Филм за Тоше беше всушност идеја на Тоше. Го снимија тој филм заедно со тој албум. Таа идеја толку ми се допаѓаше бидејќи Тоше беше толку голема ѕвезда и толку познат, така што бев презадоволен пресреќен што можев да работам на тој филм – изјави режисерот Боштјан Слатеншек, и дополни:
Овој филм е сниман во два наврати. Во првиот филмот беше сниман кога Тоше ги правеше своите песни на Јамајка и во Лондон, а во вториот, снимавме после трагедијата. Снимавме во Лондон, во Стокхолм, на Дубаи, во Скопје и во Дубровник, а временски, во последната половина година работевме само на тој проект, но снимањето беше и многу пред тоа, додека Тоше ги снимаше своите песни - рече Слатеншек.
Трајлер од документарецот,Тоше Проески.
Повелете.
извор:mmm.com.mk