Проклето здравство - малтретирање на луѓе!

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Еве само што се враќам јас од болница, ме чека деновиве краток хируршки зафат и папирологијата што мораа да ја пополнат е помала од таа што треба да се пополни ако сакаш да се иселиш од земјава. Ма ни за лансирање боеви глави не се пополнуваат толку папирологии. Гратис доаѓа три-четири часовното чекање.

Јасно е, реформаторот и инспекторот заедно со особата О.К. го доведоа здравството до тука каде што треба да ти се збогтиса од малтретирањето и да одиш да си платиш во приватните клиники.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.906
Поени од реакции
8.485
Da ti odgovoram..... NE ZNAM dali ke preziveeshe ako beshe vo dr drzava ili ne.Kakov bolen komentar ti e ova? Mene zasekogas do krajot na zivotot ke mi ostanat slikite deka go vlechkavme covekot 7 pati po bolnici i go premestuvavme 7 pati od nosilki do kreveti samo zatoa sto NEMA ORGANIZIRANOST toa da se napravi bezbolno.Covekot dobi mozocen udar mu se fati cela leva strana a ti me prasuvas deka sum se bunel deka sum go nosel na stolche? Sram da ti e! Ne daj boze ti da nosis tvoj roditel na edno obicno stolche po skali kako nekoj frlen lesh.Jas barav samo od bolnichkite sluzbi da bidat organizirani.Kako e mozno da dojdat dvajca a da me teraat da trcham po stanarite da baram pomos? STRASNO.
Лугето дошле, ти помогнале да го однесат до болница и ти плукаш по нив и си незадоволен што требало и ти да помогнеш да го однесат сопствениот ти татко! Како не ти е срам!

Да, болна е сликата не велам не, ама за тоа што добил татко ти мозочен удар тие се наjмалку виновни!
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Moe socustvo no problemot so zdravstvoto e golem zatoa sto nie ne go resavame deneska nema dobra usluga ako ne ja platis neli taka ne ucat na fakultet vo kapitalzmot ima nekoi drugi pravila.

Toa deka zivotot e najskap e samo floskula na politicarite koi i onaka samite begaat od odgovornost.

Doktori i recisi da nemame samo kafe kuvarki i medixinski sestri obsolete.
 
AntiZionist

undergoing construction
Член од
31 март 2009
Мислења
305
Поени од реакции
144
Лугето дошле, ти помогнале да го однесат до болница и ти плукаш по нив и си незадоволен што требало и ти да помогнеш да го однесат сопствениот ти татко! Како не ти е срам!

Да, болна е сликата не велам не, ама за тоа што добил татко ти мозочен удар тие се наjмалку виновни!
Извини ама кога човек има мозочен или срцев удар тој пациент треба да биде приоритет, а не да го мафтаат од клиника на клиника или од болница во болница. Кога последен пат си бил во болница ти извини? Си ги видел ли толпите кои ги закажуваат и презакажуваат, сестрите што пукаат сеир, докторите што не примаат без да подмачкаш и погрешните дијагнози кои скратија многу животи? Стави малце прст на глава и замислисе себеси како доживуваш срцев удар а те носат на токсикологија со дијагноза висок очен притисок.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.906
Поени од реакции
8.485
Еве само што се враќам јас од болница, ме чека деновиве краток хируршки зафат и папирологијата што мораа да ја пополнат е помала од таа што треба да се пополни ако сакаш да се иселиш од земјава. Ма ни за лансирање боеви глави не се пополнуваат толку папирологии. Гратис доаѓа три-четири часовното чекање.

Јасно е, реформаторот и инспекторот заедно со особата О.К. го доведоа здравството до тука каде што треба да ти се збогтиса од малтретирањето и да одиш да си платиш во приватните клиники.
Колку и да не ми се допагаат реформите на шалтерскиот работник, ке кажам дека папирологиата не е проблемот, пошто таа се пополнува додека пациентот е во одделение, а и е важна документациjа коа ке помогне при евентуално никнуване на компликации каj пациентот во иднина, За земане на решение дали некоj ке се оперира или не потребни се испитувана коj не се прават преку нок и бараат време, освен кога има оправдан ризик и се работи за итна состоjба опасна по живот.
Проблемот е во немането доволно капацитет на нашите болници да ги згрижи сите пациенти.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511

Дојди во Штип да ја видиш болницата во каква руинирана состојба е, или не дај боже да отидеш на нервно, таму е зона на самракот.
Условите се бетер од афричките земји, смрдеа неподнослива, ѓубре, лебарки. Значи не е само до капацитетот, туку и до условите.
Исто така, залагањето на голем број од медицинскиот персонал често во најмала рака е доведено во прашање. (не навлегувам зошто е тоа така).
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Колку и да не ми се допагаат реформите на шалтерскиот работник, ке кажам дека папирологиата не е проблемот, пошто таа се пополнува додека пациентот е во одделение, а и е важна документациjа коа ке помогне при евентуално никнуване на компликации каj пациентот во иднина, За земане на решение дали некоj ке се оперира или не потребни се испитувана коj не се прават преку нок и бараат време, освен кога има оправдан ризик и се работи за итна состоjба опасна по живот.
Проблемот е во немането доволно капацитет на нашите болници да ги згрижи сите пациенти.
Ок е да се губи време со впишување на податоци на компјутер и на 300 други места?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
Сличен случај со мозочен удар и ноншалантен однос на брза помош имавме пред некоја година со мајка и сопругата како и пролетоска ненормално лошо однесување од брза помош кога ги викнавме додека брат ми испушташе душа.А тоа е точно од персоналот.

Зарем за вакво здравство двоиме секој месец и ги плаќаме електронските картички по 250 денари?
 
П

Пепси_

Гостин
Лугето дошле, ти помогнале да го однесат до болница и ти плукаш по нив и си незадоволен што требало и ти да помогнеш да го однесат сопствениот ти татко! Како не ти е срам!

Да, болна е сликата не велам не, ама за тоа што добил татко ти мозочен удар тие се наjмалку виновни!
Тоа им е работа да помагаат кретени дебилни,и незнам дали му го прочита постот го носеле на обично столче каде е тука нормална таа работа ???
Па какви кретени се овие од брза помош,се случува несреќа со мотор 2 сокршени од глава до пети,овие идат отвараат колата и гледат дека го заборавиле креветот. Па демек ова градежна фирма е па го заборавиле скелето или лопатата и копачот за на нива ?! Не знаат една обична дијагноза да постават,а камоли да спасуваат животи.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.906
Поени од реакции
8.485
Тоа им е работа да помагаат кретени дебилни,и незнам дали му го прочита постот го носеле на обично столче каде е тука нормална таа работа ???
Па какви кретени се овие од брза помош,се случува несреќа со мотор 2 сокршени од глава до пети,овие идат отвараат колата и гледат дека го заборавиле креветот. Па демек ова градежна фирма е па го заборавиле скелето или лопатата и копачот за на нива ?! Не знаат една обична дијагноза да постават,а камоли да спасуваат животи.
Може ли носилка да влезе во тие тесни станови?

А дали ако го носел по скали (сеа не знам колку спрата му е зградата) на носилка не би требало најмалку 7 души? и нема некој да омалакса на сред носење и да падне човекот од носилката, кое решение го предлага тој за проблемот?

ЕСЗ тигар да доаѓа на секоја посета на брза помош, а тој како газда со рацете в џеб да посматра?
Da ne se povtoruvam
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
Da ne se povtoruvam
Тесни врати, малку персонал...не е така. Слично ни се деси и на нас пред неколку години, кога многу блиска роднина доби мозочен удар. Сакаа да ја остават дома со таква дијагноза. Вратата од бараката е широка за 2 кревети. Шоферот не крева оти е шофер, сестрата не крева оти е сестра, докторката е госпоѓа...стар човек да си ја носи сопругата со можност и него да го удри притисокот. Односот понатаму беше многу нехуман, не би навлегувал во подробности. Не успеа да се врати.
Имавме непријатна ситуација и кога брат ми почина пред 5 месеци (има низа непријатни ситуации со операции и дијагнози, но во интерес на просторот ќе се ограничам само на овие два случаи). Прво прашаа колку години па прашаа за болеста...не сакаа да дојдат, као не можат да му помогнат и така и така ќе умре. Дојдоа дури со расправии и закани. Значи можеле да дојдат, не дека немало возила.
Било која болест да е, ред е барем да му се помогне човекот да замине како човек на оној свет. Таков однос од луѓе професионалци е најблаго кажано одвратен, аматерски и мора да подлежи на санкции. Штета што нема санкции за нив него пак ќе го јаде некој доктор кој совесно си ја врши работата али нема книшка ни роднини на позиција.
Делумно да, виновници се парите и министерството, но поголем дел вината ја носат докторите со своите постапки. По болниците ако немаш свој, те гледаат едино како алатка за примање мито.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.537
Поени од реакции
22.195
Здравството кај нас од многу работи страда. Прво и основно е што не се вложува доволно пари, значи болниците, посебно во помалите градови, се катастрофално опремени. Нема машини, кревети стари 50 години, зградите уште од времето на СХС итн. и плус докторите се ниско платени за работата што ја вршат. Од тука излага корупција и немотивација иако се сомневам дека со повисоки плати тоа би се сменило, таков е менталитетот никаков. Секоја чест за исклучоците.
Па после би посочил и друг проблем, значи дали некој води евиденција какви доктори имаме? Убеден сум дека има одлични студенти кој после стануваат и одлични доктори ама исто така сум убеден дека луѓе стануваат доктори што врскаа немаат. Неможам иначе да си објаснам некој работи што су ги видел. Значи обична скршеница сосе рентген слика да немојт да ја дијагностицират или па да те трзаат ко некој баби што трзаат за скршени коски или па да те упатат кај гатачки демек немало поќе што да ти прават :facepalm: Подхитно сите лекари да им се направи државна проверка дали имаат доволно знаејне а тие што немаат врска јасно ќе биде како завршиле. Нема лабаво овде се работи за човечки животи и за жал многу добри доктори си одат во странство поради многу подобрите услови и плати и можам да ги разберам но од тоа губат сите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom