Просење

  • Креатор на темата Креатор на темата Офчар
  • Време на започнување Време на започнување
ееее сеа ми текна одам у еден дукан и иде еден чичко и му вика на продавачот абе дечко ај дај ми 50 ден и овој му вика абе не ми е тука газдата и пази со вика човеков вика абе имав пари ама се опив и вика сеа ако отидам дома жена ми ке ме истепа а јас пред да го каже воа мислев да му дадам и коа го слуснав си викам факај патот какво пари и не му дадов .....де бе тато ке оди по цел ден ке работи а некој ке се опива по кафаните.
добро де давај им на тие што мислиш дека навистина им треба помош...

многу луѓе викаат абе нив им е лесно така цел ден ќе седат и ќе молат?
тоа е најголемото понижување и газење на сам себе.... замислете се самите да сте во таква ситуација и цел ден да чекате некој да ви фрли денар...
добро како и секогаш има исклучоци има луѓе што тоа го сфатиле како бизнис.. но не дозволувајте таквите луѓе да ви го одземат хуманоста и желбата да помогнете....
јас секогаш им давам на тие мајки што со дете се на 40 степени или -5 степени на улица и чекаат некој да им помогне...
...најважно да се даде со желба да се помогне... вие вашето сте го направиле...а тие што ќе прават со парите нивна работа
 
да но има такви шо лажат и на тие услови. а тие шо си ги мачат бебињата на -10 степени свака им част. тоа не се мајки, они ги раѓаат колку да бидат поубедливи. само каде е социјалното?
 
Па просам во слободно време..најчесто пред општина,ама сега новиот градоначалник ме избрка од таму,и просам пред пожарна..

Шала...
 
На подадена рака не можам а да не дадам ,ми се случило да ги вратам од врата и после цел ден сум чувствувала некоја вина, сега давам ,а другото е негов грев .
 
Мајка ми дава еднаш ми дојде таа ѓупката да ми просе и јас немаах скапан денар да и дадам а ми вика за леб е и и дадов малку леб.Мама и има давано и облека .Да се надоврзам на претходното.Кога и го дадов лебот таа си замина и после јас кога излегов надвор и го видов лебот под еден прозорец фрлен....значи не им е за леб.А имам дадено еднаш на еден ѓуптин и после истио ѓуптин го видех у Грил мелани(сендвичара)....хммм....јас како шо знам хамбургерите се поскапи од лебо.Викам и на мама да не им дава повеке ама не ме слуша...и навеа ни ѓупци на вратта оти ја дознајаа дека дава:toe:
 
Порано почесто им давав по некој денар ако видев некој како проси.. ама еднаш седам со другарки на кафе на кеј и ни доаѓа еден со книшка во рака, некои други листови и почна да бара пари демек детето слепо му било па незнам таму што а се гледаше апла дека лаже.. и другарка ми му вика дај бе да видиме што му е ние студираме медицина, дај ја книшката..и овој пребледе и одма да го нема, демек не фала ај немора пари.. ц ц колку ме изнервирал тоа чудо е!!! По некое време имав едни комшии - роми! Слушнав таа жената при 3 мали деца здрави, прави она праела некои листи, пред умирање ги направила децава, просела по згради.. еее до кај им иде паметот... Затоа од сеа натаму и да носам повеќе пари од што треба во мене не фрлам пара на секој!!!:nenene:
 
Редовно, кога и да видам некој циганин како проси му давам по 30-40 денари. Не можам да издржам да го гледам како ме моли. Понекогаш ако треба ќе позајмам од некој за да им дадам на овие што просат. Многу гревовит сум за вакви, а од овие што ти доагаат по врати редовно ги гонам, не можам да ги поднесам кога лажат.
 
Друже тебе едно поминување низ центар те чини 500 денари и више ако не се лажам?
 
Друже тебе едно поминување низ центар те чини 500 денари и више ако не се лажам?
Не 500, ама едно стотче е сигурно. :)
Јбг брат, за вакви случаи сум многу гревовит. Не можам да ги гледам како седнуваат на -20 на асфалт и се молат за 10-тина денари.
 
Не 500, ама едно стотче е сигурно. :)
Јбг брат, за вакви случаи сум многу гревовит. Не можам да ги гледам како седнуваат на -20 на асфалт и се молат за 10-тина денари.

Абе на секој му треба некаква помош, ама најголем дел од овие во центар сум ги видел како со автобуси организирано одат да просат, како на работа да се. Тука децата не се криви апсолутно.
И после ке видиш со парите ќе купат Малборо, и утре пак истото. На нив им треба друг вид на помош.
Ти препорачувам ако даваш пари, а како пиша даваш 1000ден месечно, стави кредит па врти па телефониви и така донирај, барем парите ке одат на право место.
Во право е тој што имаше пишано, ќе му дадеш леб на некој, а после ќе го видиш фрлен.
 
Mrazam prosjaci mnogu los nacin na zarabotka me nervira strasnooooooo ne davam nikogas mada porano davav i se kaam pogotovo me nerviraat onie po semafori:uvo:
 
Јас скоро секогаш им давам пари... Знам дека има многу фолиранти и дека има случаеви каде некој друг ги зима парите ама што ако погодам и оној 1% на кој навистина му треба? Тоа ми е доволна причина...
 
Ма ич не давам.. ние да сме на нивно место ќе не гледаат они така и ќе ни даваат по 5 денари или 10 ? ха...
 
највеќе ме нервира на плоштад се шетам со девојка ми,и да преминеме камени мост циганчиња врие и ти се пикаат те фаќаат,дај ова она ако им спукаш те пцујат..па да фатиш едно по едно у вардар да ги фрлаш:nerv:
Или па на сред ГТЦ ќе поминам и ќе видам некоја циганка у сукња седнала и едната нога ја стаила под сукња и демек инвалид:tapp:
Единствено би дал на тие дедовците тука на влез у ГТЦ со гитари кои свират.Барем заслужуваат имаат и ритам и се:):tv:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom