Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Една анализа за Sweet666

Поради тоа што ја знам и надвор од форум, ќе си земам за слобода да анализирам и од муабетите надвор. На кој не му се допаѓа тоа, нека ме тужи. :)
Многу добро, фино и коректно девојче. Дружељубива е, пријателски настроена и секогаш расположена за муабет. Една од омилените теми и се секако во Љубов и Секс, иако пишува буквално секаде. Никот на мсн и е „The Butterfly“, а и од многу слики (фотошоп енд стаф) што ги има правено се гледа дека е воодушевена од пеперутки, што индиректно укажува на тоа дека сака животни во целина. А сега со стандардниот шаблон Јузер, Аватар, Потпис, Тајтл.
Јузер: Sweet666 - Sweet затоа што си убава и слатка, што покажува дека имаш голема самодоверба, и 666, што покажува дека сепак ти си едно мало ѓаволче. Не си лоша по карактер, напротив, ова малото ѓаволче мене баш ми се допаѓа.:)
Аватар: „In this fucking days I feel fucking lonely“ - Се чувствуваш многу осамено во моментов, и тоа многу те нервира и растажува. Всушност, те нервира се’, од тоа какво е времето надвор, до тоа дека поскапеле доматите. :) Се надевам дека наскоро ќе си најдеш дечко што ќе те направи среќна.
Потпис: „My heart's a graveyard baby, and to evil we make love...“ - Твоето срце е направено како „гробишта“, т.е. си разочарана од некој или нешто. Вториот дел, на жалост, не го сконтав, и не го коментирам. :)
Тајтл: „Fire Inside“ - Одраз на твојот нескротлив темперамент и желба за брз и динамичен живот. Сакаш авантури и мали случки во животот, кои го чинат посебен. ;)

Иииии толку.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Raziel душо работничка,собрав сили да ти кажам-Ај и за мене една анализа.Поклон за плитката душа и твоја (не)пријателка Резр:)
..не се лутам,пак ќе си бидеме другарчиња што гледаат сеир од последни редови.
 
S

Sweet666

Гостин
Една анализа за Sweet666

Поради тоа што ја знам и надвор од форум, ќе си земам за слобода да анализирам и од муабетите надвор. На кој не му се допаѓа тоа, нека ме тужи. :)
Многу добро, фино и коректно девојче. Дружељубива е, пријателски настроена и секогаш расположена за муабет. Една од омилените теми и се секако во Љубов и Секс, иако пишува буквално секаде. Никот на мсн и е „The Butterfly“, а и од многу слики (фотошоп енд стаф) што ги има правено се гледа дека е воодушевена од пеперутки, што индиректно укажува на тоа дека сака животни во целина. А сега со стандардниот шаблон Јузер, Аватар, Потпис, Тајтл.
Јузер: Sweet666 - Sweet затоа што си убава и слатка, што покажува дека имаш голема самодоверба, и 666, што покажува дека сепак ти си едно мало ѓаволче. Не си лоша по карактер, напротив, ова малото ѓаволче мене баш ми се допаѓа.:)
Аватар: „In this fucking days I feel fucking lonely“ - Се чувствуваш многу осамено во моментов, и тоа многу те нервира и растажува. Всушност, те нервира се’, од тоа какво е времето надвор, до тоа дека поскапеле доматите. :) Се надевам дека наскоро ќе си најдеш дечко што ќе те направи среќна.
Потпис: „My heart's a graveyard baby, and to evil we make love...“ - Твоето срце е направено како „гробишта“, т.е. си разочарана од некој или нешто. Вториот дел, на жалост, не го сконтав, и не го коментирам. :)
Тајтл: „Fire Inside“ - Одраз на твојот нескротлив темперамент и желба за брз и динамичен живот. Сакаш авантури и мали случки во животот, кои го чинат посебен. ;)

Иииии толку.

90% точно. Фала Фантом, ама и стварно те бива за ова ;)
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Fantom treba da pocni pari da vi zema kade vaka be :) bes pari analizi da vi praj, psihijatrite od cas naplakat :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Jaс затоа што сум блиска другарка со Sweet666(иста клупа делиме) ќе пишувам отворено за неа.
Sweet666 е една од ретките луѓе што ги знам а што е презрела за нејзината возраст.Реткои од кои 16 годишни деца може да се прочитаат такви постови.По разговорите со неа,било во живо,било на МСН или па дури по нејзините постови се заклучува дека има широки погледи кон светот,размислува рационално и искрено би сакала сите мои другари и другарки да се како неа.
Username:Sweet666 - Како што веќе кажа Фантом,таа е едно мн слатко и срамежливо девојче на кое на моменти му текнуваат смешни работи и знае да те насмее.666 кај неа е еден вид на отсликување на дарбата за уметност што ја прикажува на цртежи и фотошоп дела.
Avatar:Хм...мене ми изгледа дека малку е тажна и депримирана што е сама но сигурна сум дека еден ден ќе најде човек кој што ја заслужува.
Potpis:Еден од многуте нејзини преубави потписи,пораки,топици на МСН.Искрено ни јас не го сфаќам но тоа е,девојчето си има дарба за такви работи.
Title:Оганот во неа.Хммм...Тоа е отсликување на тоа што моментално го чуствува,можеби е бесна на некого,или па сака да ја искаже својата моментална емотивна состојба.

Sweet666,не ме бива толку за пишување,кажи барем дали погодив нешто:)
 
Погоди се!Мн ми се свиѓа ова!
 
S

Sweet666

Гостин
Еве една анализа на Фантом:

Филип го знам од пред некое време, секогаш сме имале интересен разговор и секогаш без сигурна дека тој разговор останува во истиот прозорец, значи знае да чува тајни. Искрен е. Сакам да го запознаам, комуникативен е, не е срамежлив, а тоа е многу добро. Сака да биде во центар на вниманието, и од време на време вади по некоја фора со која го постигнува тоа.
Аватаров не знам како да го анализирам, ваљда во последно време е нешто доста добро расположен, па што знам...
Потписот укажува на тоа дека иако има само 16 год, знае понекогаш и другите да ги научи по нешто, паметен е доста за негови години.
А тајтлот ја покажува неговата амбициозност да ги забавува луѓето а со тоа заслужува и поголема почит кај нив.Си можел да ставиш и president :)
Знам дека е верен навивач на Челзи веќе 9 години и не се откажува од нив.Многу ги сака kiss, покрај него и јас почнав да ги ценам и слушам. Значи секогаш делува позитивно спрема другите, освен ако е изнервирам..Многу го почитувам како другар, затоа што знам дека има добра душа и секогаш знае да ме насмее. :)

Тоа е тоа.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
The Little Goddess of Absolutely No Chaos.(Сусаро ти напиша супер анализа,малку од тебе остана ебаго:))

Гетоизираноста како факт во нашето општество априори укажува на неможноста човек да се развие до врвот на своите капацитети.Малава е еден демант кој никој сеуште не го приметил.

Годес е контрадикторна.Или променлива.Според она што таа си го изградила како идеал,и го покажува овде во Бакалницава,човек добива слика на некомуникативна,резигнирана особа која како појава претставува "The downfall of mood".Напротив.Таа е разиграно,разскокано тенис-топче кое непрестано зборува,се движи и е неуморно.(Барем ја кога сум ја видел стално била таква:))Исто така би очекувале ладна персона,сурова,арогантна...тешка во секој смисол на зборот.А всушност,таа знае да биде единствениот зрак живот,свежина и наплив на креативност во одреден круг луѓе.Мене,искрено,тоа како прв впечаток ми сруши се што очекував од неа и на што се надевав од неа.Дрдорка.Бљак.Но таа дури и како таква знае да плени.Неможеш да ја мразиш.Не ти дава шанса.

Годес може да се носи со секого.На нејзин начин ги става луѓето во минорна положба и ако некој не и се допаѓа,му го кажува тоа.Годес засенува,што е чудно.Одамна не ми се случило некој да каже трипати повеќе од мене у еден муабет и на секој мој збор да додаде уште три кој го тераат мојот еден да избега во шума,расте брада,да јаде сопствени фекалии и да се самоубие оти неговиот живот немал смисла.Годес е една од ретките на кои им успева тоа.She's awesome:)

Сеуште истражува.Го опипува светот.Крајно е перцептивна(овде ќе пишев "за нејзини години" ама ти здосади нели?)и умешно знае да го пронајде скриеното нешто во секоја загатка.Или пак,не го пронаоѓа,па си создава своја замисла за како тоа би било и успешно ја лаже будалштината надвор од нејзиниот двор.Се надевам дека е свесна оти уште незнае ништо и оти самиот факт дека голта толку работи одеднаш(ЗА НЕЈЗИНИ ГОДИНИ)е премногу и ќе ја доведе до ситуација на overload,ќе се изгуби во себепронаоѓањето и на крај ќе се измори,ќе седне пред порта и ќе ги оговара грдите чевли на комшиката.I've seen wonderful people fall like that.Do not ingest.Process.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Razorblade...за тебе најобична и најпроста анализа.Hate me.

Цец.Многу друштвена,симпатична и прекрасна личност.Ако успееш тоа да го истиснеш од неа,нормално.Пу срамежливост!Кога првпат ја видов и ја прашав кој и е јузерот,вилицата ќе и паднеше додека да ми каже.Си викам:"Зар ова ништо пишува поезија?"Беше неимпресивна и здодевна.Првите два часа.После се разбуди.И полека ми се исполнија сите очекувања кои ги имав кон неа.

Цец е воздржана.Крајно повлечена во себе и самокритична.Незнам од каде тоа,ама искрено би го убил оној кој ти го навлекол тоа како вистина.И уште еднаш ако се опишеш себеси како неприментна,маргинална фигура меѓу луѓето,ќе си побијам принцип и брутално ќе те исчукам со шипка:)

Цец се движи подалеку од стадото.Не го разбира и го гледа како нешто кое е таму,е неразбирливо и неопипливо.Јас мислам дека се плаши од стадото.Се плаши дека нема да биде прифатена.Дека ќе биде исплукана.Траума.Уште една.Затоа во оној круг на луѓе кој ги знае наоѓа мала утеха,комфорт и се чувствува сигурно.Девојче заглавено во бурето на монотонијата.Штета.

Не го добива тоа што го заслужува од животот.Тој си игра со неа.Ја става на крајот на редот во чекалната.Знаејќи ја Цец,на крај ќе се тргне од редицата луѓе кои ја чекаат среќата и,уморена,ќе си седне на клупата за безнадежни луѓе.Не е борец.Не и е во крв.Брзо се откажува и остава место на некојаси шугава будала да го има тоа што и припаѓа нејзе.Кога Цец би била итра и упорна,Цец би била совршена.

Не ја заобиколувајте.Трудете се околу неа.Не за џабе ја сметам за првиот створ на форумов кој вистински можам да го наречам другарче :)
 
Член од
17 август 2005
Мислења
1.410
Поени од реакции
23
:smir: и јас би сакала една анализа од Raziel....pleeease...pretty please :)
 
Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
The Little Goddess of Absolutely No Chaos.(Сусаро ти напиша супер анализа,малку од тебе остана ебаго:))

Гетоизираноста како факт во нашето општество априори укажува на неможноста човек да се развие до врвот на своите капацитети.Малава е еден демант кој никој сеуште не го приметил.

Годес е контрадикторна.Или променлива.Според она што таа си го изградила како идеал,и го покажува овде во Бакалницава,човек добива слика на некомуникативна,резигнирана особа која како појава претставува "The downfall of mood".Напротив.Таа е разиграно,разскокано тенис-топче кое непрестано зборува,се движи и е неуморно.(Барем ја кога сум ја видел стално била таква:))Исто така би очекувале ладна персона,сурова,арогантна...тешка во секој смисол на зборот.А всушност,таа знае да биде единствениот зрак живот,свежина и наплив на креативност во одреден круг луѓе.Мене,искрено,тоа како прв впечаток ми сруши се што очекував од неа и на што се надевав од неа.Дрдорка.Бљак.Но таа дури и како таква знае да плени.Неможеш да ја мразиш.Не ти дава шанса.

Годес може да се носи со секого.На нејзин начин ги става луѓето во минорна положба и ако некој не и се допаѓа,му го кажува тоа.Годес засенува,што е чудно.Одамна не ми се случило некој да каже трипати повеќе од мене у еден муабет и на секој мој збор да додаде уште три кој го тераат мојот еден да избега во шума,расте брада,да јаде сопствени фекалии и да се самоубие оти неговиот живот немал смисла.Годес е една од ретките на кои им успева тоа.She's awesome:)

Сеуште истражува.Го опипува светот.Крајно е перцептивна(овде ќе пишев "за нејзини години" ама ти здосади нели?)и умешно знае да го пронајде скриеното нешто во секоја загатка.Или пак,не го пронаоѓа,па си создава своја замисла за како тоа би било и успешно ја лаже будалштината надвор од нејзиниот двор.Се надевам дека е свесна оти уште незнае ништо и оти самиот факт дека голта толку работи одеднаш(ЗА НЕЈЗИНИ ГОДИНИ)е премногу и ќе ја доведе до ситуација на overload,ќе се изгуби во себепронаоѓањето и на крај ќе се измори,ќе седне пред порта и ќе ги оговара грдите чевли на комшиката.I've seen wonderful people fall like that.Do not ingest.Process.
не ја имаш сфатено суштината на 'Goddess of Chaos' ко ник, но само тоа :).
ме пресмеа.
ама ооодлична поента на крајот, ќе се потрудам.
па всушност ние wonderful луѓето не смееме да си дозволиме пад, оти без нас тебе ќе те зграпчи и одвлечка твоето шовинистичко друштво :vozbud:.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom