Еве ја и анализата за Била Бонг...
Хм,те запамтив како типот што игра и го бива многу за кошарка.За што навистина алал да ти е.Паметам дека кога се зачлени мавна спам во тогашна `Што мислите за членот над вас` и слични теми.Те мешаа едно време со Бада Бинг...еее тие времиња не се враќаат...него...
Започнуваш да го доживуваш форумскиот пубертет,чичковците и тетките ти рекоа да бидеш поактивен и на другите теми,па еве се обиде во Психоанализи и добро ти оди
Трпелив си и не ветуваш нешто ако не можеш да го исполниш,а ако си ветил,исполнителен си.
Лижач на наставнички газиња.Ај,ќе им ставаш кечап и мајонез по некое време...повкусни се
Имаш смисла за хумор.Лесно склопуваш пријателства затоа што си меѓу омилените во друштвото поради твојот карактер и харизма,да не речам coolness.
Уживаш во овој период и не се преоптоваруваш со патетики од типот-ме сака,ама оди со друг. Или пак грешам,но не покажуваш емоции на форум,можеби мислиш дека не е вистинското место за истите. Јас сакам да верувам дека и на ова поле пристапуваш со таква спонтаност и дека имаш успех
Имаш голем потенцијал,и имаш сеуште време да го искористиш.За почеток фокусирај се на нештата што сакаш да ги работиш со задоволство и страст,потоа доаѓаат оние обврски кои сите како средношколци мораме да ги исполниме.Иако не се сомневам дека и двете совршено ги балансираш. Исполни си го слободното време со уште некое хоби,или книги,запознај се себеси,биди понапред од некои твои врсници.
Засега толку.Извини можеби е груба,но толку можев да исцедам од тебе
Поздрав и остани ми таков како што си-позитивен:smir: