Промоција на англискиот албум на Тоше на 25 јануари 2009 (денот на неговиот роденден)

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
„The Hardest thing“, последниот сон на Тоше




В недела, 25 јануари, на 28. роденден на Тоше Проески, постхумно ќе биде промовиран албумот „The Hardest thing“. Тоа е официјалната вест врзана за англискиот албум на нашата најголема пејачка ѕвезда. Она што го носиме во себе, нешто како чувство, кревко распослано низ целата душа е дека и ангелите пеат.

Тажно, трогателно и свечено - ќе ги чуеме песните што му беа преокупација, опсесија и несоница во последниот период на Тоше . И, којзнае, можеби ќе бидеме поблиску до него... Следејќи ги судбинските патешествија, „The hardest thing“ е исполнување на последниот сон на Тоше. Во тоа име вреди да му се пркоси на „напишаното“.

Насловната нумера - „The Hardest thing“ наедно е една од омилените теми на Тоше, која веќе можевме да ја чуеме и видиме. Обвивката на албумот е решение на неговите обожаватели - станува збор за портрет на Тоше, во чија заднина е Крушево. Секогаш до него треперливо светка родениот град, а во средината на небото е најсилна една ѕвезда.

Менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ, и неговата продуцентска куќа „Аворд“ неодамна се откажаа од сите права врзани за продажбата на неговите албуми и сите права се пренесени на семејството Проески. Така, се' си дојде таму од каде што потекнува. Од почетокот. Со овој текст се обидовме да се потсетиме на целата приказна врзана за последниот албум.

Во 2006 година, во периодот кога го потпиша договорот со англиската продуцентска куќа „Пипл ин моушн“, Тоше се запозна и со британскиот композитор и продуцент Енди Рајт (48), во чија кариера се наведува работата со „Симпли ред“, Бритни Спирс, Бочели, Павароти, Џана Нанини...

„Пее блескаво, изгледа супер и не можам да верувам дека човекот нема мана“, беше првиот впечаток на Енди. Минатиот октомври, по концертот во чест на Тоше, се надополни. „Тоше беше многу харизматичен, просто пленеше каде и да се појави. Силно светкаше неговата ѕвезда - ќе засвири клавир и сите како хипнотизирани гледаат во него. Сигурен сум дека пред него стоеше светска кариера. Всушност, кога првпат го видов на концерт на стадион во Скопје, во 2006 година, се' ми беше јасно... Цврсто верувам дека овој албум ќе постигне голем успех“.


По работата и дружењето во Лондон, подоцна и на Јамајка, договорот беше следната станица на Тоше, на неговата менаџерка Лилјана и на Енди да биде Дубровник. Поради убавината, сонцето, Јадранот... Летово беа во Дубровник, без Тоше, зашто ветување си е ветување. Средбата на менаџерката и англискиот продуцент беше многу тажна, и во прекрасниот Дубровник Тоше постојано беше присутен во мислите. Така се случи договорот за доработката на песните за англискиот албум. Енди наполно и целосно се посвети на работата... Тоа беше неговиот долг кон чесното момче од Балканот.

Но, да се вратиме на периодот пред, сега веќе, три години. Потпишувањето на неколкугодишниот договор со англиските продуценти значеше соработка со признати музичари, снимање во најдобри студија и три албуми со кои и светот би слушнал за македонскиот славеј. Странците беа презадоволни кога го слушнаа Тоше. Покрај тоа, првиот човек на „Пипл ин моушн“, Брајан Тејлор, „падна“ на природноста на нашето момче, на неговата детска љубопитност и чистота и веднаш заклучи дека македонската поп-икона е нетипична ѕвезда. Чист и искрен. Непорочен. Далеку од она што го има на Запад.

„Многу сум среќен поради се' што ми се случува“, кажуваше Тоше. „Знам дека е многу тешко да се направи интернационална кариера и дека, покрај квалитетот, се важни и други нешта. Сега, кога имам сигурност од мојата матична куќа, ќе го дадам најдоброто“.

Во интервју за „Утрински весник“, Тоше за убавите нешта по кои ќе ја памети 2006 го спомнува договорот со продуцентската куќа од Англија „Пипл ин моушн“. „Тие ќе се грижат за кариерата надвор од Балканот, а првиот човек Брајан Тејлор е многу задоволен и од мојот глас и од материјалот што го подготвуваме за англискиот пазар. Преку оваа работа видов како е да се работи со врвни професионалци и затоа - со Господ напред! Не сакам многу да зборувам предвреме, подобро е да почекаме да излезе албумот, па потоа да коментираме. Композициите се феноменални и сите се направени по моја мерка. Тоа е резултат на работата на извонреден тим. Посебно сум среќен со мојата песна што ја снимивме во Шведска со Норт Јенсен. Се вика ’ Тhe Hardest Thing“ и звучи прекрасно“.


Тоше снимаше и во татковината на регето, Јамајка, во куќата на Боб Марли, каде што работеше со неговите синови - Стивен, Џулијан и Зиги. Автентичната атмосфера, за која ни раскажа неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, неоптовареноста со материјални нешта и музиката, сосема го понесоа. Многуте кадри овековечени и снимени во Јамајка, каде што е направен и спотот за „Hardest thing“, ја опишуваат предаденоста на Тоше кон музиката. Нежната македонска душа се растажи од она што го слушна - дека музичарите на Јамајка пееле кога сакале да и' се „скријат“ на сиромаштијата.

Лилјана се сеќава дека тимот со кој Тоше го подготвуваше своето ново цеде за светскиот пазар ги имаа најдобрите музичари од Англија, Шведска, Ирска. Со тие луѓе во 2006 година темелно се избираа песните, а пет се снимени во престижното лондонско студио „Олимпик“. Се работеше и во Шведска.

„Иако цело време одевме чекор по чекор, нашите очекувања беа огромни. Кога дојдов во Македонија во 2002 година и кога го издадовме албумот ’Ако ме погледнеш во очи‘, кажав дека Тоше ќе биде балканска ѕвезда, а пред три години јавно изјавив дека му претстои светски успех“.

Албумот се работеше две години, а авторите се различни - го има Енди Рајт, музичкиот тандем „Пампкин долс“, Вејн Хектор... Мразот го проби „Арија“, дуетот со Џана Нанини, што беше промовирана на концертот во „Белградска арена“. Енди Рајт долго време работел со оваа италијанска примадона и идејата за успешниот дует беа токму емоциите. И двајцата уметници со неверојатна харизма ја интерпретираа композицијата.

„My litle one“ е уште еден дует на Тоше, со внукот Кристијан. „Мое малечко, длабоко во своето срце знај дека никогаш нема да се разделиме“ е дел од пораката на оваа песна која е снимена во студиото во Крушево. Тоше сакаше песната на следниот концерт на стадион да ја изведе токму со својот внук. Замислата за оваа композиција која Тоше му ја пренел на својот продуцент Енди беше музиката во старт да звучи како да е цртан филм за подоцна да се надградува и да порасне во поп-рок мелодија. Песната е доработувана по трагичното загинување на Тоше, во студиото „Олимпик“, каде што е правен поголемиот дел од песните. Енди го направи комплетниот микс, аранжман и мастеринг на композицијата.

Тоше беше голем уметник, а неговата особеност значеше тоа што го носи во себе, тоа нешто по што публиката го препозна и одбра. Искреноста е прашање на срцето. Ја имаш или ја немаш.

Албумот за почеток ќе биде отпечатен во 150 илјади примероци и тоа низ пазарите во Хрватска, Србија, Босна и во Словенија. Понатаму нештата самите ќе се кажат. За нас е важно што се исполни големиот сон на Тоше.

извор

Специјални емисии за Тоше на МТВ

Во чест на спомените и на делото на најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески, Македонската телевизија ќе емитува две специјални емисии. Првата ќе се емитува утре, еден ден пред роденденот на Тоше, а втората задутре, точно на 25 јануари. И двете се во терминот 20.15 часот.

Првата е насловена „Незаборав за Тоше“ и ќе се емитува во рамките на емисијата „Фолковизија“. Во неа ќе бидат прикажани неговата љубов кон Македонија и кон македонскиот фолклор преку спомените на неговите соработници и пријатели.

Втората специјална документарна емисија е насловена „Со Тоше во срцата“. Истата вечер во Домот на АРМ ќе биде промовиран неговиот албум на англиски јазик „The Hardest Thing“, наменет за светскиот пазар. Промоцијата од затворен тип е закажана за 19 часот, а во нејзините рамки ќе биде претпремиерно прикажан и документарниот филм посветен на снимањето на албумот. Од февруари филмот ќе се прикажува и во киносалите.

извор
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Во продажба албумот на Тоше Проески „The Hardest Thing“

Роденденот на починатата македонската музичка легенда Тоше Проески денеска ќе биде одбележан со промоција на новиот албум на англиски јазик „The Hardest Thing“, што ќе се одржи во Домот на АРМ во Скопје.

Албумот, што се промовира за 28-те години од раѓањето на Тоше, е со првичен тираж од околу 150.000 примероци за пазарите во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија.

Покрај насловната „The Hardest Thing“, промовирана минатата година на Хрватскиот радиски фестивал, „Арија“ - дуетот со италијанската пејачка Џана Нанини и дуетот со неговиот внук Кристијан (My Little One), што беше промовиран на концертот за Тоше во Скопје, албумот ќе содржи и други песни непознати за јавноста.

Тие се снимени во Лондон, Јамајка и Ирска, во соработка со англискиот композитор Енди Рајт и требаше на Тоше да му ги отворат вратите на светската кариера. Албумот во наредната седмица ќе биде промовиран и во Белград, Загреб и Сараево.

Фановите на Тоше од шест земји во декември со гласање на интернет ја избраа и обвивката за осмиот, постхумно објавен албум, меѓу четирите понудени.

Дизајнирана е од Жарко Стојановски, на неа е ликот на Тоше, а во темно сина позадина е Крушево во ноќ и небо на кое симболично се истакнува една, најсјајна ѕвезда.

„The Hardest Thing“ уште денеска ќе биде пуштен во продажба, а од 12. февруари во киносалите во регионот ќе почне да се прикажува документарен филм за Тоше.

извор



Дали некој го купил, ако го купил од каде го купил и колку пари е?
Ако имате информации кај може да се најде...
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Незнам која цена е, а го има во сите продавници на Германос и Космофон
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Мислам дека е 500 денари, барем така најавуваа
Може е поефтин..за поскап не верувам
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
И денес,недела ќе го има во продавниците?Или се мисли од утре?
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Албумот е по цена од 500 денари (барем така кажале на радио вчера).

Парите од продажбата од цедињата оди во кај семејството Проески и нивната фондација.
Значи парите може да помогнат за изградба на центарот и во хуманитарни цели, бидејки за тоа е и основана фондацијата.

Утре/задутре го купувам албумот. Вреди да се има цедето со последните песни на Тоше.
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.081
Поени од реакции
1.638
Во текот на неделата мора да го купам албумот...
Инаку еве која песна од новиот албум сметам дека ке биде хит...веќе некои песни има на јутуб

 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Текстот на Guilty

I guess it's just another night
Another fight
That all familiar scene

You looking
At your watch again
Saying what's the time
And where the hell you've been
Even on the other side
Wondering why I even tried it all
Looking to my heart again
With your x ray eyes
Tell me what're you trying to see
Can't stand the way you look at me

I put my hands up
I put my hands up
I guess I'm guilty
Hands up
I must return whatever you accused me of
I stand up to hear your judgement
It's always guilty
But I'm gonna make a break
Before you turn the key

Baby my life would be easier
Getting out of here
And trying to make it right
There's no matter what I do
I can't get through
I wanna just get back
You forget the liveness
We just exist as nothing left inside
Should I tell you what you wanna hear
And kill it with this life
Show you what you wanna see
It seems to be that you need me

To put my hands up
I put my hands up
I guess I'm guilty
Hands up
I must return whatever you accused me of
I stand up to hear your judgement
It's always guilty
But I'm gonna make a break
Before you turn the key
And we'll become this strangers
I don't even recognise us
Cause nothing's there to justify you
Feel it the way you do
But I guess all I can do is to

Put my hands up
Put my hands up
I guess I'm guilty
Hands up
I must return whatever you accused me of
I stand up to hear your judgement
It's always guilty girl
But I'm gonna make a break
Before you turn the key

I put my hands up
I guess I'm guilty
Hands up
I must return whatever you accused me of
I stand up to hear your judgement
It's always guilty
Girl I'm gonna make a break
Before you turn the key
I guess it's just another night
Another fight
That all familiar scene

:cuc: :cuc: :cuc:
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Има нешто посебно во песнава, се наежив кога ја слушав. Не се сомневам дека и другите песни од албумот ќе станат број 1 во Балканот, а наскоро и во Европа и светот. Допрва треба светот да дознае кој беше Тоше Проески (Македонски).
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Еве уште една нова песна
:nesum:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Guilty - поубава песна немам слушнато, дефинитивно мене оваа песна ми звучи досега најсвестки од англискиве песни
И да не заборавам:
НАЈМИЛ ТОШЕ - СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
816
Поени од реакции
22
Браво за Тоше.Тоше со овој албум ќе стане светски познат.
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33

Дали некој го купил, ако го купил од каде го купил и колку пари е?
Ако имате информации кај може да се најде...
Јас го купив попладнево од Југотон. 500 денари е.
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
само што го преслушав албумот и немам зборови! едноставно е фантастичен! и многу повеќе од тоа! Guilty е песна која што додека ја слушав воопшто не ми наликуваше на песна што би ја испеал еден македонски пејач. таа е песна од светска класа. без многу мислење би ја ставил во конкуренција со најубавите светски песни (зборам за оние убавите, а не за џастин, бритни и компанија, од тие е 150 пати подобра!) и другите не се ниту малку полоши, но со оглед на тоа што 4 имав слушнато, а оваа ми е нова, ми остави најголем прв впечаток. уште веднаш ги ставам во мобилен па да си ги слушам насекаде:pipi:

п.с.
сакам да кажам, дека целосно ги обвинувам оние што песните ги аплоудирале на јутјуб, или на било кој друг сличен сајт. Тоше беше против пиратеријата и вистина нема смисла сега да се прави така! 500 денари не се ништо за таков човек, или конечно за такво музичко дело! плус, што тие пари одат во вистински раце, и паметно ќе се употребат! се надевам, дека и тие што ги симнаа од нет песните, сепак ќе го купат албумот!
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
само што го преслушав албумот и немам зборови! едноставно е фантастичен! и многу повеќе од тоа! Guilty е песна која што додека ја слушав воопшто не ми наликуваше на песна што би ја испеал еден македонски пејач. таа е песна од светска класа. без многу мислење би ја ставил во конкуренција со најубавите светски песни (зборам за оние убавите, а не за џастин, бритни и компанија, од тие е 150 пати подобра!) и другите не се ниту малку полоши, но со оглед на тоа што 4 имав слушнато, а оваа ми е нова, ми остави најголем прв впечаток. уште веднаш ги ставам во мобилен па да си ги слушам насекаде:pipi:

п.с.
сакам да кажам, дека целосно ги обвинувам оние што песните ги аплоудирале на јутјуб, или на било кој друг сличен сајт. Тоше беше против пиратеријата и вистина нема смисла сега да се прави така! 500 денари не се ништо за таков човек, или конечно за такво музичко дело! плус, што тие пари одат во вистински раце, и паметно ќе се употребат! се надевам, дека и тие што ги симнаа од нет песните, сепак ќе го купат албумот!
Одлично кажано....Јас вчера го добив од моите, и не знам која цена е точно...како и да е, албумот е прекрасен, а Guilty е најубавата песна според мене...
R.I.P Тоше
 

Kajgana Shop

На врв Bottom