Производи со отворени кутии. И додатоци кои фалат, a фабрички доаѓаат со нив

H

HITCH

Гостин
Јас додека не проверам се` на лице место не земам ништо, сеедно колку има гаранција. Малку сум проблематична кога треба да дадам пари, милион работи ми текнуваат тогаш. Не ми се случило до сега да земам нешто расипано.
Еднаш, имав проблеми со веб камера од Нико компјутери, ги мрднав дечките. Го отворив упатството и ги испрашував вработените. Испадна дека имало некоја софтверска грешка, која случајно ја открија.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.496
Поени од реакции
8.017
Боби[Мкд];3994564 напиша:
Ме интересира кога купуеш телефон, дали е нормално батеријата да е полна 70-80% како што е секогаш, или треба да е празна?
Батериите на мобилните уреди (мобилен телефон, лап-топ и слично) се секогаш до пола полни од фабрика. Тоа е иницијално полнење кое го прават во фабриката каде што е произведена батеријата.

За понатаму има поделеност меѓу познавачите. Некои велат да се испразни целосно, па потоа да се стави на полнач 12 часа. Другите велат веднаш да се стави на полнач 12 часа.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
^
Обично од салоните на мобилните оператори кога ќе купиш телефон, препорачуваат прво да се испразни батеријата, па после да се стави на полнење.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
...дали нешто доаѓа со купениот уред или не ...убаво си пишува на кутијата...проблемот е што никој не чита пред да купи....најчесто има проблеми околу купувањето на принтери...скоро со ниту еден принтер фабрички не доаѓа усб кабел....ниту на кутијата нигде не е напишано дека пакетот содржи усб кабел....луѓето купуваат принтер...го носат дома...неможат да го приклучат....па потоа се враќаат и се расправаат со продавачите....
...на секоја кутија од било кој електронски уред убаво пишува што содржи кутијата....

ЗАТОА ПРЕД ДА КУПИТЕ БИЛО ШТО УБАВО ПРОЧИТАЈТЕ...И НА ЛИЦЕ МЕСТО ПРОВЕРЕТЕ ШТО ДОБИВАТЕ ЗА ВАШИТЕ ПАРИ
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.855
Поени од реакции
11.516
Ништо ново за Македонски пазар. Последниот пат кога купував радио за кола, на самата кутија имаше обележано дека доаѓа со далинско (а и поради тоа го купив) , за да вработените во нептун или како и да се вика (гтц до макпетрол) се обидат да ми го продадат како дополнителна опрема :icon_mrgr: и што понатаму?..
 
Член од
15 септември 2011
Мислења
3
Поени од реакции
0
Покрај сите зезанции што претходно ги наведовте мене ми се слчии нешто многу секојдневно. Бидејќи кај нас секогаш доаѓа второкласна роба, новиот C510 се гасеше random а некад само црн екран. Го носам на сервис под гаранција од T-Mobile и седеше некој 5 дена и ми викаат поправен е. Само што го зимам во истиот момент у рака го држам и оп ЦРН ЕКРАН. Ај пак го земаа, па ми го враќаа "поправен" и така неколку пати. Во тие ситуации ваљда го пробувале со мемориска дали ке блокира и заборавиле у нутра 512-ка. Ја извадив и после некое време пак проблемот и на крај ми дадоа нов тел :).
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.314
Поени од реакции
3.126
Мене доста пути ми се има случено ова али бидејќи се информирам за нешто пред да го купам скоро секогаш им се враќам у салон за да ми дадат топтан све. Сеа ми се деси пред некое време во Anhoch , купив Anhoch Goliath конфигурација што викаше дека има 500 gb hdd...добро све беше у реду. Доаѓам дома го поврзувам почнувам да го средувам и гледам иам 200 гб меморија место 500 ... а и графичката беше послаба. Се вратив таму цел изнервиран и уште пробаа да ме убедат дека јас сум грешка ... се качив горе кај нив ја собрав таа продавачката со мене ..го приклучив компјутерот и и покажувам...и на крај се извадија демек тој што ги местел конфигурациите се збунил со некоја стара конфигурација бидејќи ова била некоја нова. Сеа замисли на некој постар или неинформиран човек...ќе им шитнат вака и никому ништо. Во Македонијава наша секогаш треба претпазливост , сите се ситни лоповчиња по салониве.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.226
Поени од реакции
954
jas koga zedov Nokia 5800 (od T-Mobile) bese OK.. ama na tie sto kupija nekolku meseci podocna nekoi raboti "misteriozno" im falea, na pr., futrolata, rezervnoto penkalo....
Хм јас купив 5800 пред 2 години и немав футрола и резервно пенкало.... Да ги е***!
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Сум немал досега негативно искуство, ама затоа секогаш кога купувам техничка роба, се информирам прво за се’ до најситни детаљи, па и да сакаат да ме зезнат нема да им успее.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.073
Поени од реакции
12.623
Јас лично немам искуство со вакви превари, но во главно бидејќи кога сакам да купам нешто, однапред се информирам преку Интернет што се треба да дојде со производот кој сакам да го купам, па кога ќе отидам да го купам конкретниот производ, ќе земам ќе ги испрашам вработените се од А до Ш околу конкретниот производ, дали поддржува ова, дали поддржува она, дали доаѓа со ова, дали доаѓа со она, после 5-10 минути филозофирање им станува јасно дека си имаат работа со информиран клиент, кој знае што купува, а од тука очигледно знае и да се жали доколку го заебат.

Но еден идиот со кој завршив средно, велам идиот бидејќи има пари, ама нема памет, знае да се фали на што се троши пари, ама или никогаш не ги користи тие работи на кои ги троши парите или не знае како да ги искористи, во поранешен Германос, ова е негде 2004 или 2005 година, купи USB кабел за Нокиа мобилен телефон.

Но тоа беше некој посебен USB кабел за тоа време, кој доаѓаше со некаков адаптер кој бараше драјвери, а во упатството отпечатено на самата кутија со USB кабелот убаво пишуваше дека драјверите доаѓаат со флопи дискета во самата кутија, но дамите и господата од Германос, дали поради грешка при испораката или намерно, наместо драјвери на флопи дискета, со кутијата за USB кабелот на баткава му продале погрешни драјвери и тоа не на флопи дискета, туку на CD.

Претпоставувам дека ова било намерно бидејќи драјверите не беа изрежани на диск со налепница или слика или било што со што би се докажало дека тоа навистина е диск на производителот, туку беа изрежани на обичен диск Princo или некоја друга марка која можеме да ја купиме во било која продавница за празни дискови.

Овој идиотов велеше дека во мене бил проблемот, јас сум немал појма од компјутери, не сум знаел еден е_ан кабел да средам, а тоа време тешко се наоѓаа драјвери на Интернет, особено ако се земе во предвид фактот дека батката користеше обичен dial up Интернет, а што е уште поинтересно, преку Интернет дознавме дека фирмата која го произвела USB кабелот повеќе не постои бидејќи банкротирала, поради што уште потешко може да се најдат драјвери.

Драјвери не најдовме, тој си остана со неупотребливиот USB кабел, а Германос си ги наполнија џебовите за 900 и нешто денари.

Затоа секогаш треба внимателно да се провери производот пред неговото купување.

Матичните плочи за компјутерите се извор на цело богатство за дилерите.
Денешните матични плочи доаѓаат со SATA кабли, понекогаш и со дополнителни USB адаптери, како и други работи кои носат пари, на пример, ако матичната плоча доаѓа со 6 SATA порти, тогаш соодветно со матичната плоча се испорачуваат 6 SATA кабли, замислете само за колку ќе си ги наполни џебовите дилерот или овластениот дистрибутер од кој ја купувате матичната плоча, ако ви испорача само еден или два SATA кабли, а останатите си ги задржи за себе и ги продаде дополнително, со што и дополнително ќе си ги наполни џебовите.

И со драјверите си играат, може да се случи да ви продадат компјутер или матична плоча или графичка картица без драјвери, иако истите мораат да дојдат со купениот производ, но затоа пак, доколку сте го реинсталирале оперативниот систем или сте инсталирале нов оперативен систем во компјутерот и ви притребаат драјвери, а не знаете како да ги најдете и симнете преку Интернет, тука е продавачот на компјутерот, односно на хардверот за кој ви требаат драјверите, и со најголемо задоволство, за одредена цена ќе ви ги продаде драјверите, или уште полошо, ќе ги инсталира и ќе ви наплати за тоа, но сепак ќе си ги задржи за себе и ќе заработува пари од тоа.

Затоа секогаш внимавајте што купувате, во каква состојба е кога го купувате и што се ви испорачуваат со конкретниот производ.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Секогаш проверувајте си што купувате и што ви следи со тоа. Кога ќе ги дадете парите, после џабе ви е да проверувате.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom