Стано: ЕК не побарала протестите да запрат
16.05.2012, 14:53
Стано: ЕК не побарала протестите да запрат
Реакцијата на портпаролот на ЕК доаѓа откако пред неколку дена, медиумите во земјава пренесоа дека ЕК апелирала протестите да запрат, имајќи предвид дека на нив редовно доаѓа до инциденти
Европската комисија (ЕК) не побарала да престанат протестите по петкратното убиство кај Смилковско Езеро, туку да се остават органите да ја завршат истрагата, изјави за портпаролот на ЕК, Петар Стано.
„Можеби не сум бил јасен, но Комисијата не бара запирање на никакви протести во Македонија, истото го потврди и нашата делегација во Скопје. Ние го поддржуваме правото на сите граѓани за слободно изразување и мирно да реагираат, да бидат мирни и да ги остават органите на законот да ја завршат работата во врска со грозоморното убиство кај Смилковско Езеро. Секоја од страните треба да направи се' што е во нивна можност да не се влошуваат меѓуетничките односи во Македонија, што е во интерес на оваа држава и нејзините граѓани. Во тоа треба да учествуваат сите политички лидери и медиумите во Македонија“, истакна портпаролот на комесарот за проширување на Европската комисија, Штефан Филе.
Реакцијата на Стано доаѓа откако пред неколку дена, медиумите во земјава пренесоа дека ЕК апелирала протестите да запрат, имајќи предвид дека на нив редовно доаѓа до инциденти. (П.Р.)
Дали ова значи поддршка за нив?