Пустошењето на шумите во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата sardaukar
  • Време на започнување Време на започнување
Eве во Нова Македонија е објавен напис за најновите успеси во борбата против дрвокрадците. Пет кривични пријави против 47 лица
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=52060
За првиот случај во написот може да се прочита: - лиценцирано лице за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост и во својство на сопственик и управител на друштво за трговија и услуги во текот на мај, јуни, јули и октомври минатата година, спротивно на одредбите од Законот за шуми при постапување по барањa за издавање одобрениja за сеча поднесени од останатите 42 кривично пријавени лица за катастарски парцели во катастарските

А вториот и третиот случај се „ бисери “, едниот купил 5 кубика дрва на кој нема жиг, а другиот украл веќе исечени дрва

Во вториот случај кривично пријавено е лице од Скопје за сторењно кривично дело прикривање. Пријавениот кон крајот на јули годинава купил огревни букови дрвја во количество од 4,2 кубни метри, по цена од 2.500 денари за кубен метар иако при купопродажбата увидел дека огревните дрва не биле жигосани со јасно видлив шумски жиг,
Во третиот случај, стои во соопштението од МВР, пријавено е лице од Скопје за сторено кривично дело кражба. Пријавениот во текот на годинава откако претходно од туѓа шума одзел бесправно исечени букови и дабови дрва и ја оштетил заедницата за износ од 52.500 денари.
 
ТВ - Алфа известува за нови успеси во борбата против дрвокрадците:
„Така жител на скопско Црешево украдените два кубика даб си го складирал во дворот, а друг пак за истата количина која на пазарот чини околу 250 евра го бркале полициските Алфи. Дрвото го носел во возило марка Форд Транзит, а Алфите го пресретнале кај селото Брњарци. Брканицата траела до населбата Синѓелиќ кога крадецот излегол од возилото кое без возач удрило во бетонски ѕид.

Третиот дрво крадец седум кубика си ги наредил во викендицата, а штетата од кражбата е близу 1000 евра. Но полицијата гони и такви кои иако знаеле дека дрвото е украдено сепак го купувале, по цена многу помала од реалната. Така дрво кое чини од 3000 до 4000 денари, без жиг го купувале за 2500 денари. “
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=98865#.VfA2ydKqooI
 
Пред почеток на грејна сезона мачкање очи со ситни дрвокрадци за да можат МШ да прават малверзации и криминал во милјони евра.

Каде може во сопствена корија за сопствени потреби да не смееш 3-5m3 да си пресечеш?
 
Еве уште една акција против дрвокрадците овој пат во Берово:

„Поради, бесправна сеча на три кубни метри дрво, полицијата поднела кривична пријава за кражба против беровците М.К.(30), С.К.(31) и З.М.(35). “

http://tocka.com.mk/1/170009/trojca-berovci-dobija-krivicna-za-bespravna-seca-na-drva

Има акција и во Штип
Имено по преземените мерки од страна на полициските службеници од СВР Штип, откриени и приведени се осум лица , одземени се 6 возила и предмети со кои групата и поедници го вршеле транспортот на исечените дрва и одземени се 25 м/3 нелегално исечени дрва.

http://sky.mk/makedonija/444821-nelegalna-secha-na-plachkovica-mvr-so-krivichni-prijavi
 
Му текнало ли на некој дека дојден е денот да ги превземе работите во свои раце?Не ли гледате дека абер нема од пријавување, апелирање?
Кога институциите не функционираат, наша должност е сами да си го решиме проблемот.
 
Последно уредено:
Последно уредено:
Дај Боже состојбата да се подобри, но од претходните искуства нема да верувам се додека на терен не се видат измени.
Затоа што живееме во време каде во гласилата може да се претстави цела војна, а во стварност да нема ништо.
Завчера бев во делот каде што се сечи шумата, и работата си тече слободно без никакви препреки од страна на полиции, шумари и слични наводни установи. Толку слободно што за првпат видов како роми со рачни колички од планина по асфалтниот пат си туркаат дрва за по дома. Тоа значи патот им е целосно ослободен и сите одговорни ги свртеле очите настрана. Наместо таму каде што општопознато е најголемата кражба, тие се свртеле да гледаат во страни каде ништо не се случува.
 
Meдијумите известуваат за нови успеси во борбата со дрвокрадците
http://mrt.com.mk/node/2591
Акција „Гора“: Фатени седум лица кои вршеле незаконска сеча

Им биле одземени три патнички возила, три моторни и две рачни пили и околу 5 метри кубни огревно дрво...

Сега првпат слушам за оваа акција „ Гора “
 
Ова навистина охрабрува. Но да почекаме да видиме дали е стварна борба против епидемиски раширеното дрвокрадење или е акција за заматкување за претходните институционални и поединечни гревови во развивањето на овој криминал. И ако е искрено да видиме колку е одлучноста до каде ќе се оди во расчистувањето.
Во секој случај според силите треба да се продолжи со граѓански храбро дејствување за спречување на овој криминал кој ни прави огромни штети.

Во off.net.mk го објавиле написот кој им ги испратив поврзано со уништувањето. Иако тогаш проверував на време не сум приметил. Дури сега забележав дека уште на 7 септември го објавиле.
http://off.net.mk/pisma-na-chitateli/shumski-pisma-na-chitateli
 
Последно уредено:
повелете прашајте ме било што, доволнмо сум упатен во тамтикава. Вработен сум во Мак Шуми што сакате ке ви кажам и добри и лоши страни, не кријам јас ништо, само не можам да ви кажам од дека сум
 
повелете прашајте ме било што, доволнмо сум упатен во тамтикава. Вработен сум во Мак Шуми што сакате ке ви кажам и добри и лоши страни, не кријам јас ништо, само не можам да ви кажам од дека сум
Кога почна да се намалува сечата на дрво во Македонски шуми?
 
повелете прашајте ме било што, доволнмо сум упатен во тамтикава. Вработен сум во Мак Шуми што сакате ке ви кажам и добри и лоши страни, не кријам јас ништо, само не можам да ви кажам од дека сум

Ме интересира како може да се измасакрира до толку националниот парк Маврово,и како е можно некој да дозволи таква сеча на дрва во национален парк. Нели забрането е да се скрши гранче а не пак да се исече четврт шума?
Пред околу месец дена бев на излет,од влезот на паркот за накај Леуново по патот диви сечачи на коњи и со моторни пили работат на велико. На самиот коловоз се оставени дрвата спремни за товарање нит се кријат од некој нит се замараат дали некој ги гледа и кој им се обраќа.
Дали има таму шумска полиција и дали воопшто на некој му е гајле што се дешава во тој дел од државава ни? Значи станува збор за отприлика 200-300 трупци цели дрва ,у кубици незнам колку е тоа ама и еден да е многу е.
 
Tие кои сега сечат се веројатно од самиот национален парк и веројатно не се диви сечали
Зошто мисли дека се дрвокрадци?
 
повелете прашајте ме било што, доволнмо сум упатен во тамтикава. Вработен сум во Мак Шуми што сакате ке ви кажам и добри и лоши страни, не кријам јас ништо, само не можам да ви кажам од дека сум
Баш добро elnino, да видиме дали може да се добие некоја корисна информација.

1. Што е проблемов за толку големо ниво на уништување на шумите?
2. Има ли план/намера наскоро ова да се сведи на прифатливо ниво?
3. Што мислиш, зошто оваа година за првпат нема доволно количини на исечени огревни дрва во складовите на Македонски Шуми?
4. Како можеме успешно да делуваме против организираното дрвокрадење и да ги сочуваме планините?
 
Кога почна да се намалува сечата на дрво во Македонски шуми?

откога албанците не условуваат за да влеземе во шума ни викат да им пуштиме пат до нивните демек кории, тоа се случлува на големо во велешко, скопска црна гора, кичевско итн. се дешавало по три недели да ни го држат булдожерот во нивните села се додека не дојде некој од влада да им обека дека ке се прави пат и тоа асфалтен, тоа се субјективните причини

а објективните е што се помалце работнба рака има читај албанци за сеча на огревни дрва, сите се иселија во италија, и никој не ти работи за таа цена, цената за пресечено и наредено дрво во шума е 196 денари за метар просторен, додека на тендер е малку поголема и се движи до 230-40, за таа цена таа тешка работа никој не ја работи[DOUBLEPOST=1443112620][/DOUBLEPOST]
Ме интересира како може да се измасакрира до толку националниот парк Маврово,и како е можно некој да дозволи таква сеча на дрва во национален парк. Нели забрането е да се скрши гранче а не пак да се исече четврт шума?
Пред околу месец дена бев на излет,од влезот на паркот за накај Леуново по патот диви сечачи на коњи и со моторни пили работат на велико. На самиот коловоз се оставени дрвата спремни за товарање нит се кријат од некој нит се замараат дали некој ги гледа и кој им се обраќа.
Дали има таму шумска полиција и дали воопшто на некој му е гајле што се дешава во тој дел од државава ни? Значи станува збор за отприлика 200-300 трупци цели дрва ,у кубици незнам колку е тоа ама и еден да е многу е.

национален парк маврово не е во наша надлежност, тие си се сами, посебни, и не е точно дека не смее нишо да се допри во национален парк само, демек е поуредено тоа, имат региони под строга заштита и таму сечата е онаа интервентна на суви стебла и слично, и тоа е 25% од паркот, додека другите се под мала заштита и можат да се Стопанисуват, шо мислиш ти дека Маврово се буџетари, си се зезнал, сами си стварат профит[DOUBLEPOST=1443113287][/DOUBLEPOST]
Баш добро elnino, да видиме дали може да се добие некоја корисна информација.

1. Што е проблемов за толку големо ниво на уништување на шумите?
2. Има ли план/намера наскоро ова да се сведи на прифатливо ниво?
3. Што мислиш, зошто оваа година за првпат нема доволно количини на исечени огревни дрва во складовите на Македонски Шуми?
4. Како можеме успешно да делуваме против организираното дрвокрадење и да ги сочуваме планините?

1. уништувањето го има од сите страни, од кривосечачи, читај мафија, намерно палење за печурки намерно палење за суровина за пелети и брикети, читај пак мафија, читај некој им плати на циганите во битола за после да си ги купи иститот човек у струмица за брикети и пелети и последното пустошење е од нас, македонски шуми не толку големо но го има, причината е инспекторите спијат

2. секогаш се сечи онолку колку е годишниот прираст на една шума или парцела, ако прирастот е 100.000м3 на госишно ниво секогаш се предвидува да се пресечи 80% од прирастот, инаку не поминува т.н. Шумско стопанска основа, читај устав за сечење

3. прво мсилам дека побарувачката е зголемена во сите градови, второ навистина овие две години обемот на сеча од Шумското е намален да речеме за 40%, причините се горе наведени во другите постови никој не сака да сече за тие пари и проблемот со албанците, не ни дозволуваат пристап во многу градови, горно долно јаболчиште, алдинци, танушевци,
една од причините е што нема млад кадар за работа во шума бидејки дрвата се дотурат претежно со мазги и коњи, и тука пак ја ставам цената која е иста и за сеча така и за дотур едни скапани 200 денари, некој со 5 коњи денес може да донесе околу 25 метри дрва, а му требат три работника, каде е зоб каде е поправање седла, јажиња

4. успешно нема, крадење ке има и организирано од внатре од инженерскиот кадар, со еден документ се крадат 5 камиони дрва, сакам само едно да ви појаснам криминалот е во огревните дрва, не е во трупот, решение не гледам сите се корумпирани, и шумска полиција и обична и гранична иако сите иамт надлежности, само спас е формирање на горска служба, специјалци со сета ратна опрема, но тоа ке предизвика социјален немир оти веруј во некои затуцани села дрвокрадството им е основна дејност на луѓето
проблем се голосечите на буковите шуми,после сечењето на стара букова шума, ако не се оставе засена за подмладокот, таму веке можеш да заборавиш дека ке порасне шума, сето ке биде капини за навек.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom