Пчеларство

  • Креатор на темата Креатор на темата Bosko_photo
  • Време на започнување Време на започнување
Ги тргнав од пчеларникот, сега ми се дома заедно со уште 3 не така јаки семејства! Живеат и се понашаат нормално, никој не ги пљачка :D Ми прават друштво насабајле кога пијам кафе;)
Успешно се бранат од оси, пуздер ги прават, во ден осите имаат осетни загуби ;) десетина јас тепам, дупло гледам се тркалаат на подот насабајле!
Некни во дождовите дојдоа пчеларки птици, мислев готово пуздер ќе направат, кога се смири времето ги снема, за среќа!
Пази на овие многу, една година од солидно јаки на по 2 грстови пчели ги дотераа.
 
Што ќе пазам, останува господ да ги пази! Ги нема засега да се вратат, плус читав дека се преселници и за скоро ќе си пакуваат куферите ;)
 
Преселници се да, не знам од каде доаѓаат и каде одат, ама мене ми имаа правено најмногу штета баш во Август, инаку тоа е чарето, ќе урлаш по нив, чифтето да ги поднамалиш или пак да се малтретираш со тие лентите од касети и цедиња ако ги држат подалеку :)
 
Пчеларките се преселници. Голема штета прават онаму каде се гнездат. Тоа се стрмите брегови покрај поголемите реки.
Инаку кај мене наминуваат „транзит“ (досега два пати ги имам видено) па не прават посериозна штета.
 
Од каде ли да почнам???Како прво: пчелите (и другите инсекти) не касаат...
Како второ: Помалку боли (барем кај мене) убодот од оса отколку од пчела. Од стршлен боли многу повеќе.Како трето: Ниту осите, ниту стршлените не напаѓаат без причина.Како четврто: Немој да ме убедуваш дека ме боцнала оса (наместо пчела). Не навредувај ми ја интелигенцијата.Како петто: Не носам само една кошула, па бојата да е причина.Како шесто: Ај да не должам...
..оффф од каде се фати „од прво“.... па што постирав јас предходно осило и бенифит од отровот... и објаснував дека осилото на осата е поголемо од пчелата, а на стршленот е најголемо, а ако пчелата го губи осилото умира, а осата не го губи осилото и може да те „уапи“ неколкупати нема гајле!? нели, народски сите велат „ме касна/уапа пчела“ што тупиш сега!
... сите оси и стршлени напаѓаат пчеларник и самите пчели, оти се предатори и се хранат со пчели и др.инсекти покрај другата храна!
... и ти не можеш да докажеш дека не била оса, затоа што во пчеларникот можеби си имал посета од некоја оса да „изеде некоја пчела“ или да украде мед, инаку бојата е докажано научно дека привлекува нели пишав која боја од спектарот е атрактивна за пчелите, па затоа и цвеќињата се колоритни а ги привлечат овие инсекти,
...и ништо не кажа на крај иако велиш да не должиш, и не може од оса повеќе да те боли кога ќе те боцне кога има помало осило и помалку „отров“ од осата и стршленот! ама инатот е голем :D
... инаку секојдневно боцкање на „отровот“ не само на пчелата, туку и од други инсекти како пајаци дава можност за ојачување на имунитетот!

123123-1.png

интересно арт хоби со саќето, дали од пчелите или пчеларот!
 
Прегледај го приврзокот 262483

интересно арт хоби со саќето, дали од пчелите или пчеларот!
Ти пишуваш теорија.
Јас пишувам пракса!
Тоа е разликата.
 
... не е разлика, едно без друго не може, двете се надополнуваат! (y)
Без пракса не може, без теорија може.
Дедо ми, прадедо ми и пра-прадедо ми немале книги (ниту биле писмени), па немале ниту теорија. Ама пракса имале и колку-толку биле успешни.

Туку да прашам: Колку пати досега (и дали воопшто) те боцнала (уапала/каснала) пчела, колку пати оса, колку пати стршлен? Или само разглабаш теорија?
 
Без пракса не може, без теорија може. Дедо ми, прадедо ми и пра-прадедо ми немале книги (ниту биле писмени), па немале ниту теорија. Ама пракса имале и колку-толку биле успешни. Туку да прашам: Колку пати досега (и дали воопшто) те боцнала (уапала/каснала) пчела, колку пати оса, колку пати стршлен? Или само разглабаш теорија?
... ако може без теорија, зошто воопшто следите како се прави пчеларник што треба при разболување на семејството или разменување мислење со некој кој спознанијата ги има и од „читање“ (теорија), а не само од терен!
инаку моментално имам 12 убоди од пајак едно до друго, фактот дека крвта ми е нулта група привлекувам инсекти како што се комарци, пчели и оси, стршлен ниеднаш не ме боцна бев побрза... до сега пчела ме има два пати каснато, оса и покрај повеќе обиди ниеднаш!
П.С.
прадедо ти не знаел што би правел при појава на анафилактичен шок како резултат на бурна алергиска реакција од боскање на пчела, ама денес ти знаеш што треба да направиш, нели? за секоја пракса претходно мора да се има барем минимално знаење од теорија за било што, па и за пчеларство сакал признал сакал не! :X3:
 
По некој случај и јас не знам што да правам при појава на анафилактичен шок.
Кај мене во пчеларството напред оди праксата, теоријата е на маргините.

Со два убода од пчела, ниту еден од оса или стршлен се обидуваш да ме убедиш кој убод повеќе боли. Јас досега имам добиено два убода од стршлени (едновремено) неколку десетици убоди од оси, три убоди од пчели во последниве два дена, па од пракса можам да зборувам кој убод повеќе боли.
 
пре.jpg

... осилото на пчелата е помало од осилото на осата и стршленот,

sting-parts.jpg 1024px-Sting_of_Queen_Wasp.jpg

и пчелиниот„отров“ да се вметне во нашата кожа потребни се 2-3 минути,

ice_screenshot_20200815-205134.png

... за разлика од осата и стршленот што веднаш го „шприцаат“ отровот зашто нивното осило е подолго ама не им се оделува од телото, пчелата може ќе не боцне ама ако успееме да го тргнеме веднаш осилото нема да навлезе целосно пчелиниот отровот од „резервоарот“ покрај осилото што се целосно се оделува од пчелата!

ice_screenshot_20200815-205231.png

...исто јачината на болката зависи од местото на убод, ако пчела те касне на лице и оса на рака сигурно ќе те боли повеќе од убодот на лицето, но не од пчелата, туку поради поосетливото место- на лице, кое посензитивно отколку на рака!
 
Многу ме нервираат овие напрегања пракса и теорија. Теоријата настанува од пракса која покасно се користи за да се научи нешто побрзо без пракса. Двете мора да се надополнуваат едно со друго. Секако дека сите од пракса учеле и некој го запишале и документирале тоа за наредни генерации да не губат време со екпериментирање туку веднаш да применат знаење а со тоа и поуспешно работење.

Најдобро е да учиш од теорија и тоа да го примениш во пракса. Сепак за вештина за работење е потребно време но доколку го имаш научено побрзо ќе го совладаш работењето. Некогаш ако не прочиташ може и цел живот да не научиш
 
... што е попрво кокошката или јајцето? :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom