Ај сега не знам но до пред 5-6 години играв активно игра што за лог на сервер мора да ми пратат код на мејл па со тоа ми ја зачувува ип адресата као демек ако се логирам пак од истата да не ми бара нов код. Верувај тогаш значи од некаде 2012 до летото 2016 немаше ден да не ми требаше нов код значи ниедна адреса не се поклопуваше. Значи да речеме преку 1000 различни адреси без повторување.
туку не знам што и каде играш но да не имаш бан на матична добиено, и тоа го има па да не ти е блокиран компјутерот не само ип адресата. Ако веќе сакаш да провериш најди од оние донгле ви-фи адаптери за десктоп, не се повеќеод 100 денари на алиекспрес и пушти си хотспот од телефон ако не си на лаптоп и немаш безжичен интернет. Мобилниот нема да те спои со твојата ип никако па да знаат дека си ти. Освен ако не е банирана македонија како база затоа што првите групи броеви во ип се тоа, македонија, провајдер, град ...