Под едвај совладување да претпоставиме еве, дека ученикот има 3 по предметот. И да добие 2 на тестот, ништо страшно, life goes on, ама да добие 1, тогаш тоа е веќе катастрофа. А напоменав и пак ќе напоменам дека тестовите ќе бидат стандардизирани, што значи ќе ги има најопштите прашања од секоја тема, што значи доволно ќе биде да го прочиташ извадокот од темата, кој го има на крајот од секоја тема.
Кај тебе математиката е проблем. Ќе почнеш да учиш со разбирање, верувај помага. Во прва и втора истово што го велиш ти, јас го велев за хемијата. Учев напамет, кампањски, ден пред тест и потоа стискав шифт + делит. Но сега во трета, седнав на прва клупа, почнав да ја сфаќам професорката, да следам на час и само со час учење, дента пред тестот, успеав да го решам цел, што дури и самата си се чудев на себеси.
Можеби не ти оди математика, но ти сепак си во гимназија. Може утре да ти текне да студираш информатика, архитектура, се` бива. И јас велев, ни на крај памет не студирам Стоматологија, ама почнав да се замислувам малку.
:smir: