Просење

J

Johnny Stulic

Гостин
Ne davam na prosjaci ,barem ne kaj nas
Pricinive se slednive :istite tie vecerta si odat so taxi
-jadat sladoledi Magnum (aj jas se dumam medzu socijalen so 2 topcina po 5 denari ili max od 20 denari)
alistata so mu gi poklani majka mi gi frlija pred porta
se na se imam loshi iskustva so niv znaci:ne:
 

dajdo

The OuTLaW
Член од
17 октомври 2005
Мислења
5.139
Поени од реакции
19
mnogu mi paga zal uvek davam pari moze glup ama takva dobra dusha imam mnogu mi paga tazno koa ke gi vidam takvi gladni i prljavi mora da im dadam pari
 
V

Vlad II Draculea

Гостин
A ne ti teknuva deka nekos so parite so ke mu gi dajs moza da se izmija i da pojda da srabota nesto i da pocna zivot.. sega ako gi mrzi niv da rabota ne treba TI za niv...
KRVTA VPICKA.... nivna
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Има разни типови на просјаци. Веќе ги имате видено сите шеми, а еве јас ке додадам уште неколку ситуации.

Во Битола во старата чаршија има еден питач кој е инвалид, обично го гледам зимно време кога има гужва низ чаршија, па на ладното ги соблекува нозете до колена и седи на земја на картон, се тресе и на него му давам некоја ситна пара, зашто пита со стил. Па и работа е да седиш на ладното бос.

Ама одма на добрите работи се јавува и по една копија. Има еден друг питач, што понекогаш седи на истото место или негде погоре, не е инвалид, а исто ги соблекува нозете и се тресе, иако надвор 40 степени лето е. :ne: Не пали. А се тресе бетер од овој погоре. И изгледа прилично работоспособен.

Најчесто, просјаците одат заедно со "макроа", односно проси, и му дава на некој друг, кој ги користи парите за "повисока цел".

Ми се случило неколку пати и следново. Одам на непрометна улица и ми приоѓа жена/маж, и ладно ми вика "дечко да не имаш 20 денари". И сум им дал зашто ме фатиле неочекувано.

Еднаш еден ме праша кој автобус оди пр. за ѓорче, како може да стигне до таму, ми кажува каде да застане да го чека, као едвај стигнал во скопје од некое бог-знае кое село, па неможе да се снајде а треба итно да оди и како најефтино да помине, и на крај некако демек несакајќи ми бара пари за да му се најдам во несреќава. Му дадов 50 денари. Не друго, него пола саат ме давеше. Бар за приказната што ја смисли вредеше.

Иначе освен вакви ситуации, не давам пари. Најдобар лек за питање е да не се дава. Ако не даде никој, нема да им се исплати денот што го потрошиле, и следниот пат ке размислат дали ке питаат.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Vlad II Draculea напиша:
A ne ti teknuva deka nekos so parite so ke mu gi dajs moza da se izmija i da pojda da srabota nesto i da pocna zivot.. sega ako gi mrzi niv da rabota ne treba TI za niv...
KRVTA VPICKA.... nivna
не е толку важно што ке направат со парите, важно е ти да се осеќаш добро што си им дал
 
V

Vlad II Draculea

Гостин
NEma sansi da se osejkam dobro ako nekoj na koj sum se obidel da mu pomognam, go frla seto toa vreka... ne gledam nikakvo zadovolstvo tuka.. posto spored mene .. zaevolen ke bidam koga posle seta rabota imam rezultat.. ali koga se nema.. ne postoi nesto kako zadovolstvio..(barem za mene)
 

Буковец

www.KETERING.com.mk
Член од
3 јули 2005
Мислења
996
Поени од реакции
15
cYb3rc0re напиша:
Еднаш еден ме праша кој автобус оди пр. за ѓорче, како може да стигне до таму, ми кажува каде да застане да го чека, као едвај стигнал во скопје од некое бог-знае кое село, па неможе да се снајде а треба итно да оди и како најефтино да помине, и на крај некако демек несакајќи ми бара пари за да му се најдам во несреќава. Му дадов 50 денари. Не друго, него пола саат ме давеше. Бар за приказната што ја смисли вредеше.
Еееее вакви колку ги има околу Градска Болница и Жена Парк...Стално им избегал автобусот за Св. Николе, за Кочани...па немал пари да касне нешто, а јас бидејќи живеев таму после пола саат го глеаш со флашица лозова, или комова...
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Vlad II Draculea напиша:
NEma sansi da se osejkam dobro ako nekoj na koj sum se obidel da mu pomognam, go frla seto toa vreka... ne gledam nikakvo zadovolstvo tuka.. posto spored mene .. zaevolen ke bidam koga posle seta rabota imam rezultat.. ali koga se nema.. ne postoi nesto kako zadovolstvio..(barem za mene)
епа што да ти кажам друго освен не давај :)
 
Член од
17 август 2005
Мислења
1.410
Поени од реакции
23
потполно се слагам со фактот дека сите тие треба нешто да сработат за да им се дадат било какви пари...али бидејќи сум голем идеалиста,и премногу чуствителна тој факт го заборавам многу често,и секогаш коа ќе налета некое такво мизерно мало,очерупано,прљаво и шугаво му давам пари...на едно мало циганче еднаш му ги дадов ракавичките,бидејќи беше премрзнато...сепак беше премногу мало и оставено само...додека на тие старите одвратни избегавам да им дадам било што,сепак тие се способни за работа,дури и чистење некаде ќе им ги донесе тие пари само чесно заработени,а ние ги имаме убаво научено да пружат раче и ние да им тупнеме лесни пари,а сепак дневно земаат повеќе од повеќето од нас...
 
Член од
29 април 2005
Мислења
236
Поени од реакции
1
Темава е многу опширна и комплексна. Листајќи ги трите страни сао во неколку комнтари забележав некој да спомне дека ова е институцинален проблем а не само проблем на оние што просат и наш проблем (бидејќи не замараа). Сите останати коменари се сведоа на емоционалната страна/хуманоста од давање милостина, но сепак кој сум јас да анализирам.

Еве еден линк за „Дела на улица“
http://www.newint.org/issue377/contents.htm тој посебен број е наменет за децата на улица глобално.
Имаше еден текст со наслов „Читање/слушање меѓу редови на они што се на улица“ (или така нешто беШе) што исто така ми се допадна затоа што ретко кој од нас се запраШал некогаш зашто луЃето се наоЃаат на улица наместо на работа, школо, дома и др.

Кога некој спомунува нека ги искористат парите за да најдат работа епа неверувам дека некој ќе вработи такви луѓе без тоа да имаат голема добивка/корист од нив (како примерот со хендикепираните ги користат за да го затајуваат данокот) и баШка кој кутар ќе ги вработи кога смрдат вакви се онакви се.


ај сеа да се вратам малку и да кажам дека и јас давам кога некој ќе ми пружи рака посебно на мали деца и не се замарам како Ќе ги троШат поШто чим тие пружиле рака во животот нема што да изгубат повеќе од нивната гордост.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Давам пари на стари луѓе и тоа најчесто бабички. Греота ми е да ги гледам, сигурно им е мачно последните години од животот да ги минуваат на тој начин.

Просјаците цигани, пак, се рак рана на секое општество. Баш ме интересира како тоа малцинство не успева во ниедна од земјиве низ европа да се интегрира, да започне да работи, да биде како останатите, нормални луѓе. Навистина се феномен, и покрај толку програми, толку желби за едукација, помош за отварање на сопствени бизниси, не бе не, тое е нешто неверојатно.
Просењето кај циганите е вештина што ја учат од мали. наместо мајките да им велат одите во школо, образувајте се, ги стимулираат да просат.
искрено не разбирам како се осмелуваат да ми бараат пари. Тоа за мене е една од поголемите навреди.

Се додека давате пари на циганчиња, се до тогаш нема да научат како да се вклопат во системот. Секој денар кој го давате, ги заебува и нив, а и вас, бидејќи од вашите плати излегуваат и нивните трошоци за неплатена струја и трошоците за социјално кои им се даваат итн. Мора секој да научи дека за да јаде и може да купува, мора да умее да заработи. Но во никој случај не смее да се подржува мислењето дека и просењето е начин на заработување. Безвезе.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.205
Поени од реакции
34.441
Горе-долу се согласувам со мислењето на Никола.

Безразлика дали се Роми, Македонци или Албанци, просјаците најчесто се обидуваат да те фатат на емоции. Безброј пати имам забележано човек како криви (или оди на патарици) на раскрсница, а откако ќе му заврши „смената” - сосема нормално се движи. Значи, не дека неможат да работат, туку едноставно полесно им e да стојат на раскрсница.

И без муабети „нема што да изгубат освен гордоста”, зошто тие се оперирани од срам уште од 4-5 години.

Токму тоа ме колеба да давам пари (кои и онака ги немам).
 

PuMbA

BUCENCE
Член од
22 февруари 2006
Мислења
1.064
Поени од реакции
2
Дали ги оправдувате тие што просат?

Па да ви кажам искрајно јас не ги оправдувам тие што просат!
Зашто?
Затоа што додека просат и бараат пари на семафори и по улици плоштади и кафичи тоа време можат да го искористат да отидат да работат нешто.Значи да спечалат пари.
 

osicka

ЅвЕрЧе
Член од
12 декември 2005
Мислења
312
Поени од реакции
4
Ipokraj sto voopsto ne go opravduvam toj nacin na "sobiranje" pari i obiduvanje za prezivuvanje, no poradi sto ima i mnogu polosi nacini na zarabotuvanje nema da komentoram za toa i da se vratam na temava. Vo sekoj slucaj koga ke mi priide nekoj covekceliot isprljan, oblecen vo stari iskinati partali , so spoeni dlanki i ke mi pobara nekoja paricka nemam srce da gi odbijam i im davam normalmo vo0 slucaj ako imam.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom