ти не сакаш евроинтеграција, затоа си (веројатно) против протестите? Дали си против Македонија членка на ЕУ (нешто кое би било слично на целите на власта која се обидува последните години да не оддалечи од интеграциите)? Ако си, кое е твоето решение, каде ја гледаш Македонија...во Азија или...вајстина независна?
Ќе ти одговорам, иако ова можеби е за друг подфорум, дали СВЕТ или ПСИХОЛОГИЈА, не знам.
- За протестите:
Дефинитивно сум ЗА, затоа што ДПМНЕ забегаа со рекет, закани, уцени, казни.
Реакција на секое човечко суштество е кога има незадоволство, да излезе и да го искаже.
Не е нормално да ќутиш, и да траеш.
Но многу е опасно кога таа енергија на незадоволството некој ќе се обиде да ја харвестира и да ја пренасочи кон
нешто што нему му одговара.
Со тоа, оние што протестираат, стануваат безумни дронови, зомбиња, кои имаат една цел - да ги исполнат задачите на оној што ги контролира.
И предходно пишував за опасностите од тоа овие протести да бидат "киднапирани", и ете, по неколку дена излегоа со името - Шарената Револуција.
Инаку бев на протестите, и тоа два пати!
Но за тоа, подоцна.
- За евроинтеграциите, унии, итн:
Како човек што ја цени слободата и независноста, никогаш не сум работел во државна институција,
не сум заглавен во кредити, сум станал тоа што сум благодарение на мојот труд и не должам на никого - ништо,
дефинитивно сум ПРОТИВ зачленување во било какви Унии, особено не ЕУ.
ЕУ е навреда за сите оние кој со труд стекнале нешто.
Причини има 1001, но да скратам, верувам дека секој проблем што го имаме, треба да го решиме НИЕ и само НИЕ.
Затоа што ако ни го решава некој друг, ќе го реши проблемот како што на него му одговара.
Не трпам авторитети, не може да знае некој згоен бирократ или чиновник од Брисел што е подобро за мене.
Затоа реков, можеби одговорот на прашањето: Дали сте за ЗА или ПРОТИВ ЕУ, треба да го бараме во подфорумот психологија.
А зошто?
Можеби некој ќе се навреди кога ќе го чуе одговорот, но кога ќе размислам, што ве ебам,
во Македонија нема закон за политичка коректност,
а слободата на говор сеуште е на сила.
Одговорот на прашањето дали си ЗА или ПРОТИВ ЕУ, во голема мера зависи од ЖИВОТНАТА ФИЛОСОФИЈА.
Оние што ја сакаат слободата и независноста, оние кои со својот труд стекнале нешто и не се потчинуваат на авторитети
секогаш ќе бидат за НЕЗАВИСНОСТ.
Оние кои цел живот се шлепале, клателе врати по администрации и штабови,
ќе попушат ваму, ќе цицнат онаму, со отворен кљун седат и чекаат некој да ги нарани,
секогаш ќе бидат за ЗАВИСНОСТ.
Тие не бараат слобода, туку само газда што помалку ќе ги тепа.
Јас, искрено ги сожалувам тие луѓе, затоа што се робови на сопствениот менталитет, и од тој затвор многу, многу тешко ќе избегаат...