги интегрира албанските бизнисмени од Тетово, Гостивар и од Куманово, главно сконцентрирани околу секторите на градежништво и трговија. Оваа комора стана релевантен преговарач со Владата, а нејзини основни барања се поголема инфраструктурна поврзаност со Албанија и со Косово и целосна реализација на Коридорот 8.

![](http://novamakedonija.com.mk/Uploads/News/budzet-5.jpg)
![](http://novamakedonija.com.mk/Uploads/Image/header/transparent.gif)