Професор со шлаканици воведувал ред на час

Gunner4ever

Vive la France
Член од
14 ноември 2009
Мислења
663
Поени од реакции
130
И? Што постигнал со тоа што ги зашамарал? Демек после тој чин ќе станат фини и културни дечки и ќе им отстапуваат место на баби во автобус?

Да се разбереме, факт е дека денешниве деца ( звучам као пензионерка) се крајно дрски и безобразни, ама тоа не е нивна вина, туку на нивните родители.
Во денешно време општествените вредности се целосно изместени, а родителите во борбата за гола егзистенција или пак зафатени со матни бизниси, забораваат на домашното воспитување. На крај, резултатот е видлив, деца кои на просветните работници гледаат со презир и ги сметаат за дебили кои работат за мизерни плати, идоли им се мафијаши и новопечени богаташи.
И тоа нема да се смени со со два - три шамара, треба време и ангажирање, првенствено од родителите , а и од професорите за да се промени нешто.
Добар просветен работник умее да го наметне својот авторитет без употреба на физичка сила. Јас, а верувам и вие, сум имала професори и наставници кои никогаш не удриле некого, па сепак уживале респект, многу повеќе од оние што шамараат.
Знаеш како викаат старите професорот е втор родител, епа ако неможе првиот ке мора вториот :)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Оправдано во некои случаеви, дур се замара со бркање, изостаноци, кецови, забечешки, што ти знам, еден ќе си го окрка добро и нека проба некој друг да направи нешто.Овој метод повеќе пали кај основците кај средношколците малку потешко...
--- надополнето: Nov 26, 2011 9:27 AM ---
Се уплашиле Скопјанчињата од ЈБТ и одма се дознало, кај нас не шамари со боксој со стапчиња со што не дур се научивме на дисциплина, гледам наназад многумина и оправдуваат ваков чин, сепак професорот е втор родител.:D
 

О|ивер シ

Анти.
Член од
14 октомври 2011
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.018
Така треба , иначе ќе ти се качат на глава .
Во Основно чотек јадев секој ден .. и го посетував Педагогот редовно .. ама тое барем сега ми дојде малце умот .
Сега гледам од помладиве генерации .. се расправаат со професори , урлаат за отценка , се закануваат, а недај боже да ги удриш како овие копиљациве горе ..OMG !
До кај стаса младинава (y)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Не најдов слична тема ако има нека оди в канта муабето ми е :
Се се случило вчера на третиот час во училницата со број три во скопската гимназија “Јосип Броз”.
Учениците од прва година по турски наставен јазик, многу се смееле, а единствен начин за да ги смири, нервозниот наставник видел во ќотекот.
Најгласно се смеел овој 16- годишник. Шлаканица добил и неговиот 15- годишен другар.
Но и покрај тоа никој не го пријавил инцидентот. Молчеле и учениците и професорот.
- Ученикот го прикри настанот, но среќа што имаме обезбедување па тие ми пријавија. Детето беше цело црвено во лицето.Викнавме и полиција и малолетничка деликвенција. Јас разговарав со професорот и неговиот одговор беше 'Епа така морав да ги смирам'. Ова е непростиво - вели директорката на “Јосип Броз” Снежана Мироновска
Екипата на Сител разговараше и со мајката на еден од нападнатите ученици. Беше дојдена да ја повлече изјавата која ја дала во полиција.
- Ја повлекувам изјавата...но ова навистина е недозволиво така да се однесува еден професор - изјави револтираната мајка.
“Јосип Броз” не е матично училиште на Исамени тој предава и во основното ”Тефејус”.
Мироновска го суспендирала. И просветниот инспекторат донел иста одлука. Нема да предава во гимназијата.
Полицијата пак поднесе кривична пријава за физички напад врз ученик. Оваа не е прв пат во елитната гимназија “Јосип Броз” да се случуваат инциденти со професори.
Пред неколку месеци професор по информатика ги поготвуваше учениците за живот на небото.

Па во право е чоеко спрема мене! Не смее да го избрка од час не смее да го шлакне и шо да му прај.Е јас колку сум тепан од учители и професори,ама ми дојде умот од тоа.Еднаш на час се смеев и јас ама ко ми ја влепи една професорката не ми текна да зборнам појче на нејзинио час :D
Образованието некогаш и сега

Ситуација 2:Александар е немирен во класот и им прави проблеми на останатите ученици.

1981: Учителката го праќа кај директорот, а директорот му мава два-три шамари. По ова искуство, Аце се враќа во класот каде седи мирен минимум 7 дена и не смета за време на часовите. По некое време, лекцијата се повторува. Подоцна, со текот на годините Александар станува паметен, се смирува и стигнува до титулата најценет кувар.

2011: Александар го праќаат кај школскиот психолог, кој го упатува кај психијатарот, кој пак му препишува таблети кои се силни седативи. Родителите на Александар почнуваат да добиваат додаток за дете со посебни потреби. Александар добива потврда дека е дете со посебни потреби.Се соживува во улогата дека е лудак и станува зависник од психијатриските установи.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Образованието некогаш и сега

Ситуација 2:Александар е немирен во класот и им прави проблеми на останатите ученици.

1981: Учителката го праќа кај директорот, а директорот му мава два-три шамари. По ова искуство, Аце се враќа во класот каде седи мирен минимум 7 дена и не смета за време на часовите. По некое време, лекцијата се повторува. Подоцна, со текот на годините Александар станува паметен, се смирува и стигнува до титулата најценет кувар.

2011: Александар го праќаат кај школскиот психолог кој е втора братучетка со неговата мајка. Успут додека отиде кај педагогот, неговата мајка веќе стигнала во училиштето каде се буни дека ќе викне разни инспекции и адвокати ако нејзиното дете уште еднаш биде прекорено или изолирано дека прави проблеми. Психологот го кажува сево ова на директорот потенцирајќи ја важноста на неговата мајка и како психологов и должи услуга. Потоа, директорот го вика професорот на само и му кине проценти од плата затоа што не успеал да одржи ред и мир на часот.
Fixed.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Леле како се изнервирав ко го гледав прилогот, па и директорката ко ја слушав.

Абе на клоци требало да ги избрка од час, на само шамари да му мава.
Кизнај какви идиоти биле ко се смееле гласно на час.
 
Член од
16 март 2010
Мислења
330
Поени од реакции
204
Тоа е, кога децата немаат домашно воспитување, “воспитните“ од професорот се сметаат за физички напад.
Не велам дека нема други начини за воспоставување дисциплина на час, ама очигледно повеќе не палат ниту забелешки ниту неоправдани ниту бркања од час ниту единици...
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Подобро професорите да ги тепаат децата, отколку децата професорите.
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.372
Шлаканици... големи м**а ако им врзал некоја воспитна... денешниве размазени деца немаат никаков однос спрема професор, ги деградираат, не им ја ценат професијата и се иживуваат.

очигледно на некој му пукнал филмот. (посебно да не правам муабет за турските паралелки кои се однесуваат како во зоолошка)
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.285
Поени од реакции
563
И? Што постигнал со тоа што ги зашамарал? Демек после тој чин ќе станат фини и културни дечки и ќе им отстапуваат место на баби во автобус?
во случајов ништо не постигнал, бидејќи ученикот знае дека е заштитен, а професорот суспендиран ... порано имало ефект бидејќи голема е шансата да се повтори шлаканицата, или да биде казнет ученикот, а не професорот ...
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Ајде хипици како ќе постапите со ова
Поради такви хипички закони денес речиси цел свет има пропадната младина.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Ајде хипици како ќе постапите со ова

Поради такви хипички закони денес речиси цел свет има пропадната младина.
Вака ми влага со веспа, и му влагам со БЕЗБОЛ ПАЛКА и него и веспата :D
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
А како така во елитнава социјалистичка гимназија се некој вакви има.Пред некое време имаше еден лудак по информатика ако не се лажам нешто религија проповедаше ,кој од кој по отиден таму.

Толку знаел да го направи часот интересен и креативен па затоа си го заебавале овие.Во денешно време шамари да делиш е без врска.Има и други алтернативни мерки запиши го во забелешка ,стави му неоправдан,избркај го,повикај родител.Ништо нема да постигне со ова од следниот час пекол ќе му ги направат предавањата ако продолжи да предава и нема да смее да им врати затоа што ќе го уценуваат.Ако ме удриш веќе имаш една опомена ќе леташ од работа.Кога би бил родител професор да ми удри дете ќе го јаде и тоа многууу.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Ја се слагам со коментарите дека наставникот ситуацијата трбал да ја реши на поинаков начин. Но, има пуно случаеви во денешниов модерен свет и во нашата мила земја, каде наставниците немаат работа со деца, туку се демони.
Еве, да претпоставиме, дека на дотичниот наставник шамарањето не му била главна дисциплинска мерка; постои опција да двајцата зашамарани едноставно му направиле спојка-изреагирал импулсивно, на начин на кој не смеел (доколку се рфаботи за разумен човек, мислам дека тој веќе ја сфаќа ситуацијата во која што се наоѓа). Секако дека ги трпи последиците на својата непромислена постапка. Јас би прашала, дали двајцата зашамарани, се свесни каков ланец на настани повлекле со своето непромислено однесување? Дали се свесни дека довеле возрасен човек во ситуација да изгуби работа, да биде развлекуван од јавноста, јавно осудуван?
Чудно е како децата во вакви случаи се представуваат како мали несватени невинашца, на кои со шамари се нафрла разулавен наставник ,бидејќи таков му бил денот. Чудно е како одма родителите пројавуваат интерес за своите пропуштени (од рака), заборавени и запоставени деца, кои наместо нив, сепак ги воспитува улицата.
Мрзам што ќе ја ставам фразата 'во мое време'; ама во мое време се плашевме од тоа да добиеме опомена од наставник. Бидејќи ако за опомената чуева мама или тато, опомената се претвараше во озбилна дискусија (ова како најсреќна околност) дома. Немаше одење и расправање со наставникот. Немаше трчање по судови и претење со тужби. Добиваме лекција дека за своите постапки сносиме одговорност. Дека постапките носат последици. Значи не учева на ПОСЛЕДИЦИ и ОДГОВОРНОСТ.

Да, драги мои, некој треба озбилно да се зафати со работа и да испита какви тоа шеги и дофрлања го исфлиле возот од коловоз...Можеби и учениците си заслужиле клоца од школото (кое нели, на крајот, заради нив губи од својот добар глас)?

Ехеј, родителски глави, мучкајте малце. Ставете ја Македонија на здрави нозе, заинтересирајте се за своите деца.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Чудно е како одма родителите пројавуваат интерес за своите пропуштени (од рака), заборавени и запоставени деца, кои наместо нив, сепак ги воспитува улицата.
Ехеј, родителски глави, мучкајте малце. Ставете ја Македонија на здрави нозе, заинтересирајте се за своите деца.
Улицата ако го сметаш како фактор за воспитување тогаш можам слободно ќе гласам за тоа Македонија да добие ново име а тоа е: „Тажна Македонија“.
Не дека и од улица не можеш да научиш некои работи, но ако се препуштиш целосно на факторот за воспитување „улица“ тогаш слободно можеш да кажеш дека средното име ти е „идиот“.Во меѓувреме ако има некои такви, дајте кажете имам зрна од грав и не знам каде да ги засадам и онака ви е празна........
Со остатокот од коментарот се согласувам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom