Јас воопшто не ги сожалувам, а и нема и зошто.Да ми пријде просјак пример кој е оставен на цедило, неспособен за работa, да , би му дал пари зошто да не.Но во генерала, во Македонија добри деведесет и девет проценти од просјаците се измамници.Па има финти од типот, ставање гипс на левото маде, па после завршувањето на работната смена, вадење на гипсот од левото маде и поделба на она што е спечалено со работниот труд, има разноразни финти да не ги пишувам сега тука.
Друго, зошто да им давам пари кога добар дел и од тие просјаци се психофизички здрави?Јас можам да работам по осум саати за 350-400 денари дневница, и воедно да патувам еден саат до работното место, можат и тие.
Жално само за децата-просјаци, наместо во школо они на улица, ама за тоа се виновни и нивните родители кои голем и добар дел од нив се алкохоличари.Но тоа е што е.....Животот е курва, имаш две опции: да се бориш или да се убиеш.
Исклучоците ги сожалувам, и на такви без око да ми трепне би им помогнал, но на оние кои можат да работат и се психофизички здрави, без око да ми трепне ги откачувам.