Протест!

  • Креатор на темата Креатор на темата free_MAN
  • Време на започнување Време на започнување
не ми е јасно како може од тетратка да се уче,па кај нас професорите бараат се што има во книгата(исто е и од книга и од тетратка,да ја прерасажувам лекцијата хаха)да се знае а во тетратка пишуваме само дополнителни информации...
 
ја уште сега можам да претпоставам што ке ми се падна на крај година да полагам математика, физика или вовед во право:nerv::zid:, а денес што гледав на вести пред министерство имаше многу малку средошколци а и некои изјави беа''zakon":pos2:.
 
Да се надеваме и утре дека ќе има многу!
 
на вести кажаа дека 4 година нема да полагаат тест а колку е тоа точно немам појма
вестите можат се' да кажуваат,што им падне на памет.Битно е министерството што ке каже и дали владата ке го поддржи тоа.
 
prazno.gif
Средношколците на протест

Никола Крстиќ Коментари (4)
prazno.gif
prazno.gif
06.10.2008 12:43
ucenici.jpg
Средношколците против екстерно оценување
За дел од средношколците ќе има екстерно тестирање по два предмета, иако минатата недела од Министерството за образование тврдеа дека ќе се полага само еден предмет.
„Може да се случи во однос на тоа како ќе биде изработен софтверот, некои ученици во некои паралелки да бидат тестирани и по два предмети, но тоа нема да биде повеќе од 10% случаи во паралелките во Република Македонија“, изјави Дарко Митевски, државен секретар во Министерство за образование и наука.
И денеска дел од средношколците протестираа пред Министерството за образование. Велат дека трудот што го вложуваат преку целата година ќе биде залуден зашто доколку на екстерниот тест добијат две оценки пониска од онаа што ја имале претходно, ќе им биде намалена и крајната оценка.
„Па џабе ќе биде оцената којашто сме ја имале до тогаш и треба дополнително да учиме за нова оценка да добиеме. Ние сметаме дека тоа не е добро за нас бидејќи се тоа што сме го учеле во текот на целата година ќе треба да направиме уште еден тест со вклучен цел материјал“, изјавија средношколци.
Сепак, имаше и такви кои не знаеја зошто се дојдени.
Иако учениците ќе полагаат еден или два предмети, ќе мора да бидат подготвени по сите, затоа што не знаат од кој предмет ќе имаат прашања на тестот.
Ниту наставникот нема да знае во кој од класовите во кои предава ќе се оценува неговата работа. Наставниците чии оценки нема да се согласуваат со оние од екстерниот тест, ќе бидат казнети.
Следната година ќе земаат 10 проценти пониска плата. Ако ова се повтори три години по ред, ќе бидат избркани од работа.
За средношколците од четврта година нема да има дополнително екстерно тестирање, ќе се полага само матура. Другите детали за крајниот тест ќе се знаат дури во декември кога ќе биде готов правилникот.
 
Во ред е луѓе, после сите моменти на незнаење, неодреденост и страв што ли ќе биде, денес бидна читањето на законот и кај нас на школо и што испадна? - просветлувачкиот и олеснувачки пост на Џену грл :)

И новоста на денот: 4та година не полага!!

Уште нешто, со оглед на постот на Пробистипка: јас мислам дека ништо не правите со тоа што ќе изигравате уличари, зар некој ве сфаќа сериозно ако протестирате со бегање од часови? Не, ако веќе правите протест, (на што јас сум стварно против), организирајте се со формирање на соодветно тело кое ќе ве претставува пред министерство и слично.
 
па ја мислам дека веке нема ни потреба за штрајк ако биде како што денес кажаа од министерство нема ни причина ни потреба од протести
 
Добро де нема ли некој сојуз на средношколци па да се организирате заедно да отидете на протест пред министерство? Кај е тој сојуз на средношколци, како да не постои (а можеби и не постои:toe:)...
 
Хехее не полагаме 4-та :)

Ее така деца, си знаете сеа вие и спремајте се навреме :)
 
Во ред е луѓе, после сите моменти на незнаење, неодреденост и страв што ли ќе биде, денес бидна читањето на законот и кај нас на школо и што испадна? - просветлувачкиот и олеснувачки пост на Џену грл :)

И новоста на денот: 4та година не полага!!

Уште нешто, со оглед на постот на Пробистипка: јас мислам дека ништо не правите со тоа што ќе изигравате уличари, зар некој ве сфаќа сериозно ако протестирате со бегање од часови? Не, ако веќе правите протест, (на што јас сум стварно против), организирајте се со формирање на соодветно тело кое ќе ве претставува пред министерство и слично.

Јас знам што информации постирам на форум, а не лупетам нешто од развиената бујна фантазија што гледам дека ја имаат повеќето членови кои се јавија на темава. Уште на почетокот пишав дека од министерството ми е информацијата, ама ако не се направи работава од мравка - слон не се живи.
И да, ако ви се протестира, барем пратете некои оратори или воспитани деца со аргументирани ставови, а не некои сељачишта во чиј зборовен речник има само: Да ми го тит..тит..., на мајка ви, на сестра ви...

Типичен пример на чист македонец.
И после сакате да имаме слога и единство

Па не ни треба да полагаат тие. На матурата ќе се види кој професор како си го спремил својот ученик:smir:.
 
Џени,дај бе напрај ти,организирај.

Отстрана вака ептен паметна изгледаш...како се да знаеш и умееш :wink:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom