Промена во начинот на оценување во училиштата?

Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Мислам дека е редно време да се напушти стариот начин на оценување од 1 до 5 во основните и средните училишта. Да, образованието треба прво да се среди од корен, почнувајќи од наставните програми итн, но исто така мора да се промени и оценувањето.
Според мене оцените од 1 до 5 не е доволно за да се разликува знаењето на учениците, особено што на крај има огромно пумпање и 2/3 од класовите завршуваат одлични, што е надвор од здрав разум.

Накратко кажано, мојот предлог е да се прават екстерни тестирања на тромесечие, полугодие, тромесечие и крај на година, што ќе бидат исти за сите училишта. Не е во ред во некои училишта да има повисоки критериуми, а во други пониски. Тестовите да бидат со по 100 поена, и во зависност колку поена имаш толкава да ти биде и оценката. На пример, имаш 92 поена, оцената по тој предмет ќе ти биде 9.2. Одличен успех е ако имаш помеѓу 9.1 и 10. Така ќе се разликува одличен ученик што е навистина одличен, и одличен кој оди кон многу добар (9.1-9.3). Во склоп на ова би ставил и дополнителни поени што би доаѓале од активноста на часовите.

Што мислите вие? Дали е потребно да се промени начинот на оценување и каков е вашиот предлог?
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.115
Поени од реакции
3.974
Коментарот и предлогот ти е сосема на место, такво нешто дефинитивно би било потребно и многу подобро ама за тоа може само да сонуваме, тешко дека нашево образование (како и било што во државава) би се средило или развило правилно...
 

MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
878
4 пати екстерни тестирања, покрај посебните оцени за тромесечие/полугодие? Да не претера малце? Доста ми е што правам 10 теста месецов + неколку испрашувања, пола предмети на материјал од септември до сега.
За попуштањата во осново, од 3 на 5, ученикот ќе си има проблеми во средно, ако оди во асално средно that is. Знам по мене... а во средно, бар во 5-6 подобри средни школи во Скопје, за другите незнам, нема баш попуштање во оцени. Треба добро да си го испотиш г'зот за да поминеш одличен, да не зборам за тоа ако си пре-амбициозаен и сакаш 5.00 да завршиш. Не само во Корчагин кај што учам, него и во Орце, и во економско и уште неколку школи, од другари повозрасни што завршиле таму знам како е.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Што мислите вие? Дали е потребно да се промени начинот на оценување и каков е вашиот предлог?
Оценување како кај домородните американци (индијанците) ете такво.
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Иначе, штом дојде до вакви заклучоци, кажи ми зошто е потребно тоа? Што е труло во образованието?
 

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Потребно е од корен да се измени образовниот систем.Промените во оценувањето нема да донесат огромна разлика.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.967
Поени од реакции
17.799
Екстерното тестирање тие жива глупост,никогаш не може да го надосмести трудот и залагањето на час.Ако сум праел проекти сум бил активен и заебам на тест не може да имам послаба оцена на крај..нема логика.
А дека треба да се смени начинот за оценување треба.
Ке зеам пример во Франција,Оцените се од 1-20 што придонесува правилно да се види разлика од еден до друг.Ја како 5.00 сум ги добивал оцените ете со труд,делумно по некоја поправено,некоја на стаклени нозе..И сеа апсурдно е некој генијалец(а имаше и такви) да има иста оцена со мене..Каде е тука распознавањето на знаењето кај децата..Реално максимум оцени не треба да значи дека учиш,туку дека си профи,дека знаеш све..Таков ученик у Франција е со 20.00 и е еден у 10 000 ..а кај се 5.00 еден од 2ца..Реално сите со тие оцени треба да се разграничат помеѓу 14-15-16 просечно..
После се буниме зашто нема желба за учење кај паметните деца..За кој кур ке се труди поише коа и со минимален труд ке има 5.00 и исти оцени со некој кој е далеку подпросечен у интелегенција.
 

Altair

Шмеќер
Член од
30 јуни 2008
Мислења
306
Поени од реакции
192
Не е лош предлогот , меѓутоа неможе да се спроведе по сите предмети исто...
На пример мојот професор по вовед во право , многу почесто не тера да дебатираме и дискутираме околу некои секојдневни ситуации поврзани со правото , наместо да ги бубаме правните поими и дефиниции ... Незнам како би оценил екстерно способноста на ученикот да дебатира , да размислува и да се изразува усно или писмено..
 
I

Iblis

Гостин
Не е лош предлогот, ама на крај тие оцени ништо не значат т.е. многу малку, евентуално на факс за да влезеш, ама пак таму имаш квота за малцинства со што и со 2.0 просек, пак може да влезеш во државна квота.
Ако сакате нешто да значи тогаш седнете да учите, за пар години оние од вас кој ќе се запишат на факс ќе видат дека последните 4 години од средно ќе ги претрчате за пар месеци.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.141
Поени од реакции
5.894
@ Lincoln Burrows: забораваш дека кај нас со завршено средно си скоро никој и ништо. The real deal е факултетот. А таму професорите ич кур не ги боли дали некој бил со сите петки во коце или во корчагин. Ако напише добро на испит ќе положи. Е тогаш ќе почне да се разликуваат децата кој колку знае, и дали некој со петки од коце е на исто рамниште со дете со петки од корчагин.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.726
Поени од реакции
18.473
Kога ќе прочитам дека не се исплати кај нас да учиш факултет, ми се темни. Демек учиш само за утре да можеш полесно да се вработиш? каде е сопственото надградување, развивање на мозокот, подобар речник, дисциплина и генерално само надградба и полесно вклопување во општеството. Оправдувањата од типот, без книшка џабе ти е, не се на место..
 

V1kTo.Or

Талкач
Член од
16 август 2011
Мислења
504
Поени од реакции
304
Треба да се воведе отценките на полугодие да се вметнат во сведителство , неможи ученик имал 1 и на крај 3 и обратно 5 и на крај 3 ...
Се знае кај нас дека образованието е крајно неефикасно и неквалитетно и се разбира тоа му одговара на некого .
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Kога ќе прочитам дека не се исплати кај нас да учиш факултет, ми се темни. Демек учиш само за утре да можеш полесно да се вработиш? каде е сопственото надградување, развивање на мозокот, подобар речник, дисциплина и генерално само надградба и полесно вклопување во општеството. Оправдувањата од типот, без книшка џабе ти е, не се на место..
И те како се исплати да студираш, има студенски организации кои нудат пракса во странство и слични работи па може многу полесно да се вклопиш и да најдеш работа после факултет ако нормално има иницијатива од твоја страна, ако седиш дома никому ништо.
А книшка ти е друга работа, тоа ти е меч со две острици, прво добиваш работа, ама треба навистина да се потрудиш и работиш бидејќи за 5-10 години може да се случи да прават чистка во државното и нормално тој што не е продуктивен ќе лета, бидејќи неговата врска веќе не е тоа што била.
Инаку мислам дека нема потреба да се менува начинот на оценување, уште во комунистичко време имало протекции, па и сега е исто само што вулгарно до даска, сепак факултетите колку толку се добар филтер, мада и таму има препишување на големо, ама има и казни, крај краева учиш за тебе не за професорите, тие само го проверуваат твоето знаење или незнаење, има живот и после цела образовна одисеја, некои ќе бидат во на мама тате фирмите, некои ќе работат тоа за што не учеле, некои ќе работат тоа што сакаат, а некои нема ни да работат бидејќи така си ја наредиле. Она што не се учи во образованието е како сето тоа знаење да се искористи, бидејќи секој различно гледа низ таа призма значи ти даваат готово еве ти материјал научи, твое дали ќе научиш или не и како ќе го научиш и колку од материјалот ќе совладаш, оценките само даваат колку ти си го совладал материјалот во очите на учителот, затоа различни учители даваат различни оценки за исти научен материјал и тоа во исти процентуален однос, тоа зависи од нивната перцепција како требало учениците да го совладаат материјалот, а ако тие знаеле како тој материјал да го искористат да направат пари, ништо од нив како учители. Затоа треба оценките така да ги сфаќате како перцепција на учителите како треба материјалот да биде научен а не дека некој ученик е подобар од другиот, бидејќи имам гледано примери на луѓе кои со висок просек имаат завршено факултет, а работат работа за која и просек 6.5 би завршил работа, и луѓе кои немаат завршено факултет а прават добри суми на пари.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.595
Поени од реакции
2.102
Што ако ќе се измени начинот на оценување? Тоа нема да смени многу.

Еве мој предлог, на децата нека им се прави тест на интелегенција, тие што се интелегентни и плус сакаат да научат нешто, нека се ставаат во една паралелка каде навистина ќе добијат добро образование, без нервози, без бодење со ножеви, без професори да јадат шлаканици и боксови од дегени и сл.

За останатите нека си биде се по старо. Звучи неправедно, ама тоа е...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom