Што викате, да се фатам за работа, м?
Епа ајде, да почнеме со Ѕоне aka
DonJas. (i)
[однапред да кажам дека ако анализава е досадна и лејм, не сум јас крива, крива е владата].
Ако морам да почнам со добрите особини, морам прв да го спомнам синдромот на немање влакна на јазик. Твоето мислење си е твое, и сакаш да го споделиш со личноста чие мислење си го имаш оформено, не си од типот на луѓе кои се inner-circle gossipers, личноста секогаш знаеш што мислиш за неа/него.
Голем, преголем реалист. Не верува во љубов. Барем така мислам.. Можеби се лажам, ама таква слика имам оформено за него, како човек што верува само во она што ќе го види. Тоа е закон, не? Не сакаш да си фантазираш за нешто невозможно, за да не биде гадно при спојот со секојдневната реалност.
Постовите по форумов, а и општо размислувањата, му се доста искрени, и понекогаш без секирање дали ќе се повредат нечии чувства или нечија суета. Тоа е добро, донекаде, се додека и пријателите не почнат да му замеруваат. Ама тоа нема да се деси, знаат каков е, а и он има поинаков пристап кон нив.
Тешење не му иде воопшто, радо би да го реши проблемот и да даде совет, отколку да биде рамо за плачење, додека не превзема иницијатива, за помош на личноста која има проблем. И со оваа постапка може да повреди некого, некои луѓе едноставно не сфаќаат дека сака да им се помогне, или не сакаат помош, па најчесто замеруваат што пробува да ги соочи со реалноста, и така да им помогне.
Друга ствар што приметив е дека се има себеси на аватар. Според мене, луѓето што се имаат себеси на аватар, се луѓе со количина на нарцисизам. Без предрасуди, но некогаш сметам дека се преценуваат, можеби? Добро е да се има самопочит и самосакање, но понекогаш личноста која претерува со нарцисизмот остава лош впечаток на препотентен и снобовски човек, а никој не сака да го гледаат како таков, колку и да не се грижи што мислат другите.
Гомнојадец со извод од матично.

. Не, сериозно, некогаш дури и малку претеруваш, али сакаш кога ќе ти вратат на р`чка. Тоа е добро. Тоа се
поштуе.
Океј, доста лижевме г`з.
Понекогаш, гледам како немаш доволно изграден став на некоја тема.
Како да сакаш да кажеш нешто, но не знаеш точно кои зборови да ги употребиш.
Вртиш нешто пола саат, без многу продуктивност, тоа и не е толку страшно, барем се трудиш. Покрај тоа, се` е супер.
Спомнав дека анализава ќе биде тиња?
Затоа што морам да ја завршам во моментов, затоа што ми се спие, а и досадно ми е, а ова не е забавно. Да анализираш некој е стварно тешко.
Значи: чил, чоече. Биди си така забавен и интересен, и не се понашај толку како плавуша, не дозволувај никој да владее со тебе [колку клише звучи ова еј -пау].
Оние на кои им должам, знаат, и свесни се дека ќе добијат анализа.
Оние кои ми се должници, не знам дали се свесни што ќе ги снајде ако не ги реализираат моите побарувања. -тепам
POZDRAV :salut: -њтфомг