Тинуле се нафати првата псхихоанализа да и биде на
GoD.hateUSaLL
Да напоменам дека не ме бива ама ај
На што ви асоцира никот? -Атеист.
Самиот ник си кажува зашто уствари се зачленил на форум.
Мислиш дека си поткрепен и дека тоа што го правиш е исправно, но сепак те мрзи да истражуваш толку длабоко, те интересира, ама не до толку многу. Еден од поредовните посетители на Религија си. Дали само сакаш да се докажеш таму, или навистина тооолку те интересира религијата?
Се прикажуваш како цврста личност, полна со самодоверба, поткрепена во своите сфаќања, арогантна... Иако си сеуште тинејџер, сфаќањата ти се над оние на тинејџерите на твоја возраст. Некако, подлабоки мисли имаш. Тоа што се прикажуваш како арогантен - докажува дека си чуствителна личност, но не сакаш да ги покажеш своите чувства како одбранбен механизам, со страв дека ќе бидеш повреден. Чувствителните секогаш се бранат на таков начин, не верувам дека си некаков
феномен...
Дочека и тема да ти отворат, како селебрити. Тоа се должи на твојата смисла за хумор. Саркастичен си во поголемиот дел од времето, ама сепак, имаш осет, знаеш кога треба да се зезаш - кога не треба. Знаеш да расположиш човек. Репликите скоро секогаш ти се со мала доза на потсмев, што и донекаде ти успева да се прикажеш авторитетен и страшен. Ама донекаде. 2 реда муабет со тебе надвор од темата и готово, човек како цел живот да те знае. Ти се гледа добрината
Се интересираш за музика, како и секој друг тинејџер, музиката ти е неизбежен дел од секојдневието. Drum and bass. WTH?! Електронско. Тие се тие што сакаат да привлечат внимание и да бидат лидери во друштво, дали ти успева или не - незнам. Ако ти успева, тоа значи дека харизматичен си и во реалност, луѓето сакат да бидат во твое друштво, а ако не, значи дека се преправаш тука на форум.:smir:
Дрогаш!

Шала.. Ама, третина од 500 последните постови ти се во
„Дрога“. Дете бе! Издувен вентил? Секој си има свој, веројатно овој е твојот. Не те судам, не те оправдувам. Јс би си нашла друг издувен вентил, зошто постои некоја маала доза на ризик со овој. Само внимателно.
Потписи, тајтлови, аватари - ставани според расположение. Правиш многу работи под излив на емоции, избувлив си. Секоја нагла одлука направена под излив на емоции е грешна, секогаш знај го тоа. Не зборувам конкретно за аватарите и потписите не ме сфаќај буквално
Анализичкава, површна малце

Што да правам, не ме бива за психолог :kesa:
Доста ти е, ајде!