Пустошењето на шумите во Македонија

Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
откога албанците не условуваат за да влеземе во шума ни викат да им пуштиме пат до нивните демек кории, тоа се случлува на големо во велешко, скопска црна гора, кичевско итн. се дешавало по три недели да ни го држат булдожерот во нивните села се додека не дојде некој од влада да им обека дека ке се прави пат и тоа асфалтен, тоа се субјективните причини

а објективните е што се помалце работнба рака има читај албанци за сеча на огревни дрва, сите се иселија во италија, и никој не ти работи за таа цена, цената за пресечено и наредено дрво во шума е 196 денари за метар просторен, додека на тендер е малку поголема и се движи до 230-40, за таа цена таа тешка работа никој не ја работи[DOUBLEPOST=1443112620][/DOUBLEPOST]

национален парк маврово не е во наша надлежност, тие си се сами, посебни, и не е точно дека не смее нишо да се допри во национален парк само, демек е поуредено тоа, имат региони под строга заштита и таму сечата е онаа интервентна на суви стебла и слично, и тоа е 25% од паркот, додека другите се под мала заштита и можат да се Стопанисуват, шо мислиш ти дека Маврово се буџетари, си се зезнал, сами си стварат профит[DOUBLEPOST=1443113287][/DOUBLEPOST]

1. уништувањето го има од сите страни, од кривосечачи, читај мафија, намерно палење за печурки намерно палење за суровина за пелети и брикети, читај пак мафија, читај некој им плати на циганите во битола за после да си ги купи иститот човек у струмица за брикети и пелети и последното пустошење е од нас, македонски шуми не толку големо но го има, причината е инспекторите спијат

2. секогаш се сечи онолку колку е годишниот прираст на една шума или парцела, ако прирастот е 100.000м3 на госишно ниво секогаш се предвидува да се пресечи 80% од прирастот, инаку не поминува т.н. Шумско стопанска основа, читај устав за сечење

3. прво мсилам дека побарувачката е зголемена во сите градови, второ навистина овие две години обемот на сеча од Шумското е намален да речеме за 40%, причините се горе наведени во другите постови никој не сака да сече за тие пари и проблемот со албанците, не ни дозволуваат пристап во многу градови, горно долно јаболчиште, алдинци, танушевци,
една од причините е што нема млад кадар за работа во шума бидејки дрвата се дотурат претежно со мазги и коњи, и тука пак ја ставам цената која е иста и за сеча така и за дотур едни скапани 200 денари, некој со 5 коњи денес може да донесе околу 25 метри дрва, а му требат три работника, каде е зоб каде е поправање седла, јажиња

4. успешно нема, крадење ке има и организирано од внатре од инженерскиот кадар, со еден документ се крадат 5 камиони дрва, сакам само едно да ви појаснам криминалот е во огревните дрва, не е во трупот, решение не гледам сите се корумпирани, и шумска полиција и обична и гранична иако сите иамт надлежности, само спас е формирање на горска служба, специјалци со сета ратна опрема, но тоа ке предизвика социјален немир оти веруј во некои затуцани села дрвокрадството им е основна дејност на луѓето
проблем се голосечите на буковите шуми,после сечењето на стара букова шума, ако не се оставе засена за подмладокот, таму веке можеш да заборавиш дека ке порасне шума, сето ке биде капини за навек.
Благодарам за информациите. Уште тогаш кога ги напиша ги пренесов до круг на луѓе кои треба да ги знаат и да влијаат понатаму.
Те замолувам ако имаш нешто квалитетно слободно изнеси за да можеме заеднички да ја водиме оваа борба против криминалците кои не осиромашуваат и ни ја уништуваат земјата. Криминалците од секаков тип се сојузници во своето злосторничко делување, а ние сме одвоени и секој за себе само гледаме што се случува, молчиме и се туткаме. Така беше досега и така не ни оди работава.[DOUBLEPOST=1443982701][/DOUBLEPOST]Оваа вест подолу е за дрвокражбата во делот кој ме поттикна за да ја отворам темава.
Во последниве недели работите почнаа да се одвиваат во нагорна линија. Во овој дел шумска полиција имаше 3-4 акции против дрвокрадците. По патот од каде редовно и слободно се пренесуваа украдените дрва, кражбата е значително намалена. Сеуште се кради, но во помали количини и далеку од онаа слободна безобразност која претходно ја имаа. Ова докажува дека постојаните упорни поттикнувања на одговорните институции даваат резултат. Мене и кругот на луѓе кои одлучивме да стапниме против овој криминал кој ни прави огромни штети не не интересира партија власт, партија опозиција. Мило ми е што тргна да се решава овој проблем. Тоа беше крајно неопходно, за биолошкиот опстој. Ако го решат проблемот, ќе заборавиме за гревовите кои ги сториле за да се развие во степенот кој беше развиен. Но ако докрај си ги исполнат должностите. Ние граѓаните независно од народна, партиска или било каква припадност сите имаме потреба од чист воздух, добра клима, планини богати со шуми, води, секакви растенија, плодна почва и немаме друг избор освен разбивање на дрвната мафија.
Настаните што се случуваат докажуваат за организираноста и темнината на ова злосторничко делување. Со почетокот на рациите против дрвокрадците, во делот каде живеат. Ромската населба Тризла најпрво направија серија од нереди. Прво превртеа полициска кола, после помал бунт од 200 собрани луѓе, а еве вчера бил извршен и јавен напад врз шумската полиција со тешко повредени. Ако вака реагираат, ова зборува дека бевме сосема во право кога зборувавме дека се работи за темна сила збир на штеточини кои немаат обѕир во уништувањето на нашата иднина. Таму тоа е некое занесување поблага форма на исис-мисис што се замислува дека може да го јава градот. И им успеваше поврзано со криминалците т.н. белите јакни кои седат во канцелариите. Оние кои мирно си седат и тивко си подсоработуваат и подзаработуваат со и од криминалот. Имаме во план и други потези и нема да се запира.
Ако треба и за едно дрво, за едно дрво ќе се тепаме. Бидејќи само така може да се соочиме со подмолноста и лукавоста на злосторничкиот ум.

Дрвокрадци претепале шумски полицајци во Прилеп

Патрола на шумската полиција завчера била нападната од дрвокрадци, на улицата Тризла во Прилеп, при што еден од нив бил потешко повреден и пренесен во болница заради укажување лекарска помош.

Инцидентот, како што информираа од полицијата, се случил завчера околу 18 часот, во непосредна близина на новата џамија. Попладнето Р.М., М.К. и Г.С. - вработени во шумската полиција, со автомобил "лада нива" со прилепски регистарски таблички пристигнале на улицата Тризла за каде што имале сознанија дека се врши нелегална продажба на дрва. Кога свртеле од улицата Тризла по улицата Гостиварска, биле пресретнати од поголема група граѓани, при што едно од лицата, со метална шипка ја оштетило хаубата и го скршило предното ветробранско стакло. Додека друго лице, со тврд предмет го искршило задното лево стакло од возилото, по што шумските полицајци излегле од колата. Во нападот, двајца шумски полицајци биле турнати од толпата и погодени со шишиња во пределот на главата, а третиот бил нападнат, по што останал да лежи на тротоарот. Набрзо на местото на нападот пристигнала полицијата, по што разјарената толпа избегала, а повредениот полицаец бил префрлен во Прилепската болница каде што му била констатирана тешка повреда.
Ова е втор ваков инцидент годинава, кога шумската полиција е нападната од дрвокрадци.
Полицијата работи на целосно расветлување на случајот и на утврдување на идентитетот на лицата што учествувале во нападот на шумската патрола.
 
Последно уредено:
Член од
13 септември 2008
Мислења
541
Поени од реакции
284

борбата е тешка и за мене БЕЗуспешна, прво да почнеме од совите редови, македонски шуми и нивните инжинери ја опустошија шумата, не викам за сите ама еден дел, прво и основно правило не може стручњак да изведува чиста сеча на букова шума оти таму нема више да расте таква шума или да изврши оплодна сеча во поголеми размери оти таму ке расте или врби или капини.....а борбата со сиромаштијхата во нашата држава е тешка, верувај дека тоа е борба за живот или смрт, едноставно се работи за егзистенција првенствено а потоа и за организиран криминал, ако веќе имаш на кој да реагираш, спомни му за организиран криминал на подрачјето на демир Капија, верувај проба и власта но кога вид дека се замешани свои високи функционери и на ДУИ се отргнаа од криминалот.....
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.120

Ова е страшно, организирана криминална банда, која на акциите на полицијата за стопирање на криминалот одговара со организиран физички напад врз полиција. Тоа збори колку биле „одомаќинети“ овие криминалци во криминалот што го прават.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@jamajka
Не е така како што вели Дневник
@sardaukar го опиша настанот вака

„ Попладнето Р.М., М.К. и Г.С. - вработени во шумската полиција, со автомобил "лада нива" со прилепски регистарски таблички пристигнале на улицата Тризла за каде што имале сознанија дека се врши нелегална продажба на дрва. Кога свртеле од улицата Тризла по улицата Гостиварска, биле пресретнати од поголема група граѓани, при што едно од лицата, со метална шипка ја оштетило хаубата и го скршило предното ветробранско стакло

Јас ова го разбрав вака:
Граѓаните, неможејќи да купат легално огревно дрво, бидејќи во складовите на Македонски шуми нема дрво - Се обиделе да купат дрво од дрвокрадци. Тогаш дошла шумската полиција да ги попречи да на тој начин се снабдат со дрво.
Тоагаш избувнал бунт на граѓаните со последици кој се опишани во Дневник
На шумската полиција не и е место по градовите. Што барале тие таму? Можеби сакале да го запленат ова дрво за себе и тие самите да се снабдат со огрев
 
На тебе повеќе не трошам ни буква да ти пишувам ни секунда да те читам.
Не ми се обраќај повеќе.[DOUBLEPOST=1444049384][/DOUBLEPOST]
борбата е тешка и за мене БЕЗуспешна, прво да почнеме од совите редови, македонски шуми и нивните инжинери ја опустошија шумата, не викам за сите ама еден дел, прво и основно правило не може стручњак да изведува чиста сеча на букова шума оти таму нема више да расте таква шума или да изврши оплодна сеча во поголеми размери оти таму ке расте или врби или капини.....а борбата со сиромаштијхата во нашата држава е тешка, верувај дека тоа е борба за живот или смрт, едноставно се работи за егзистенција првенствено а потоа и за организиран криминал, ако веќе имаш на кој да реагираш, спомни му за организиран криминал на подрачјето на демир Капија, верувај проба и власта но кога вид дека се замешани свои високи функционери и на ДУИ се отргнаа од криминалот.....
Борбата со сиромаштијата и преживувањето започна односно порасна токму тогаш кога се започна со големо непочитување на законите. Криминалот сите нас не ограбува и не осиромашува. Таа борба против сиромаштијата нема да ја добиеме, туку ќе биде уште полошо ако не се притисне за законите да се исполнуваат. Нема друг излез.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На тебе повеќе не трошам ни буква да ти пишувам ни секунда да те читам.
Не ми се обраќај повеќе.
.
Искрено ми е жал што те повредив, ти се извинувам најискрено
Јас немав намера да те повредам на било кој начин
Но шумската полиција нема надлежност да дејствува во градовите.
Еве кој се надлежности на шумската полиција.:
Член 81 1) Чувањето на шумите во државна и во приватна сопственост го врши шумска полиција. 2) Средствата за финансирање на шумската полиција се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија. Овластувања во шумската полиција Член 82 1) Припадниците на шумската полиција особено се овластени да: - ја чуваат шумата; - интервенираат; - ги спречат и да ги легитимираат или да ги приведат лицата затечени во вршење на прекршоци казниви по овој закон, или кривични дела што се однесуваат на шумите, или за кои постои основано сомневање дека извршиле такви дела; - вршат преглед на сите средства со кои се превезува или пренесува дрво и други шумски производи, на сите места каде што се чува дрво и други шумски производи; - вршат привремено одземање на предмети и средства со кои е извршено кривично дело или прекршок и предметите што настанале или се присвоени со извршување на такво дело и - ја следат и известуваат за состојбата на шумите во врска со бесправните сечи и шумските кражби, шумските пожари, растителните болести, шумските штетници, како и други непогоди и да ги известуваат надлежните органи за противправното превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k 31 присвојување на шуми и шумско земјиште, а против прекршителите покренува постапка пред надлежен орган. 2) Превозот на одземените предмети и средствата од ставот 1 алинеја 5 на овој член, ако за тоа е потребно, се врши со превозно средство на корисниците на шумата. 3) На контрола на шумската полиција подлежат сите субјекти што стопанисуваат со шумите, други правни лица и граѓаните кои се должни на припадниците на шумската полиција да им овозможат извршување на нивните овластувања. 4) Правилата за вршење на работите на шумската полиција ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството, во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на внатрешни работи
http://www.mkdsumi.com.mk/pdf/Zakon_za_sumite_64_22052009.pdf
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.298
Поени од реакции
78.972
откога албанците не условуваат за да влеземе во шума ни викат да им пуштиме пат до нивните демек кории, тоа се случлува на големо во велешко, скопска црна гора, кичевско итн. се дешавало по три недели да ни го држат булдожерот во нивните села се додека не дојде некој од влада да им обека дека ке се прави пат и тоа асфалтен, тоа се субјективните причини
Ај немој да лажеш, ВМРО нема шанси да дозволи вакво нешто. Тие ја држат целата судска власт, имаат дури и спрат у полиција. Со таква силна патриотска партија, ова што го пишуваш е невозможно. Провери си ги информациите.

решение не гледам сите се корумпирани, и шумска полиција и обична и гранична иако сите иамт надлежности,
Извини ама Македонија си е правна држава во која владее правото и законите, ова е за неверување дека кај нас е така. :neetaka: Нема шанси ова.

Да не си платен од некого вака да пишуваш?
Сорос можда?
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
541
Поени од реакции
284
Ај немој да лажеш, ВМРО нема шанси да дозволи вакво нешто. Тие ја држат целата судска власт, имаат дури и спрат у полиција. Со таква силна патриотска партија, ова што го пишуваш е невозможно. Провери си ги информациите.

Извини ама Македонија си е правна држава во која владее правото и законите, ова е за неверување дека кај нас е така. :neetaka: Нема шанси ова.

Да не си платен од некого вака да пишуваш?
Сорос можда?
добар си, добааар, значи се согласуваме, поздрав
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Огревното дрво го нема, граѓаните во очај пред зимата
4 October, 2015 - 18:34

Кој се грее на македонско огревно дрво? Државата го сече и продава. Шумите ги снемува, полицијата апси дрвокрадци, а се зборува за бизнис од вртоглави десетици милиони евра. Но, на „далечниот исток“ од земјата, како што вели дедо Арсе од село Добрево никој не видел ниту пак може да купи огревно дрво. 30 години минал во окната на пробиштипските рудници сега заработува со секирата. Ги сече туѓите дрва, но не и неговите.

Заради оваа куќа и 8-те месеци помалку стаж за него нема ниту пенезија, ниту социјално, а ниту дрва кои државата ги нуди како социјална мерка. Додека дедо Арсе прибира што ќе најде, скопските шпорети голтаат се и сешто.

Каде завршија 600 илјади кубни метри даб, бука и габер. За работата на јавното претпријатие сведочат соголените ридови, а за недостатокот празните складови.

Секое утро на вработените им започнува со толпа гневни граѓани, кои платиле однапред. Чекаат со месеци, добиваат изговори.

Директорот на Македонски шуми, Жарко Караџовски порачува граѓаните да бидат трпеливи. Полните затвори со дрвокрадци се причина за поголемата побарувачка на легално дрво.

Во недостаток од државно дрво, граѓаните се обраќаат до приватните складови. Тие во овој период се преполни. Не сакаа да ни објаснат од каде ги набавуваат. Еден кубен метар продваат за 3600 до 4000 денари додека оние државните што ги нема чинат 2454 денари за даб и 2370 за бука, плус 150 денари транспорт за секој кубик. Сепак, македонските граѓани во просек трошат 800 илјади кубни метри легално дрво, што е повеќе од произведената и увезена количина.

Граѓаните обвинуваат дека државата прави бизнис, македонското дрво го извезува, а домашниот пазар се снабдува со увезено од Србија, по многу повисока цена. Караџовски ги отфрли овие обинувања. За само 20 дена се исечени дополнителни 60 илјади кубни метри кои треба да завршат на домашниот пазар. Владата пред 8 години ја утврди цената. Направи олеснувања за социјалните категории граѓани, а им даде предност на пензионерите. Додека дедо Арсе и граѓаните со слични проблеми се жалат дека нема дрва, македонски шуми пред две години вработи нови 1 600 луѓе, најави помасовна сеча и навремена испорака.

Павле Беловски

статијата и видео

Во видео исечокот слушнете ја изјавата од директорот на „Македонски Шуми“. Колку јадни и бедни изговори. Откако постои Република Македонија ова е прв пат да има недостаток на огревни дрва. Сега малце фатија нешто дрвокрадци и тие биле виновни, односно затоа што дрвокрадците биле во затвор и не го снабдувале населението на црно, затоа се појавил недостаток на дрва. Како порано имаше доволно огревни дрва, а пред 2 години вработивте нови 1700 лица. Кажи каде ви замина огреновото дрво? Да ти биде жал затвор да го пратиш.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Директорот на Македонски шуми, Жарко Караџовски порачува граѓаните да бидат трпеливи. Полните затвори со дрвокрадци се причина за поголемата побарувачка на легално дрво.
:pos:
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Полицијата поднесе три кривични пријави против шест лица од акцијата Гора
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје постапувајќи по оперативната акција Гора во текот на минатиот месец, до ОЈО Скопје во три поединечни случаи поднесе три кривични пријави против шест лица кои сториле 11 кривични дела и направиле штета од над 180.000 денари, а притоа бесправно исекле 26 метри кубни огревно дрво

Минитерството за внатрешни работи соопшти дека во првиот случај поднесена е кривична пријава против лицата Х.Л. (49) и Ф.Л. (38) двајцата од Скопје. Пријавените од туѓа шума бесправно исекле дабово огревно дрво во количина од четир м 3 , по што иако знаеле дека дрвата не биле жигосани и дека не поседувале испратница за нивен транспорт, ги натовариле во товарно моторно возило „Застава“ без регистерски број и се упатиле кон село Таор. Но набргу биле забележани од полициски службеници на единицата АЛФА и им била извршена контрола на возилото и огревните дрва кои што ги превезувале, по што откако било утврдено дека дрвата не се обележани со жиг и дека не поседувале соодветна документација, пријавените заедно со возилото и натоварените огревни дрва биле однесени во Полициската станица Гази Баба каде биле одземени возилата и дрвната маса, а за настанот била известена шумска полиција.
Од страна на шумската полиција на првопријавениот му е изготвен платен налог за наплата на глоба, записник за постапување на порамнување и пријава за прекршок. Со наведеното, пријавените ја оштетиле заедницата за 28.000 денари.
Од извршените проверки во евиденцијата за моторни возила на МВР на РМ утврдено е дека моторното возило марка Застава не евидира во евиденцијата за моторни возила на МВР на РМ, а за истото возило првопријавениот известил дека го купил во отпад и дека не поседува регистарски таблици, сообраќајна дозвола ниту договор за купопродажба на моторно возило.
Во вториот случај кривичнопријавени се лицата, С.С. (32) од Куманово, и Ј.Н. (27) од Скопје. Првопријавениот како управител на правно лице Друштво за производство, трговија и услуги „СОКОЛ-АРС КОМ“ ДООЕЛ село Гошинце, општина Липково, противправно присвоил бесправно исечено, од туѓа шума, мешано огревно дрво, даб и габер во количина од 16 м3. Од таа количина 15 отсто, односно 2,4 м3 биле жигосани, но со жиг со број што воопшто не фигурирал во документацијата на фирмата за набавка на таква дрвна маса. С.С. со намера да изврши легален превоз на бесправно исечената дрвна маса од неговиот склад за дрва во село Гошинце до купувач од село Сарај,-Скопје, изготвил и со свој потпис и службен печат заверил испратница во која внел невистинити податоци дека наводно цела количина на дрва, односно најмалку 80 отсто е жигосано со жиг и дека ја издава за сметка на одобрение за сеча иако по истото немал извршено набавка на дрвна маса. Така изготвената испратница му ја дал на второпријавениот кој откако ги натоварил дрвата во товарно моторно возило “Мерцедес“ сопственост на друго лице од Скопје, се упатил кон домот на купувачот, но на обиколницата во правец Радишани кон Мирковци бил забележан и запрен од страна на полициски службеници од АЛФА. При контролата Ј.Н. ја приложил невистинитата испратница како вистинска, како доказ дека превозот на дрвната маса е легален, но откако при увид во истата било утврдено дека натовареното огревно дрво е недоволно жигосано со јасно видлив шумски жиг и поради сомнение дека дрвата потекнуваат од бесправна сеча, веднаш била повикана шумска полиција од чија страна била извршена контрола и мерење на дрвната маса и од Ј.Н. била одземена испратницата и предадена на СВР Скопје.
Второпријавениот од страна на единицата АЛФА бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Чаир, каде од него е одземено моторното возило и дрвната маса Со наведеното, пријавените ја оштетиле заедницата за 112.000 денари.
Во третиот случај кривична пријава е пондесена против лицата Ј.Џ. (44) за С.Ш. (45) и двајцата од Скопје. Првопријавениот како референт за користење на шуми и дотур (манипулант) во ШСЕ „Скопска Црна Гора“, ПШС Караџица Скопје при ЈП Македонски шуми – Скопје, ја злоупотребил својата службена положба и овластување овозможувајќи му на С.Ш легален превоз на над шест кубни метри прва класа на буково огревно дрво инаку претходно бесправно исечени. Истовремено Ј.Џ. искористувајќи ја својата службена положба делумно ги жигосал дрвата со жиг и изготвил и со свој потпис и службен печат заверил испратница во која внел невистинити податоци, дека наводно се превезуваат 5 м3 дрво даб-мешано, а не 6,1 м3 бука „I класа“. Притоа и издаденото одобрение за сеча што го изготвил Ј.Џ. содржело други имиња и се однесувало за сеча во друга катастарска парцела, а не за КП наведена во одобрението, како и дека превозник е Р.Ш. (сопственик на ТМВ) иако тој воопшто и не бил присутен на самото место.
По ова С.Ш. со возилото се упатил кон Скопје, но на магистралниот пат Скопје-Блаце во близина на место викано Стенковец бил сопрен од страна на полициските службеници од Полициската станица Чаир. При извршениот преглед и контрола на возилото второпријавениот ја употребил предметната испратница како вистинита, но откако од страна на полициските службеници било утврдено дека натовареното огревно дрво нема доволно втиснати жигови, второпријавениот бил лишен од слобода и заедно со возилото и дрвната маса бил предаден во Полициската станица Чаир.
Од страна на шумската полиција при ШПС – Скопје била извршена контрола и мерење на дрвната маса во возилото за што бил сочинет записник. Во ПС Чаир од второпријавениот е одземено возилото заедно со огревното дрво и предметната испратница, се предадени на шумска полиција. Со наведеното, првопријавениот му овозможил на С.Ш. да се стекне со противправна имотна корист во износ од 17.507 денари а од друга страна за тој износ го оштетил ЈП Македонски шуми-ПШС Караџица, а воедно двајцата пријавени ја оштетиле заедницата за износ од 42.700 денари по основ на причинета штета во шума за противправно исеченото огревно дрво.
Во текот на август и септември годинава во рамките на оперативната акција Гора СВР Скопје поднесе вкупно 8 кривични пријави против 53 лица за постоење основи на сомнение за сторени 20 кривични дела. Само со сторените кривични дела за овие два месеци пријавените ги оштетиле заедниците за над 13 милиони денари, а бесправно биле исечени околу 1.872 метри кубни огревни дрва.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom