Пустошењето на шумите во Македонија

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Причината за оваа катастрофа е повеќе од видлива...

1. Лоша организациската поставеност на ЈП "Македонски шуми". Ситуацијата никогаш не била розова од основањето во 1998 но, осетно се влоши во последните 5-6 години.

2. Партиска пералница на пари, од тендери, до партиски вработувања и непрофесионални функционери, до заеми и кредити, до шурување со сопствениците на приватните складови и трговците со дрвни материјали..

3.Имањето ресурси и можности, но немање на желба да се спречи кражбата на дрва... Вие сте повеќе од наивни ако верувате дека некој во предизборни години (а избори има на секои две години) ќе се зафати со разрешување на проблемите и ќе тргне во судир против своите потенцијални гласачи..

Врти, сукај политиката фактор бр.1 за катастрофалната ситуација.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.578
Ова е организиран криминал..Коњите за некој ден им ги вратија... нормално...
И БИДУВА ЛИ ДРЖВА ОД ОВАА ВУЈКОЈЕБИНА?
Фали уште да идеш и да им свирнеш метак у чело и после цел живот да лежиш у апсана....
ти ебам државата ти ебам
Полицаец на кого дрвокрадец му пресекол пат со кола и пукал е суспендиран, имаше пред некоја година ...
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Добро поткрепен и поучен напис:

Скопје ќе биде загадено сè додека не го врати урбаното зеленило
Урбаното зеленило и неговото уредување не смее да се гледа само од естетски, туку и од еколошко-урбанистички аспект.


Во населбите кадешто има паркови или парк-шуми загаденоста на воздухот е за два до три пати помала од другите делови на градот. Зелените растенија служат како сигурен простран филтер, кој квалитативно го чисти воздухот од гасовити и аеросолни примеси. Затоа, бесмислено е да се пристапува кон донесување мерки за намалување на загаденоста, ако паралелно со тоа, наместо зголемување на зелените градски површини, тие се намалуваат, се оштетуваат и се деградираат. Бетонска стерилна „џунгла“ e застарен приказ за една модерна урбана средина.

Според официјалните податоци на ЈП Паркови и зеленило, Скопје има 4.131.352 квадратни метри зелена површина, односно 12,7 квадрати по жител доколку се пресметува според последниот национален попис од 2002 година. Овие податоци се однесуваат на Скопје без Водно и вонградското зеленило. Премалку за урбана средина што постојано се развива, се гради, се дообликува и се изменува и далеку од европскиот просек и од препораките за 25 метри квадратни по жител.

Во изминативе десетина години, ставот на градската управа стана кристално јасен: градежните проекти и зафати доаѓаат први, пред грижата за урбаната екологија на градот. За само една година, бројот на зелени површини и дрвореди е драстично намален поради приоритетните градежни инфраструктурни и козметички зафати во градот за чија ефикасност и ефективност сè уште се дебатира, а јавноста од надлежните бара одговори за нивната оправданост. Информациите за доделување средства за обновување на градското зеленило и креирање на т.н. зелен катастар сега веќе се чини дека се исклучиво про-форма. Платформата „Скопје расте” веќе утврди дека зелените површини во централното градско подрачје во изминатите години драстично се намалени.

„Пазарскиот” пристап на садење дрвја што се применува кај нас - исечи едно старо, засади две нови, не само што е неправилен, туку е апсолутно бесполезен. Апсурдно е да се очекува дека еден мал неразвиен насад од чемпрес (кој не успева поради несоодветното време на садење и неговата подоцнежна нега), ќе придонесе колку и исечениот 30 годишен костен. И тоа не е само заради чистиот воздух. Едно стебло во урбан парк може да претставува живеалиште на голем број видови птици, лилјаци и инсекти. Значењето на едно стебло од аспект на биодиверзитетот доаѓа од големината на неговата крошна. Колку крошната е поголема, толку е поголем неговиот биодиверзитет . Староста на дрвото и површината што ја зафаќа се значајни факти што придонесуваат за живот во него (Tyrväinen et al. 2005). Живиот свет во урбана средина не е исклучен од неа, туку придонесува за нејзиниот квалитет. Дел од жителите на крошните претставуваат биоконтролори на штетните за човек видови или, пак, паразити. Богат урбан биодиверзитет е индикатор за здрав урбан еко систем. Ова само говори колку не се размислува за важноста на старите дрвја и нивната предност пред новите насади.



Не само дрвјата, туку и тревниците се исклучително важни оти ја задржуваат прашината. Со непопуларните мерки на сечење стари дрвја дополнително се раскопуваат и тревнестите површини за да се насадат нови, со што дополнително се уништуваат зелените површини и се врши механички притисок на почвата. Тревата содржи 6 пати повеќе прашина отколку почвата којашто не е покриена со зеленило. И најмало зеленило ја намалува градската запрашеност за 30-40 отсто.

Чуму урбано зеленило?

Градското зеленило има посебна еколошка функција во градот затоа што ги ублажува климатските екстреми, го забрзува проветрувањето на населбите, штити од бучава, претерана изложеност на сонце и ветрови, го прочистува воздухот и ја апсорбира прашината и штетните гасови; ја регулира влажноста на воздухот и температурниот режим на населбите; ја подобрува микроклимата на градската територија, создава услови за одмор на отворен воздух, ја штити почвата, зградите и тротоарите од прегревање итн. Основни елементи на градското зеленило се: парковите, градините, озеленетите територии во станбените и индустриските зони, крајбрежни локации, булеварите, скверовите, заштитните зелени зони, парк шумите и во приградската зона (во широчина од 5 до 20 км).

Урбаното зеленило има важна улога во заштитата од загадувањето. Тоа апсорбира загадувачки гасови и прашина. Зеленилото го штити градежниот простор од прашина на тој начин што ја намалува силата на ветерот, па прашината веднаш се таложи на тлото. Зеленилото е особено ефикасно при отстранување на крупните честички, (Прелиќ, 2006).

Во деловите со интензивно зеленило (паркови, парк-шуми) загаденоста на воздухот е за два до три пати помала од другите делови на градот. Зелените растенија служат како сигурен простран филтер, кој квалитативно го чисти воздухот од гасни и аеросолни примеси.

Урбанизацијата не влијае само на зеленилото во централното градско подрачје и на неговата периферија, туку и на сите други шумски и природни ресурси надвор од него (Konijnendjik et al.2005). Урбаното зеленило влијае и врз климатските услови во еден град. Еден градски парк со димензии од 10 хектари ја намалува температурата во околината за 1 C° (Tyrväinen et al. 2005). Секако дека урбаното зеленило не влијае само на физичкото, туку и на психичкото здравје и не треба посебно да се нагласува дека парковите, шумите и градското зеленило делуваат смирувачки и го стабилизираат емоционалното здравје на населението.

Нема чист воздух без зголемување на зелените градски површини

Унапредувањето и зголемувањето на површините под урбано зеленило не се само локална, туку и светска потреба. До 2050 година, 6,3 милијарди луѓе ќе живеат исклучиво во урбани заедници, со што потребата од зелени површини ќе се зголемува и ќе се остварува преку тревести улици, мали урбани градини, езерца и садници.

Грижата и унапредувањето на градското зеленило во Скопје и другите урбани центри во државата директно ќе влијае на решавање на можеби најголемиот национален еколошки проблем со кој се соочуваме изминативе години - загадениот воздух. Бесмислено е да се пристапува кон донесување мерки за намалување на загаденоста, ако паралелно со тоа, наместо зголемување на зелените градски површини, тие се намалуваат, се оштетуваат и се деградираат. Бетонска стерилна „џунгла” e застарен приказ за една модерна урбана средина.

Сите, а најмногу надлежните, треба да разбереме дека цивилизацискиот модерен развој на една урбана средина не се гледа само во културно-општествени објекти и градби, туку и уредени урбани шуми и паркови кои ќе придонесат за комфорен живот во неа. Урбаното зеленило и неговото уредување не смее да се гледа само од естетски, туку и од еколошко-урбанистички аспект. Креирањето на нови зелени површини и нови насади треба да се одвива во правец на подобрување на квалитетот на урбаната средина според веќе потврдени методи, а не со избрзани, неоддржани и често козметички привремени зафати.

Кирил Пржо

(Текстот е напишан во рамките на Иницијативата за дигитално граѓанство ResPublica. Оригиналната објава можете да ја прочитате тука)
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Ај сеа и вие, ќе развуиваме странски инвестиции или дрва ќе чуваме?
Зошто ни се шуми кога ионака нема да ги користиме. Ќе си работиме во странските хали за храна и облека и немаме потреба од ништо друго.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Албанија воведе десетгодишна забрана за сечење на шумите
Објавено: 05/02/2016

Албанија воведе 10 години забрана за сеча на дрва за индустриски цели, со цел да се избегне “еколошка катастрофа” во земјата...
Ako шумите се користат како што треба, не помалку туку повеќе шуми ќе има
Ako шумата не ја проредчуваш, чистиш и одржуваш таа шума ќе се упропасти
Ти даваш пример Албанија, но погледни го примерот на Австрија
http://www.basisbioenergy.eu/fileadmin/user_upload/Metschina.pdf
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Ај сеа и вие, ќе развуиваме странски инвестиции или дрва ќе чуваме?
Ние се шегуваме, но уништувањето на шумите непосредно или преку создавање на таква некултура кај луѓето е навистина едно од глобалистичките средства за одземање на слободата на народите. Бујната природа му овозможува на луѓето самостоен живот. Уништена и сиромашна природа, за преживување наметнува потреба од приклонување кон индустриската цивилизација, која е во рацете на управувачите со парите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Ние се шегуваме, но уништувањето на шумите непосредно или преку создавање на таква некултура кај луѓето е навистина едно од глобалистичките средства за одземање на слободата на народите. Бујната природа му овозможува на луѓето самостоен живот. Уништена и сиромашна природа, за преживување наметнува потреба од приклонување кон индустриската цивилизација, која е во рацете на управувачите со парите.
Апсолутно точно. Не можам повеќе да се согласам.

Негрижата за дрвјата и уништувањето на шумскиот фонд, го ставам на многу високо место во листата на гревови на власта. Многу повисоко од други извикани гревови и повиско колку што критичката јавност му придава значење на овој злостор.
Тоа тешко се поправа и повлекува многу други зла, за кои кога ќе не стрефат, ќе се чешаме и чудиме. Да не почнам да набројувам.
Ова со дрвјата и шумите е една од најстрашните работи, толку многу подценета, не само од кратковидата власт, туку и од сите други.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Зашто секогаш ги искривувате работите?.

Ако неконтролирано како што тврдите дека се сечат дрва ви предлагам да се прошетате низ Македонија па да увидите колку приватни плацеви има останато,дали полесно се контролира еден лиценциран субјект за сеча и дистрибуција на огревно дрво или секој кој има трактор и моторна пила без лиценца неконтролирано без надоместок на државата а за споствена корист да сече и дистрибуира огревно дрво.

Патем имам сопствена шума а кога сум се греел на дрва секогаш кога сум имал потреба сум ги плаќал давачките на државата па сум добивал дозвола за сопствени потреби да сечам дрва со обврска толку колку што ќе пресечам толку да засадам.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Во принцип не се согласувам
Ако дрвата не ги користиме не значи дека се грижиме за шумите
Сечењето на дрво, проретчување на шумата, одстранување на паднати гранки е корисно за шумата
Во Австрија главно гориво за затоплување на градовите е дрвото и не гледам што има штетно ако и кај нас го користиме дрвото
Во Македонија има преку 900 илјади хектари под шума. Тоа е природен прираст на шуми околу 5 милиони кубици. А користиме само 500 илјади
https://mk.wikipedia.org/wiki/Географија_на_Македонија#.D0.A8.D1.83.D0.BC.D0.B8
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Зашто секогаш ги искривувате работите?.

Ако неконтролирано како што тврдите дека се сечат дрва ви предлагам да се прошетате низ Македонија па да увидите колку приватни плацеви има останато,дали полесно се контролира еден лиценциран субјект за сеча и дистрибуција на огревно дрво или секој кој има трактор и моторна пила без лиценца неконтролирано без надоместок на државата а за споствена корист да сече и дистрибуира огревно дрво.

Патем имам сопствена шума а кога сум се греел на дрва секогаш кога сум имал потреба сум ги плаќал давачките на државата па сум добивал дозвола за сопствени потреби да сечам дрва со обврска толку колку што ќе пресечам толку да засадам.
Не ти ја сфаќам поентата.
Независно дали се сечи од поединци приватно, организирано од шумска мафија или институционално, како и да е тоа значи дека нема доволно државна контрола над уништувањето на шумите. А ако тврдиш дека нема незаконска сеча во голем обем, тогаш одиш против изјавите и на самите институции.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Не ти ја сфаќам поентата.
Независно дали се сечи од поединци приватно, организирано од шумска мафија или институционално, како и да е тоа значи дека нема доволно државна контрола над уништувањето на шумите. А ако тврдиш дека нема незаконска сеча во голем обем, тогаш одиш против изјавите и на самите институции.
Целата контрола на сеча и дистрибуција ја имаат Македонски шуми
Ако порано цело село неконтролирано сечело дрва сега се 2-3 еве нека се и 10 души од тоа село
И колу пати на телевизија кажале дека заплениле некое комбе или камион со дрва
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
541
Поени од реакции
284
Во принцип не се согласувам
Ако дрвата не ги користиме не значи дека се грижиме за шумите
Сечењето на дрво, проретчување на шумата, одстранување на паднати гранки е корисно за шумата
Во Австрија главно гориво за затоплување на градовите е дрвото и не гледам што има штетно ако и кај нас го користиме дрвото
Во Македонија има преку 900 илјади хектари под шума. Тоа е природен прираст на шуми околу 5 милиони кубици. А користиме само 500 илјади
https://mk.wikipedia.org/wiki/Географија_на_Македонија#.D0.A8.D1.83.D0.BC.D0.B8

точно си ја разбрал проблематиката, ако не се користат тие дрвја сами од себе ќе се проретчат, зошто да не ги искористиме. Јас ти давам пример ако на хектар во нултата година има 5000 садници подмладок за 150 години ќе станат околу 100, зошто во меѓувреме не искористиме 500 кои и онака ќе се скапат по пат на природна селекција[DOUBLEPOST=1454798576][/DOUBLEPOST]моето искуство вика вака
1. во глобала Македонски Шуми врши стручно и одговорно користење на шумите, со мали исклучоци на раководен кадар кој повеќе од нестручност има нанесено штети од помали размери ама сепак не е за оправдување, јас би ги пратил во затвор
2. По пат на криминал ја запалија боровата шума во битола само за добивање на брикети за фирма од Струмица, друго палење на борова шума е за користољубие за добивање печурки кои се јавуват после пожар.
3. сечење на шумите за криминални срвхи, читај најмногу изразено од ѓупците во прилеп и струмица, а организиран криминал има во демир капија, виничко и беровско, додека од албанските банди во велес, тетово, кичево и најмногу скопско, сите шуми се регенерират сами, но ако е изведена сеча многу ниско близу до корен, секоја сеча на дабова шума повисоко над 50 од коренот е пустошење на шумите и таа шума е за навек изгубена квалитативно, Додека чиста сеча на букова шума е најголемиот криминал, бидејки подмладокот што ке го пушти ке биде од вегатативно потекло(не од семе) и тоа е квалитативно послаба шума, со можност и да не стане веке букова шума, бидејки подмладокот од бука во младоста сака засена, значи букова шума не се сечи Голосек, освен асоцијата на субалпска бука, читај во највиското
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom