Промена на ИП адреса

Член од
4 октомври 2014
Мислења
787
Поени од реакции
539
Имам динамична ИП на Телеком. Зборам за целосно нова адреса, не ми е битно дали ќе биде статична или динамична. Дали провајдерот може да ја смени ИП адресата или кого да барам?
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.417
Поени од реакции
29.981
Имам динамична ИП на Телеком. Зборам за целосно нова адреса, не ми е битно дали ќе биде статична или динамична. Дали провајдерот може да ја смени ИП адресата или кого да барам?
Рестартирај рутер и тоа е тоа, имаш нова ИП.
 
Член од
4 октомври 2014
Мислења
787
Поени од реакции
539
Рестартирај рутер и тоа е тоа, имаш нова ИП.
Затоа реков комплетно нова. Со рестартирање само последните три бројки се мењаат. Зборам за целосно нова ИП адреса, од почеток до крај.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.417
Поени од реакции
29.981
Затоа реков комплетно нова. Со рестартирање само последните три бројки се мењаат. Зборам за целосно нова ИП адреса, од почеток до крај.
Знам. Толку е рангот што се менува. А што, имаш некоја мака што ти треба целосно нова ИП?
 
y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
1.026
Поени од реакции
1.444
Затоа реков комплетно нова. Со рестартирање само последните три бројки се мењаат. Зборам за целосно нова ИП адреса, од почеток до крај.
Тешко тоа. Имаш таму пулови кои се дефинирани за што каде како..
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.760
Поени од реакции
7.587
Имам динамична ИП на Телеком. Зборам за целосно нова адреса, не ми е битно дали ќе биде статична или динамична. Дали провајдерот може да ја смени ИП адресата или кого да барам?
Јави се во Телеком. Плати си да имаш статичка адреса и кажи им да биде различна од оваа шо ја имаш. ~350 месечно.
 
Член од
4 октомври 2014
Мислења
787
Поени од реакции
539
Јави се во Телеком. Плати си да имаш статичка адреса и кажи им да биде различна од оваа шо ја имаш. ~350 месечно.
До сега зборев, тој на телефон 300 пати препраша таму, нема начин да се смени ИП адресата.
Ми вика може од таму да ми го ресетира рутерот и да се сменат само последните бројки, јас му реков дека тоа го правам и од дома и сакам целосно нова, па и да е статична нема да ми смени многу.

Ми рече и статична да ми стават само ќе ми остане таа ИП адреса што ми е сега, само нема да се менува понатака.
По се изгледа дека нема начин да се смени никако.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.198
Поени од реакции
41.569
користи VPN ако ти треба за нешто, имаш и бесплатни дури ако ти е за некоја ситница, tunnel bear мислам имаше бесплатен план.
 
Член од
4 октомври 2014
Мислења
787
Поени од реакции
539
користи VPN ако ти треба за нешто, имаш и бесплатни дури ако ти е за некоја ситница, tunnel bear мислам имаше бесплатен план.
Да, ми текна на VPN ама не ми врши работа. Само целосно менување на ИП адресата ми треба, ама изгледа такво нешто не е возможно. Имам и провајдер сменето лани, пак истата си стои.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.204
Поени од реакции
25.325
Сигурно им имаат воведено забрана за целосно менување на ип адреси од министерства за внатрешни работи и безбеднносни служби заради опасност од прикривање разговори за планирање терористички напади. Вака многу полесно можат да лоцираат потенцијални sleeper cell.
 
:facepalm:
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.285
Поени од реакции
3.662
нема врска дека т-хоме менува само последни 3 бројки, менува повеќе, ова се моите ИП адреси од оптика последни 10 дена сменети или со автоматски ресет на 24ч или ако јас ресетирам рутер преку копче или преку пребарувач на 192.168....

77.29.132.32
46.217.113.94
46.217.119.186
46.217.118.14
46.217.116.23
77.29.195.164
46.217.116.74
46.217.114.164
46.217.77.245
77.29.192.34
77.29.194.56
77.29.195.207
77.29.192.247
 
Мене пример 77.29.107.XXX ми се исти цело време. Само последните три се мењаваат. Ова ти зборам преку 5-6 години ми е истата ИП адреса. Јас сакам СКРОЗ нова со која што никогаш не сум се конектирал на компјутеров. Значи комплетно неповрзана со мене воопшто.
Од Телеком викаат неизводливо е тоа, или може да ми го ресетира рутерот и пак да се сменат само последните бројки или да ми стави статична. Дури и да се случува како кај тебе две адреси да се вртат, пак ми треба некоја што никогаш претходно сум ја немал.
 
y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
1.026
Поени од реакции
1.444
Јас сакам СКРОЗ нова со која што никогаш не сум се конектирал на компјутеров.
Не ме сфаќај погрешно, ако се има нешто десено и ако мислиш дека со промена на ип адреса си го решил проблемот, не се лажи. Секој оператор чува лог од XXX денови од секој клиент, што, како, каде..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom