Пчеларство

Член од
30 јули 2008
Мислења
4.275
Поени од реакции
2.752
Денеска приметив дека има комуникација меѓу две пчелни семејства, од едно послабо видов пчела отиде во другото! Вечерва додавав вода во поилките и останав едно 10 минути пред нив, за тоа време 5-6 пчели од семејството 6 онака лефтерно си одлетаа во семејството 3. Чудно нема борба или такво нешто, ни на една полеталка, сосема нормално се однесуваат. Да е грабеж би бил интензивен и од други семејства би иделе, вака само тие две семејства комуницираат, еднонасочно при што, :cautious: @мкд владе @Паланчански, што збори вашето искуство?????

Moжеби би делење спојување да се од иста матица т.е. браќа сестре
 
Паланчански

ГрЕбач
Член од
12 јануари 2008
Мислења
2.386
Поени од реакции
3.714
... пчелите не се боцкаат сами со сопствениот отров ниту јадат матичен млеч...и нормално дека страдаат од многу работи, па и од вируси, пчелите не се толку важни за кошницата колку е важна нивната кралица, прашање дали матицата страда од вируси, оти се храни само со матичен млеч!
Страда и матицата од вируси.
И пчелите (како ларви) одреден период ги хранат со млеч.
Денеска приметив дека има комуникација меѓу две пчелни семејства, од едно послабо видов пчела отиде во другото! Вечерва додавав вода во поилките и останав едно 10 минути пред нив, за тоа време 5-6 пчели од семејството 6 онака лефтерно си одлетаа во семејството 3. Чудно нема борба или такво нешто, ни на една полеталка, сосема нормално се однесуваат. Да е грабеж би бил интензивен и од други семејства би иделе, вака само тие две семејства комуницираат, еднонасочно при што, :cautious: @мкд владе @Паланчански, што збори вашето искуство?????
Многу пати сум видел како изгледа грабеж, ама ниту еднаш не онака како што го опишуваат во литературата.
Нема борба, нема многу мртви пчели. Семејството од почеток се брани, ако е способно ќе се одбрани со малку мртви пчели. Ако не е способно грабежот се одвива без борба. Некои семејства немаат инстинкт за одбрана „благодарение“ на човекот кој е „попаметен“ од нив.
Ова што го опишуваш личи на почетна фаза на грабеж, подоцна за 10 минути 100 пчели (кои ќе ги видиш) ќе одлетаат во другото семејство.

Дали е грабеж најлесно ќе забележиш навечер кога излетот кај другите семејства ќе престане. Кај овие семејства ќе трае до ноќ.

Некогаш грабежот се развива кај повеќе семејства, друг пат ограбува само едно семејство. Нема правило.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.090
Најверојатно е грабеж, ме чуди што трае со денови изгледа! Не е чудно со вакви временски услови годинава :(
 
Паланчански

ГрЕбач
Член од
12 јануари 2008
Мислења
2.386
Поени од реакции
3.714
Има и таканаречена тивка грабеж. Крадење по малку. Поткраднување. Само тоа многу тешко се забележува.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
1.117
Поени од реакции
1.047

Rudolf Steiner predicted in 1923 that in about 80 -100 years bees will suffer a major crisis mainly due to the artificial breeding of queens.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.090
Има и таканаречена тивка грабеж. Крадење по малку. Поткраднување. Само тоа многу тешко се забележува.
Ова е токму така, денеска ги посматрав, матичното семејство си работи, одат пчели на паша по вода, и семејството арамии си работи нормално, ама секоја 10-15 пчела што ќе излета не оди на поле него у комшии :cautious: Ќе го преместам тоа слабото семејство дома на едно 600-700 метри од таму. Знам дека е малку ама ионака не му се пишува добро.
Автоматски споено мислење:

Rudolf Steiner predicted in 1923 that in about 80 -100 years bees will suffer a major crisis mainly due to the artificial breeding of queens.
Кај нас незнам дали ќе е од тоа, ама ова што го се случува кај мене е од селекција. Што вели @Паланчански од многу умни луѓе. Уште кога ги купив семејствата беше очигледно дека се необично мирни, што кажува дека се здраво селектирани. Мирно семејство не напредува како нормално, ете се покажа дека е склоно на индиферентност кон грабежи, најверојатно и кон болести не се отпорни многу. Макар што да чукнам у дрво, засега по таа тема се Ок. Погоре пишав за 4 месеци едвај 6 ме каснаа, пред годините кога пчеларев до сега ќе имав минимум 60-70 убоди:D
 
Последно уредено:
Член од
7 декември 2019
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.090
Изгледа @warmaster има право!
Два дена како го преселив тоа семејство дома( имам платформа 4 м над дворот), се аклиматизираа, вчера донесов и едно од изроените семејства дома. По логика уште едно послабо. Ха, сабајлево новодојдените пробуваа да идат кај прводонесеното семејство и добија корпа(борба до откажување). Значи не за џабе само едно семејство имало аусвајс да зема од него, а таму се повеќе од 10. Сетики имат некоја врска, што комуникацијата беше без борба! А каква врска, искрено појма немам! Не може да се толку глупи да не реагираат на еднен грабеж, а да реагираат на друг!
П.С. Сабајлево си сварив кафе и брис на платформата, ќејфови :D тие си летаат јас си пијам кафе во сенка, јако:)
Автоматски споено мислење:

ako te bocne pcela, zagrej metalna plocka i stavi ja na bocnatoto mesto, i nema da te boli.
Јас со ладно се лечам( додуша понекогаш и не обраќам внимание, само џвалото го отстранувам)! Ладен камен исто врши работа, а често само тоа и е достапно во пчеларникот.
 
Последно уредено:
Член од
10 јануари 2019
Мислења
99
Поени од реакции
6
Изгледа @warmaster има право!
Два дена како го преселив тоа семејство дома( имам платформа 4 м над дворот), се аклиматизираа, вчера донесов и едно од изроените семејства дома. По логика уште едно послабо. Ха, сабајлево новодојдените пробуваа да идат кај прводонесеното семејство и добија корпа(борба до откажување). Значи не за џабе само едно семејство имало аусвајс да зема од него, а таму се повеќе од 10. Сетики имат некоја врска, што комуникацијата беше без борба! А каква врска, искрено појма немам! Не може да се толку глупи да не реагираат на еднен грабеж, а да реагираат на друг!
П.С. Сабајлево си сварив кафе и брис на платформата, ќејфови :D тие си летаат јас си пијам кафе во сенка, јако:)
Автоматски споено мислење:

Јас со ладно се лечам( додуша понекогаш и не обраќам внимание, само џвалото го отстранувам)! Ладен камен исто врши работа, а често само тоа и е достапно во пчеларникот.
Прегледај го приврзокот 261072 Прегледај го приврзокот 261073 Прегледај го приврзокот 261074

...претходно да се отстрани осилото или да се увериме дека нема осило!
toa shto pravi da boli e otrovot, a otrovot e ziv organizam, ako se izgori so povisoka temperatura, ziviot organizam ke bide usmrten, i nema da ima dejsto, odnosno nema poveke da boli. sigurno e isto i so otrovot od zmii, no tuka e veke drug slucaj, zasto ne samo shto nemozes da go izgoris otrovot, tuku otrovot ke bide prosiren niz teloto, a i mnogu poveke otrov ima. koga spomnav otro od zmii, otrovot e kako maja za sirenje, ja zasiruva krvta i krvta nemoze da cirkulira i zatoa kasnatoto mesto nababruva. malku off topik, no ne e loso da se znae nekoja korisna informacija. :):):)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
6.664
Поени од реакции
9.858

... како мислиш дека пчелиниот отров е „жив организам“ и дека на висока температура „ќе се усмрти“ ? :eek: не го објаснуваш добро! :neetaka:

920x920.jpg upload-516f88c7aed571f7352b94ae247e842ff22080bbb6a.jpg

пчелиниот отров „venom of Apis mellifera“ е токсин мешавина на протеини (апамин, хијалуронидаза, фосфолипаза и хистамин), а протеините мелитин и фосфолипаза имаат антикоагулациони ефект во крвта (применување на алтернативна терапија против разни болести),
кога ќе се стави краткотрајно висока тепература на местото на убодот после кога ќе се извади осилото, протеините се инактивираат и ги немаат ефектите што треба да ги даде при влегување со осилото во нашето тело (слично и кај убод на женски комарец која цица човечка крв, машки комарци немаат развиен апарат за боцкање тие пијат само сокови и после парењето со женките комарци, мушките комарци умираат :D)

51KSmdd7IxL._AC_SX425_.jpg 62c78330b44c22f5b96213884f8c2ee9b6b8cf4c_photo00004.jpg

... инаку постојат токму такви рачни апарати „bitehelper“ кои за неколку минути на сосема мала површина поставени токму над убодот од било кој инсект, каде би се очекувало алергиски реакции, најчесто чешање и црвенило, ќе подигне висока температура (треба да се издржи) и веднаш се инактивираат тие протеини што ги има во токсинот на сите инсекти што ни ги пренесуваат со убодот и веднаш се губат сите тегоби од укасаното,

јас дури апаратот го применувам и при алергични реакции (инактивирање на хистамин) на местото каде се испакнува и се зацрвенува и верувајте се губи веднаш тоа лошо неиздржливо чувство на чешање, црвенило, оток без никакво мачкање или примена на некој лек како маст...секој би требало да го има овој џепен апарат, посебно за патување!
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
7.212
Поени од реакции
4.232
... како мислиш дека пчелиниот отров е „жив организам“ и дека на висока температура „ќе се усмрти“ ? :eek: не го објаснуваш добро! :neetaka:

Прегледај го приврзокот 261324 Прегледај го приврзокот 261325

пчелиниот отров „venom of Apis mellifera“ е токсин мешавина на протеини (апамин, хијалуронидаза, фосфолипаза и хистамин), а протеините мелитин и фосфолипаза имаат антикоагулациони ефект во крвта (применување на алтернативна терапија против разни болести),
кога ќе се стави краткотрајно висока тепература на местото на убодот после кога ќе се извади осилото, протеините се инактивираат и ги немаат ефектите што треба да ги даде при влегување со осилото во нашето тело (слично и кај убод на женски комарец која цица човечка крв, машки комарци немаат развиен апарат за боцкање тие пијат само сокови и после парењето со женките комарци, мушките комарци умираат :D)

Прегледај го приврзокот 261326 Прегледај го приврзокот 261327

... инаку постојат токму такви рачни апарати „bitehelper“ кои за неколку минути на сосема мала површина поставени токму над убодот од било кој инсект, каде би се очекувало алергиски реакции, најчесто чешање и црвенило, ќе подигне висока температура (треба да се издржи) и веднаш се инактивираат тие протеини што ги има во токсинот на сите инсекти што ни ги пренесуваат со убодот и веднаш се губат сите тегоби од укасаното,

јас дури апаратот го применувам и при алергични реакции (инактивирање на хистамин) на местото каде се испакнува и се зацрвенува и верувајте се губи веднаш тоа лошо неиздржливо чувство на чешање, црвенило, оток без никакво мачкање или примена на некој лек како маст...секој би требало да го има овој џепен апарат, посебно за патување!
Kade moze da se kupi Ovoj aparat I Dali moze na Mali deca da se primeni?
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
681
Поени од реакции
538
Доколку ве касне пчела прво извадете го осилото , капнете малку вода на местото на убодот и ставете една таблета парацитамол, или аспирин.Држете ја така таблетата на место на убодот 3 до 5 минути и ке немате никаков оток ниту црвенило или болка на самото место. Се разбира сето ова важи доколку не сте алергични,Доколку ви се јави алергија како осип, гадење,гушење или црвени флеки, одма на лекар во најбрзо време
 
... јас не се сложувам со ова, читам дека си пчелар, ама за ова не се сложувам знаејќи го механизмот на делување на пчелиниот отров/токсин, составот и дејство на аспирин, за све има зошто? - затоа!
јас спаѓам во групата која кажува дека нема ников ефект ако се аплицира водена паста од аспиринот на местото на пчелиниот убод, напротив можеби повеќе е штетно!
 
Батали теорија, гледај пракса.
 
На врв Bottom