Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Брао бе, ми се накотија психоанализи за правење.
One at a time, people.
ДонЈас, ада, росоњер стефан, викторгг, новинарка, Др. - АГАН, стрпете се малку. Дада ПараноиК има доста работа, како што ми се чини. Ќе бидат, до крајот на неделава, ветувам. :)

Едит: Ето, и Болиглава ќе го направам. :)
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
И јас сакам анализа. Ако е убаво склопена*, правам и повратна.





*Под убаво склопена не значит газолижачка.:)
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Јас 2637 мислења напраив и досега никој не ме проанализирал на писмено :)
 

MileJebo

Complete
Член од
7 декември 2008
Мислења
231
Поени од реакции
41
Ќе ми направи некој мене анализа? Please... :pipi:
Natural – Girl
Ајт да почнам......

. Големата креативност и желба да го изразиш она што навистина те исполнува пред се го манифестираш преку твоите фасцинантни, длабоко апстрактни на моменти и нерелани прозни искри, кој да речеме и ти даваат одредена предизпозиција да се одвоиш од стадото во кое си длабоко заробена и континуирано те држи во рамномерна положба

Тешко е денес да бидеш тоа што навистина те исполнува т.е. тоа шо навистина го сакаш, таа голема желба што те исполнува треба да почне и да се реализира, зашто толкава дилема? Зашто толкава несигурност? Знам дека знаеш што навистина те исполнува, и мислам дека имаш потенцијал да го реализираш тоа, собери храброст и цепај, само прво мора да го напуштиш она монотоно во нашите животи и застарени принципи на поблиското опркужување кој не ти даваат комплетно да ја искористиш сопствената индивидуалност и да ја манифестираш преку личноста во реалниот свет.


Знаеш твојата аура е 40% активна благодарение на твојата несигурност и дозволување на стадото да го диктира твојот тек на живот, не го дозволувај тоа, собери храброст и донесија одлуката па и која да биде, ако навистина те исполнува и реализира како личност, одбрана со силна верба и надеж верувај нема да згрешиш.
Стравот за погрешен чекор кој те води кон ова несигурност секогаш ќе биде тука, животот е полн со крстопати т.е. предизвици(challenges), ама верувај ако се потрудиш таа аура барем уше малце да блесне, ќе се иненадиш од нејзиниот ефект.

Знаеме дека си мирољублива девојка, која не се замерува со никого, љубезна и слични crap. Како може да се опстане во овој свет без rage, fury, sarcasm :devil3: не ми е јасно (only strongest survive). Знам дека тие преку ... постојано да го толерираш идиотизмот на луѓето околу тебе и да не им кажеш што навистина мислиш за нив и за нивниот идиотизам. Ма ајде тоа е единствено што навистина се цени денес, да му се смееш саркастично на некој у фаца кога ќе напраи нешто идиотски, и знам дека сакаш затоа пробај show some fury :devil3: може ќе се пронајдеш во тоа чуство, слатко чуство, а и ќе им помогнеш на идиотите околу тебе. Со оглед што имаш голема желба да им помагаш на луѓето со своите совети кога навистина им е потребна помош, афирмирајќи си го сопственото јас а во исти момент радувајќи се дека тоа го правиш “pure like heaven” за да помогнеш, убаво е да се помага ама не се лажи дека нема одредена малце не толку чиста мисла која го поттикнува ова.

.Глеј нејќам да тапацирам со тоа колку си позитивна девојка, ведра, секогаш расположена за забава и дружење сите тоа го знаеме, некако ме курчи на моменти што имаш голем потенцијал за ЛИДЕР а ти постојано СЛЕДИШ, иако животот во сенка е далеку помирен и релаксиран, но верувај чуството е незаменливо кога водиш! Ретко ова би го кажал на некој а посебно на девојка, ама ти не си за у сенка, јебеш ти тоа, затоа ДОСТА следиш, почни да ВОДИШ!:costumed3

Имам одредена интуиција дека, моментално се наоѓаш во одреден период на безвременска состојба, како да сакаш времето да сопре и да заборавиш на минатото и на иднината едноставно да уживаш и живееш во сегашноста, чудна физиономија имаш сложена за разбирање


Големото препуштање и пловење низ сопствената потсвест и фантазија знаат и тоа како да ти вратат со супер идеи, но верувај на моменти и делуваш нереално крајно невино,:pos: овај грешка мислев наивно. Зошто постојано се обидуваш да избегаш од овој свет и да се скриеш во својот имагинарен свет на, бесконечност, совршенство каде времето не изминува а љубовта е чиста како солза кој се инфилтрирани длабоко во твојата потсвест? И оживуваат во твојата фантази, но незаборавај живеењето во фантазиите на прекрасните чуства и нематеријалниот свет никогаш неможе да се преточи во реалност и секогаш останува пуста желба, а реалниот свет секогаш ќе остане сиромашен за тебе зошто тој никогаш неможе да се спротистави на чистата љубов, и чуства длабоко во твојата потсвест.


Whatever all I wana say is they dond realy care…… овај грешка т.е. сакав да кажам дека си супер!:wink: Го поседуваш се она што е потребно за успех во секој аспект од животот, и не дозволувај друг да одлучува за тебе, знам дека ќе го одбереш вистинскиот правец.(lets see how u aura SPARKLE! 110%)

И за крај искрено известувам дека анализава мислам е далеку од објективна и тешко дека може нешто комплетно да се протолкува како релевантно, ако се земе и фактот што изигравам палимерко тука да докажам демек колку сум паметен кој знае дали и нешо погодив, у секој случај простено ми е. :baeh:.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Пошто првпат те приметувам на форумов сеа, се прашував што ти текна да ме анализираш. И сфатив, ова што го прочитав е само его-трип, себевоздигнување на еден "јебо", и самиот ник кажува. Нормално е дека реалист ко тебе кој стои цврсто на земја ќе побара некое невинашче или, ко у случајов, ќе си направи филм за некоја дека е таква само за да ги претстави своите паметњакович животни лекции. Као на пример дека ќе им помогнам на идиотите ако им се смеам у фаца.

Значи, не викам дека не е супер да е човек лидер, да ја прифаќа материјалната реалност, да биде самоуверен и да се бори за она што го сака, но ти си избрал погрешна фаца на форумов. Ова не сум јас, така што постов ми личи на пасус од прирачниче "Набилдајте ја својата АУРА".
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Должам, борчам, па да нема препирка ќе ја анализирам Новинарка.

Никнејм. Ова е всушност многу смешна приказна, некој од вас сигурно ја знае, Новинарка пред да биде тоа што е, беше Паца Трајановска. Регистрирајќи се на форумот со тој “никнејм“ јасно е дека воопшто не беше заинтересирана, и врз основа на тоа име и не можеме да ја анализираме. Од друга страна, нејзиниот сегашен псевдоним, вели посветена, работлива, амбициозна девојка. Но тоа е само обичен ник, кој знае дали е така во реалноста. Ако ставиме облог, јас играм на првото, навистина е.

Елдена... шо ли е тоа, дали тоа значи дека и таа една од оние девојки кои тврди дека никој не ја разбира, дали тинејџерскиот момент и од неа не излегол сеуште? Тоа е навистина тажно.

Потпис... “Чувај ме Господе од дупнати кондоми, од непријателите се чувам сама!“ со блог запис во линк. Значи покрај тоа што е посветена, амбициозна и сите тие во плус позитива суперлативи, е малку и егоист па се труди да го покаже своето дело наваму или натаму. Јас имам мисла, егото не е лошо кога се држи под каиш. Веројатно правецот на кариерата ќе одреди пак колку има Новинарка изграден карактер, колку е добар човек (што и да значи тоа во нејзиниот свет), и колку ќе и биде важен светот а колку таа самата. Што пак ме наведува повторно да кажам дека има уште еден мал период (пар години) да расте и да се образува (во секоја смисла).
Вториот потпис, ако го сфатам како иронија - открива уште еден дел од нејзиниот карактер... погодувате, ироничност. Не е карактерна особина тоа? Како не е? Ма мора да е, а ако навистина не е тогаш нека биде “желна за љубов и со премногу акумулирана негативна енергија која ја насочува во непристојни коментари на места каде од тоа нема потреба“.

Аватар, шо ли е тоа по ѓаволите.. во секој случај гледам нешто розево, некои срценца, некои чуда од тој тип. Демек заљубени сме? Некои луѓе не се способни да искажат љубов, ја имале или не, сеедно. Со аватарот покажува дека има сила и храброст да ја понуди добродушноста во себе, бидејќи кога човек тврди дека е заљубен тогаш тој прави исклучиво добри дела. Тоа значи дека алтруистичката природа во неа е разбудена, односно ја има и ја практикува. Тоа е една од најголемите доблести кои човек може да ја поседува. Склопот на добродушност и амбициозност во еден момент во животот речиси сигурно ќе дојдат во клинч, па тогаш и ќе видиме дали во тебе преовладува желбата за моќ и среброљубието, или љубовта која е тотален опозит.

:helou:

п.с. На кој уште му должев... забораив, ај нека ми пише.
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
На мене направејте ми една анализа врз основа на никот потписот и сл..ама без боенки и слични глупости
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
На мене направејте ми една анализа врз основа на никот потписот и сл..ама без боенки и слични глупости
Нема проблем...после 458 поста (ќе може да си го избереш и ликовниот стил, по желба..пошо нејќеш боенки...има опција со масло на платно, акрили, молив и сл. да те претставиме):pipi:

Srsly, како што веќе пишува на тука, без минимум 500 поста на салдо, анализа нема.

Онда, се надевам дека ќе се читаме наскоро пак на темава:smir:
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.642
Поени од реакции
10.241
а мене може една психо-анализа??
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Што викате, да се фатам за работа, м?

Епа ајде, да почнеме со Ѕоне aka DonJas. (i)

[однапред да кажам дека ако анализава е досадна и лејм, не сум јас крива, крива е владата].

Ако морам да почнам со добрите особини, морам прв да го спомнам синдромот на немање влакна на јазик. Твоето мислење си е твое, и сакаш да го споделиш со личноста чие мислење си го имаш оформено, не си од типот на луѓе кои се inner-circle gossipers, личноста секогаш знаеш што мислиш за неа/него.

Голем, преголем реалист. Не верува во љубов. Барем така мислам.. Можеби се лажам, ама таква слика имам оформено за него, како човек што верува само во она што ќе го види. Тоа е закон, не? Не сакаш да си фантазираш за нешто невозможно, за да не биде гадно при спојот со секојдневната реалност.

Постовите по форумов, а и општо размислувањата, му се доста искрени, и понекогаш без секирање дали ќе се повредат нечии чувства или нечија суета. Тоа е добро, донекаде, се додека и пријателите не почнат да му замеруваат. Ама тоа нема да се деси, знаат каков е, а и он има поинаков пристап кон нив.
Тешење не му иде воопшто, радо би да го реши проблемот и да даде совет, отколку да биде рамо за плачење, додека не превзема иницијатива, за помош на личноста која има проблем. И со оваа постапка може да повреди некого, некои луѓе едноставно не сфаќаат дека сака да им се помогне, или не сакаат помош, па најчесто замеруваат што пробува да ги соочи со реалноста, и така да им помогне.

Друга ствар што приметив е дека се има себеси на аватар. Според мене, луѓето што се имаат себеси на аватар, се луѓе со количина на нарцисизам. Без предрасуди, но некогаш сметам дека се преценуваат, можеби? Добро е да се има самопочит и самосакање, но понекогаш личноста која претерува со нарцисизмот остава лош впечаток на препотентен и снобовски човек, а никој не сака да го гледаат како таков, колку и да не се грижи што мислат другите.

Гомнојадец со извод од матично. :pos:. Не, сериозно, некогаш дури и малку претеруваш, али сакаш кога ќе ти вратат на р`чка. Тоа е добро. Тоа се поштуе.
Океј, доста лижевме г`з.
Понекогаш, гледам како немаш доволно изграден став на некоја тема.
Како да сакаш да кажеш нешто, но не знаеш точно кои зборови да ги употребиш.
Вртиш нешто пола саат, без многу продуктивност, тоа и не е толку страшно, барем се трудиш. Покрај тоа, се` е супер.

Спомнав дека анализава ќе биде тиња?
Затоа што морам да ја завршам во моментов, затоа што ми се спие, а и досадно ми е, а ова не е забавно. Да анализираш некој е стварно тешко.

Значи: чил, чоече. Биди си така забавен и интересен, и не се понашај толку како плавуша, не дозволувај никој да владее со тебе [колку клише звучи ова еј -пау]. :pos:

Оние на кои им должам, знаат, и свесни се дека ќе добијат анализа.
Оние кои ми се должници, не знам дали се свесни што ќе ги снајде ако не ги реализираат моите побарувања. -тепам

POZDRAV :salut: -њтфомг
 

Sacansi*

Oh, crystal ball!
Член од
4 април 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
68
Ај последен пат барам. Нема веќе. Може психоанализа? :pishtoldz
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Следен пациент на листата на квази-психоанализа е јузерот со реден број 4920 aka little ada.

ada... ada, ada, ada, ada, ada ... ada.

[note to self: пишување на никот на јузерот повеќе пати не нуди излез од проблемот на lack of inspiration].

Прво, самиот ник ада води кон нешто неразбирливо.. ада? а, да? хмм...
Овој член беше меѓу првите чии слики ги видов, и искрено, пред да почнам да ги читам постовите, ми личеше на такво мало гушкабилно суштество со бебешка насмевка. Wrong! Оомг.
Ада можеби уште бара љубов и некој да ја земе во прегратки, но дефинитивно нема да дозволи некој да го види нејзиното големо срце на форумов. Мислам, во нејзините постови се изолирани секакви емоции, дури и во врска со љубовта [освен, нели, ако не се работи за пост кој си го посветува сама на себе]. Кога зборува за себе, може да се заклучи дека станува збор за личност која неодамна ја вратила својата самодоверба и љубовта кон себе, па ја занемарува љубовта кон обичните смртници за да ја негува таа љубов. И никој не може да и суди за тоа, she's also only human.

Понекогаш можеби, сака индиректно на им покаже на луѓето дека постои на светов како добра личност, можеби повеќе за да си докаже на себеси, отколку на другите. Мислам дека често знае да ги занемари своите проблеми и да се зафати со туѓите, како да можеби ќе и речат благодарам ако им помогне. Но тоа е добро, несебично помагање, не и треба орден и признание за да знае дека направила добро дело, иако понекогаш го занемарува тоа, сметајќи дека не направила доволно.

Е сега, едно нешто ми е многу контрадикторно. Збори против очигледниот факт дека целата младина е заразена со Др. Хаус целата хаотична идеологија, а и самата дели иронии, и земјоспуштачки коментари. Дали тоа ада самата се издвојува од толпата, како личност која преовладувала со тие карактеристики пред да почне целата оваа фама. Океј, ако самиот не се сметаш за посебен, никој нема да ти каже. Пред се е важно какво мислење си имаш изградено за себе.

И дали тоа ада е fashion victim? -шмизл
Ги следи сегашните трендови кои се all about the fifties. Шминка, облека, чевли.
Не знам колку тоа прилега на нејзиниот карактер, да се грижи за тоа во какво издание ќе ја видат сите околу неа.
Имам една емоција бе со која можам да ја опишам. -шмизл -шмизл -шмизл

Реалното согледување на нештата е можеби една од најдобрите карактеристики кои ги поседува ова мало суштество. Секогаш има коментар на место бе! Едноставно, не можам да и се изнавосхитувам [-страм].

Биди си таа ада што ја сите ја познаваме [форумски], добра, паметна, полна со самоконтрола, со доза на егоцентричност, на никој не му штетела. -blink
Отвори го срцето, прими нови луѓе во твојот живот, научи да живееш со себе и своите мани. Никој не е совршен.

Не те знам воопшто, се надевам дека ќе те задоволи мојата психоанализа.

Видео за тебе:

Нешто во твој стил:
Леја, over and out! :back:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada

Kajgana Shop

На врв Bottom