Французите протестираат против новиот закон за работни односи
Веќе неколку пати во текот на месецот французите протестираат против реформите на законот за работни односи, овие протести се доста масивни, на најголемиот протест според полицијата учествувале 390.000 граѓани, а според синдикатите 1,2 милиони.
Протестите се шират на 60 градови.
Тие станаа насилни, имаше 24 повредени полицајци и 140 приведени граѓани.
Нашата револуција ни 10% не личи на обичен француски протест за работнички права.
Нека дојдат французите во Македонија, ние сме многу спокојни, имаме високи плати, само 26% невработеност, низок криминал и корупција...
Порака до француската власт, нека ги обвинат протестантите дека се насилни, дека удираат по полицајците кои ја штитат Франција, дека странски служби стојат позади нив, соросоидите да не ги заборават, Ал Каеда, Исис, германците ...
А за контрапротест дали размислиле? Да дадат сендвичи и да соберат 500.000 французи кои ќе речат дека реформите се одлични? Или друг народ се ова французите?
Грујо го одби нападот од странските служби, а французите очигледно слаби безбедносни служби имаат, јадат ќотек од соросоидите.