1. Да се воведат измени во програмата по која учиме. Мора малце да ги средат материјалите и да воведат поквалитетни учебници. Факт е дека не треба секому да се дозволи да напише учебник, а уште помалце тој учебник без размислување да се вметне како задолжителен во образованието.
2. Да се отпуштат буквално сите професори кои не си го заслужуваат работното место и на нивните места да се вработат способни професори и педагози (има начини)
3. Да се укине матура и да се воведат приемни на сите факултети; оценките во средно да немаат многу влијание врз бодовите за прием, но поголемиот дел од знаењата кои ќе требаат за (соодветниот) приемен да бидат опфатени во средното образование (по соодветната, новоизготвена програма).
Мислам дека со вакви промени образованието колку-толку ќе ни’ се среди, бидејќи во оваа точка сега, е катастрофа. Насекаде има билдање оценки, ученици со сите петки на секој чекор... па дури и да повишат критериуми во една или две школи, професорите се свесни дека во другите училишта децата ќе имаат повисок успех иако имаат помалце знаење. И ним тоа им е проблем, се чувствуваат како да ни’ ги скратуваат шансите за прием на факултет. Доколку оценките од средно не би влијаеле толку за факултет, колку стекнатото знаење во тие неколку години, тогаш учениците би учеле заради знаење, а не заради бројче во дневникот.