Професор со шлаканици воведувал ред на час

Ultimate'

Диктатор
Член од
23 октомври 2007
Мислења
118
Поени од реакции
9
Не најдов слична тема ако има нека оди в канта муабето ми е :
Се се случило вчера на третиот час во училницата со број три во скопската гимназија “Јосип Броз”.
Учениците од прва година по турски наставен јазик, многу се смееле, а единствен начин за да ги смири, нервозниот наставник видел во ќотекот.
Најгласно се смеел овој 16- годишник. Шлаканица добил и неговиот 15- годишен другар.
Но и покрај тоа никој не го пријавил инцидентот. Молчеле и учениците и професорот.
- Ученикот го прикри настанот, но среќа што имаме обезбедување па тие ми пријавија. Детето беше цело црвено во лицето.Викнавме и полиција и малолетничка деликвенција. Јас разговарав со професорот и неговиот одговор беше 'Епа така морав да ги смирам'. Ова е непростиво - вели директорката на “Јосип Броз” Снежана Мироновска
Екипата на Сител разговараше и со мајката на еден од нападнатите ученици. Беше дојдена да ја повлече изјавата која ја дала во полиција.
- Ја повлекувам изјавата...но ова навистина е недозволиво така да се однесува еден професор - изјави револтираната мајка.
“Јосип Броз” не е матично училиште на Исамени тој предава и во основното ”Тефејус”.
Мироновска го суспендирала. И просветниот инспекторат донел иста одлука. Нема да предава во гимназијата.
Полицијата пак поднесе кривична пријава за физички напад врз ученик. Оваа не е прв пат во елитната гимназија “Јосип Броз” да се случуваат инциденти со професори.
Пред неколку месеци професор по информатика ги поготвуваше учениците за живот на небото.

Па во право е чоеко спрема мене! Не смее да го избрка од час не смее да го шлакне и шо да му прај.Е јас колку сум тепан од учители и професори,ама ми дојде умот од тоа.Еднаш на час се смеев и јас ама ко ми ја влепи една професорката не ми текна да зборнам појче на нејзинио час :D
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Шлаканица? Во 7 и 8 одделение на секој класен час по една жешка добивав од класниот мој, а двајца другари од класот ги тераше сами меѓу себе да се шлакаат:pos:
 
S

Sagan

Гостин
Ја кога бев основно, наставниците тепаа со прачка: по три пати на собрани прсти - предноста беше што можеш да бираш лева или десна. Имаше и воспитни заушки, ама поретко.

Ова денес што се дешава по основните и средните школи е страв да го фати човек. Ученици се обраќаат на наставници со надимак, им потфрлуваат зборови со сексуална конотација, во средно има случаи машинските струки да ги затвораат професорите во работилниците...
Лудило! Со ваква младина, светот може слободно да иде у ку*ац.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.081
Леле "нападнати" ко божем фанал професорот со шипка ги тепал па и вие што известуваат ја претеруваат, толку многу ја преовеличуваат работава. Голема работа 2 шамари му врзал ајт тргај ќе му помине, нека се челичи детето малку, не се умира од ќотек туку од кабли, а децава денешни се понашаат ко непарени говеда шо треба да прави професорот да остави на глава да му се качуваат, бре бре.
Него арно не им предава Бундиќова да видат шо е мавање шамари, ова е ништо :icon_lol:
 
K

kalimer0

Гостин
Не ме сфаќајте погрешно, имал среќа професорот. Има ученици што носат ножеви и боксирачи со нив...
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Ццц....на времето ќотек им мавале,и по пат за дома песнички пееле.....а тука за еден шамар бркаат професор.

Ние од 5то до 8мо го имавме најголемиот тепач за класен(сигурно во кариерата имаше истепано над 5000 ученици...можете да замислите кој level стасал:))....е тој цела генерација од 8 класа ја строеше.

И најак ќотеќ што сум го слушнал(оти неможеше да се види)....е кога имавме предчас од класниот наш,а во училницата до нас имаше едно брливо дете кое ќе си дојдеше порано,и си црта по табла и сл....и нешто ја отвараше затвараше вратата од училницата....и класниов наш одење,носење у другата училница и слушаме тапи удари во ѕидот...туп...туп...и после се дозна дека класниов наш му ја мавал главата од ѕидот.:pos:
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
100
Поени од реакции
42
Да бе и мојот класен од 5то до 8мо беше тепач исто на еден копиљ му ја мааше глаата у ѕид, физичко предаваше и ако забушааш одма ластици, чврги и по некоја штафета у глаа а еден по македонски клоци маваше ама и еднаш доби една клоца он од ученик хахаха и се бркаа низ школо после не знам што се деси.
Едит: Класниов еднаш играше баскет со нас и еден соученик го мавна со баскет по нос несакајќи на овој му се плачеше дури коа му пукна еден шамар чоече 3 дена имаше ехо у салата
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Така им е. Нека им стои боја на мајмунски задник на лице.
 

Ultimate'

Диктатор
Член од
23 октомври 2007
Мислења
118
Поени од реакции
9
Класниот ме тепаше со : Лејнир,Кабел,Креди,Шамар(и тоа жешки),Клоци и шо,фала му тој чотек ме научи на дисциплина :cuc:
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
1.989
Па во право е чоеко спрема мене! Не смее да го избрка од час не смее да го шлакне и шо да му прај.Е јас колку сум тепан од учители и професори,ама ми дојде умот од тоа.Еднаш на час се смеев и јас ама ко ми ја влепи една професорката не ми текна да зборнам појче на нејзинио час :D
И шо ако си тепан? Попаметен да не си? И кој рече дека несмее да го избрка. Се знае што треба за тие шо зборуваат, ќе го запише во дневник и ќе го избрка. Шест пати нека напраи така, опомена од класен раководител. Ако не му е гајле нека продолжи и ќе си биде избркан од школото. Гледаш како има решение за се?

-А на овој шо го избркале арно му е, пак нека мава шамари.
Се гледа колку заостанати и примитивни просветители имаме во Македонија.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Додека бев основно така ги учеа на ред оние кои тоа не го научиле дома, a во средно преовладуваше бркањето од час.
 
B

Borg_Drone

Гостин
И шо ако си тепан? Попаметен да не си? И кој рече дека несмее да го избрка. Се знае што треба за тие шо зборуваат, ќе го запише во дневник и ќе го избрка. Шест пати нека напраи така, опомена од класен раководител. Ако не му е гајле нека продолжи и ќе си биде избркан од школото. Гледаш како има решение за се?
Ова правило веќе не важи и за средните училишта, откако тие станаа дел од задолжителното образование.
Инаку, го оправдувам чинот целосно.На ученикот обврска му е да слуша.И јас сум зборувал на часови и сум бил недисциплиниран, ама откако ќе ме опоменеле сум знаел и да се смирам.
Овој инаку како може да го продолжи часот ако има некој во училница и му изигрува мајмунлак?
Јас не би го тепал........Туку би го гмечел.Мрсул, му купиле неговите мобилен од 30 000 и ќе кажува низ школо дека е братучед на „глупиот и поглупиот“.Абе седи, не се кажуваат такви работи........Молчи, слушај и учи.
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Најјака ситуација беше коа ставивме лута буковска сол на пампурот пред да влезе наставникот по ликовно.Влага наставников, почнува да кашла, излегува надвор и еве ни се враќа со класниов и знаевме веќе колку е саатот.8 души не нареди во ходник пред канцеларија и ни даде такво понижувачко викање,навредување, после тоа тепање, шо и сега ми се ствара филм од ситуацијата.После влегувавме во канцеларијата и анонимно гласавме кој го сторил тоа.Абе прајслес
 

Kajgana Shop

На врв Bottom