Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Геноцидот е направен од веќе знаеме кој.Не се слагам за ова, иако е точно дека Русите не се баш најсјајни према нас.
Ако ништо друго бар не вршеа геноцид у Егејска Македонија и ги прибираа прогонетите.
Инаку еве неколку информации колку биле “добри “ Русите.
За време на Кресненското востание, не смао што не го поткрепувала,туку по лината интервенција на рускиот цар до главниот командант на руските сили Тотлебен го попречувала.
Командата на пограничната руска војка имала наредба од генералот Михајлов да го задуши македонското востание.
Рускиот фактор планирал и настојувал Македонија и нејзиниот народ да ги вклучи во туѓо или повеќе туѓи национални движења и завладувања.
Русија во својата балканска политика,Македонија најпрво ја вклопување во нејзиниот проект за Голема Грција,до 1870 во проектот Голема Србија- од Дунав до Места, потоа по 1870 во проектот Голема (Сан Стефанска) Бугарија, за на крајот разочарана од неблагодарноста на сите тие народи да заземе радикално подруг курс - курс кон делење на Македонија на балканските државички под сенката и егидата на руската политика и моќ.
Прво, решително го притисна Султанот да не дозволи каква и да е процедура и перспектива на Македонците за црковна еманципација
Потоа следеше помош на Турција од страната на Русија за поништување на Македонското востание од 1878 - 1879 год.
Трето, во 1886 врз база на предлогот на Нелидов и со одобрение од страната на императорот, Русија почна да го разработува планот за потигнување сојуз на Балканските држави во чија основа ќе стои делбата на Македонија, на стара Србија и Санџакот Нови Пазар.
Во мај 1897, Русија потпиша тајна спогодба со Австро - Унгарија со која прецизно се дека на Балканот ќе се создаде само Албанската ржава ,а другите делопви ,вклучувајќи ја Македонија ќе бидат поделени.
И така натака...Ме мрзи да пишувам,а има уште толку многу да знаеш.
И како да ја почитувам таа земја и како да не мислам дека мати нешто и дека е сумљива во секоја ситуација кога нејзиното име ќе се спомене во контекст со Балканот?