Куќа од соништата
1. Одите низ шумата. Со кого одите?
партнерката
2. Одите низ шумата. Гледате животно. Каков вид на животно е тоа?
волк
3. Каква реакција има помеѓу вас и животното?
само се погледнуваме, и си продолжуваме секој по својот пат
4. Навлегувате подлабоко во шумата. Излегувате на една ширина и пред вас се појавува вашата куќа од соништата. Опишете ја нејзината големина.
прилично голема, два спрата, третиот спрат е тераса
5. Дали околу вашата куќа има ограда?
најмалку 2 метри висока !
6. Влегувате во куќата. Влегувате во трпезаријата и ја гледате трпезариската маса. Опишете што гледате на и околу масата.
богата трпеза, најмногу морски плодови, и чоколадни специјалитети со овошје... а околу масата, сите мои пријатели, весели и безгрижни
7. Излегувате од куќата преку задната врата. На тревата има една чаша. Од што е направена чашата ( керамика, стакло, хартија , итн.)?
стакло
8. Што ќе направите со чашата?
ќе ја наполнам вино
9. Одиш по краевите на имотот, каде што се наоѓаш себе си , како стоиш пред некаква вода. Каков тип на вода е тоа ( бара, река, океан, итн...)?
океан
10. Како ќе поминеш преку водата?
нуркање, втор случај пливање
Коцка
1.Замисли си пустина и во неа замисли си коцка. Опиши ја коцката, нејзиниот изглед и големина и во која положба се наоѓа таа во однос на пустината (стои на земја, лебди во воздух итн.)
Коцката е црна, чуден тврд метал со темно зелен сјај, голема колку половина од просечен човек, и лебди на 1 метар од земјата
2.Во пустината замисли си и скала. Опиши ја.
Метална, едниот крај забиен длабоко во земја, а другиот високо во воздухот
3.Покрај коцката и скалата, замисли си и коњ. Опиши го.
Огромен коњ, црн, со црни очи, добро развиен, со долга грива и долга опашка, цврст и горд став
4.Во пустината надоаѓа олуја. Опиши што се случува со коцката, скалата и коњот.
трите остануваат на местото, недопрени, како ништо да не се случило
5.По олујата, во пустината замисли си цветови. Опиши ја сликата.
Тоа се огромни цветови, кои никнат секаде, ниски, но се гледа насекаде шаренило од бои