Mи олесни на срцево. Дека го греам столчето редовно, не можам да кажам. Испуштам по лекција-две(највеќе тема). Но за испитување, ја учам целата, па макар и да треба повеќе од 4 саата да си ја тупам главата. Генијалци има, и додека се сметам за интелигентен (yeah, ко нарцис изгледам), не верувам дека можам да извадам по се 4 и 5. По оние предметите во кои не се истакнувам и кај кои тешко ја добивам посакуваната оценка, многу лесно би извадил 3 на финалниот тест. Еве да набројам: француски, хемија, физика и физичко. Хемија шо се вика 50-50 учам на памет. ЈБГ, не сваќам многу формули, се префрлив од приватно во гимназија, имам огромни дупки на кои им требат време да се надополнуваат, а нешто слично би рекол и за физиката. Физичко, очигледно е ако не му оди на некој, не е спортски тип, па така и јас suck во скоро секоја спортска активност. Француски надополнувам сега дека не учев во прва година, и мислам дека ќе надополнам доволно за да ја заслужам 5ката но другиве предмети? Ќе биде една онака потешка работа која без разлика колку ќе се трудам да ја завршам, не сакам да ми зависи од еден финален тест. И сега некој да ме цитира со оноа, па греј го повеќе столчето, не иди толку на форум. Абе мора малку живот да се има во целава хаварија, не? Не се откажувам од него. Нема време за живот по завршувањето образование. После подршката од родителите е завршена, наоѓаш работа, жена, деца. Така да сметам дека со тестовиве ни за излегување немаше да имам време, а не пак за интернет(нели вклучувам други активности како глума, играорна, германски/англиски, пливање, и сл.) И додека сосема сфаќам дека не треба да се буба, ама едно е сигурно, крај на годината ќе ми треба сигурно повеќе од 3-4 дена да повторам еден предмет, и сега рачунај 10 предмета по 5 дена нека се = 50 дена(дека нели овие за време на годината се полагаат, така да ќе треба да се учат и новите содржини паралелно) што не беше замислениот дел околу повторувањето и распонот на давањето на сите тестови. Не знам, мене сето тоа ми беше како една гоооолема збрка. И не ми се допаѓаше воопшто.
А добра причина ако имаше тестови по секој предмет? Не можам да ја видам. Оние со врски? Ќе имаа ужас оценки. Професорите? Пола избркани. Слаби ученици кои се борат за опстанок во животот, да имат завршено бар средно? Сите надвор од школо!
Единствено нешто шо донекаде е добро се правдата за учениците со врски. Но тие и понатаму ќе имаат последици на матура, па и во животот ќе останат хендикепирани...
Затоа не ми се допаѓаа тестовиве.
А за протестот? Што знам, можда имаше некоја корист доколку влијаеше на решението на министерството, а може министерството однапред ова го предвидуваше за крајта. Јас не избегав од училиште. Ниту пак ниеден од моите другар(к)и во клас. Имаше доста ученици од други паралелки кои ги видов надвор, но ете, ние не избегавме. И така....
И пак ќе кажам, убаво заврши работава. Мислам дека треба да бидеме сите задоволни, да смириме страсти и да си ги бркаме нашите бунтовни бубачки на други места. :helou: