Прозни искри

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Кога врз памукот од мојата маичка ќе се налепи чад од 3 испушени цигари, кога истиот ќе се вбризга подлабоко под наслојките од кожа, органи и влакненца, јас по правило треба да имам лице на медитативна Индијка.
Инспиративно, овој пат катаклизмата ме стигна, та ниту еднаш не успеав да трепнам додека те гледав. Никотинот не помогна. Закоравените солзи се топеа под жарта од срцето, жар толку горежлива и болна, жар што повредува и сече...
И знаев уште пред да зборнеш што ќе речеш, знаев дека ќе дојде деструктивната планетарна борба во мојот организам, дека еден ден ќе посакам да повратам од болка. Толку е очекувано мил, дека робувањето на сопствените слабости еден ден ќе те стигне. Тој ден за мене дојде. Коинцидентно и времето надвор го следеше мојот ритам. Ритам на бестијално рикање и крици за минатото...
Останувам... Не сум сама.
Јас сум со тебе...
На улиците,
на пешачките,
во парковите,
становите,
кафаните,
фурните,
планините,
на дожд,
на сонце,
секаде! :pipi:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Perhaps life is just that...a dream and a fear.

Сосема случајно, оваа реченица долета, изникна од никаде пред моите очи. И почнав да размислувам, почнав да летам со моите мисли кои и онака се хаос. Мојот живот...навидум сосема совршен, идиличен, дури на моменти премногу добар кон мене. Барем тоа го гледаат очите од страна, очите кои никогаш не се задлабочиле во моите очи. Животот...мојот живот е една голема празнина. Дупка во која се повеќе и повеќе пропаѓам, затоа што мојот живот е мојата душа. А мојата душа е заклучена, пикната некаде длабоко и има чувар кој не и дозволува слободно да лета. А тој чувар е сосема добро познат на сите. Има и посебно име. Неговото име е страв... Опасен, строг чувар, кој ја има киднапирано мојата душа. Чувар кој ја тероризира мојата душа, а со тоа и мојот живот.
Убаво вели реченицата...можеби навистина е така. Можеби навистина животот е мешавина од нашите стравови и соништа, желби. Но, како? Како се создадоа тие стравови? До вчера слободно ја пуштав својата душа да лета како слободна пеперутка во разни бои и шари, а денес таа е заробена во мрежа и се бори да излезе на воздух, се бори да биде истата таа слободна душа. Но, се додека стравот и стегнатоста се нејзини безмилосни чувари, душата ќе продолжи да венее, да гувее, да слабее. И кога веќе ќе бидам подготвена да ги отпуштам тие чувари, ќе биде премногу доцна. Ќе бидам само едно обично зомби, а мојата душа, мојот живот ќе нема ни смисла.
Моите соништа, желби се преголеми, се широки, искрени и полни со љубов, но стравот е тој што ме влече во една огромна провалија, во дупка без дно, во која се повеќе и повеќе запаѓам. Стравот ме парализира, не ми дозволува да бидам слободна, среќна, не ми дозволува да се погледнам во огледалото. Затоа што одразот ќе постави многу прашања кои јас нема да можам да ги одговорам.
Во моментов само сакам да бидам слободна. Да можам да уживам додека ветерот ми ја бушави и ми ја прави косата хаос, да уживам додека трчам како мало дете. Да се чувствувам слободна. Да не анализирам, да не се плашам да потрчам за да не паднам и се изгребам. Некогаш...само понекогаш, се прашувам дали јас воопшто знам да живеам? Или само сум бубалица која знае да се снајде само од читање книги и учење учебници? Зарем сум навистина само тоа? Зарем сум само човек кој се крие зад дебелите книги и ништо повеќе? Зарем знам нешто повеќе? Дали вредам повеќе од таа етикета? Зарем тие зборови и тие дела се уште ме болат? Зарем до сега не требаше да се ослободам, да ги надраснам сите тие работи?
Каде е мојата душа?
Каде е мојот живот?

Ако некој ги пронајде слободно нека ме извести. Се чувствувам загубено и неспособно без нив.
Дали душата е се уште тука? Дали таа е премногу слаба или стравот е премногу голем?
Ова се прашања...прашања секојдневно кои си ги поставувам и никогаш не им наоѓам одговор.
Некогаш...можеби...ќе се изборам да ја вратам слободата на својата душа, а со тоа и на мојот живот.
Дотогаш, ќе бидам изгубена, ќе лутам и ќе си префрлам на самата себе за грешките кои ги правам...А што друго ми преостанува?:toe:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Празна соба и само еден расклатен стол над кој виси една обична сијалица. Седам на столот и гледам во празнината на собата обидувајќи се да најдам нешто. Одеднаш во собата се појавува син теписон. Во левиот агол неколку полици со сувенири. Пд нив мала лампа која со својата бледо-сина светлина дава спокојство. Зад мене го слушам уклучувањето на компјутерот, а десно го гледам новиот сив телевизор кој стои на една мала комодичка од чии страни има распоредено слики во рамки и неколку цд-а. Ѕидовите од темни и влажни, стануваат тазе фарбани во светло зелена боја. Креветот се наоѓа од левата страна. Столчето на кое седам се претвора во оние мали фотељи полни со некакви зрнца а пред мене се појавува една мала масичка со неколку списанија на неа. Веднаш до тв-комодата се исцртува еден плакар чија десна врата е огледало. Музиката почнува да свири од компјутерот, а двд-то стои отворено чекајќи некого да пушти некој филм.
Почнува забавата... Слушам гласна музика и се радувам на убавиот ден. Седнувам да гледам телевизија. Го пуштам новиот филм на Пиксар продукција и се задлабочувам во прекрасните слики. По само неколку минути во собата влегуваат сите оние кои ми значат. И уште еднаш, забавата започнува. Смеење, играње, муабетење.
Одеднаш се слушаат силни грмотевици. А јас, потполно сам се’ уште седам на она расклатено столче. Сијалицата полека почнува да трепка, а потоа прегорува оставајќи и простор на темнината која полека но сигурно ме проголтува.
А сета онаа забава беше само излузија. Сепак, и во најтемниот агол на собата нема да престанам да фантазирам. Само тоа ми останува.
 
Член од
12 април 2007
Мислења
21
Поени од реакции
4
Дожд....веке 3 ден дожд...ме излудува...сакам сонце..
Оддамна не сум пишувала можеби моите зборови ке звучат излитено..фразите ке се повторуваат...но тоа сум јас...едноставни зборови ...по некоја загатка...по некое секавање...колку душа да наполнам,да ја исполнам осаменоста да не ја осекам далечината...да ја пополнам празнината...
Празна соба полна чад...пепелник полн пикавци...чаша вино на пола празна...сама во огромна просторија која полека полека се смалува а јас седам во средината и чекам зидовите да ме скријат...да изчезнам....големи очи полни празнина и поглед во далечина...а надвор дожд
 
Член од
12 април 2007
Мислења
21
Поени од реакции
4
Денес конечно сонце..се разбудив порано од вообичаено,со надеждека ке можам добро да го искористам денот...отидов на старото место..седев на карпите а нодзете ги ладев во водата...ги затворив очите и оставив сонцето да ме милува...ги осекав зраците како го галат моето тело..стапалата ..нодзете ...
половината..рацете...вратот...лицето...одлутав со мислите некаде далеку..не ни ги забележував децата кои играа недалеку од мене..ниту пак ја слушав нивната врева...ги гледав пепрутките и птиците како го изведуваат својот танц и посакував и јас да сум дел ...сонував со отворени очи....се додека децата не ме испрскаа со вода ....скокнав одедаш....целата мокра ..но и изгорена....очигледно миловањето треало малку подолго од колку што требало...а толку многу копнеев по сонцето..за на крајот да ми нанеси болка....сега облоги ги ладат моите рани..но залудно болката е огромна...а знам кога утре пак би имало сонце јас пак би седела тоа да ме милува.....и пак би патела....а викаат на грешките се учиме...кога ли јас ке се научам????...
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Од старт се откажувам од длабоки симболики, стилски фигури, уметнички стилови...нека текстов биде прозаичен.
Немам воља денес пак да ја облекувам секојдневната мисла во фустанчиња од естетска уникатност.

Наместо тоа, денес сакам да изјавам љубов. А, и тоа е дежа ву. Содржи два толку познати збора...Те сакам.

Но, сепак, ТЕ САКАМ.

Макар и по цена да се одметнам од кул генерацијата и нашите кул размисли.
Диоген сакаше да најде среќа.
Денеска, кај неговите следбеници, трендсетерите, среќата не е ин. Уште помалку љубовта.
Но, не ми е важно.

А, кажав ли кого сакам?

Оној кој, со детска наивност, трапаво бара љубов и заруменето ја нуди. Или со врисок ја изнудува.
Оној кој кога паѓа, се лути што воопшто паднал, и намуртено ја одбива раката која сака да го крене пак на нозе.
Оној кој, цел измусавен бара уште сладолед, иако веќе почнува да му се лоши од трите претходно изедени.
Оној кој убедува дека другото дете го удрило прво.
Оној кој се колне дека мачето ги изело колачињата.


Оној кој...е секој од нас.
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Принцезата со "обично" име...

Се приближуваше моментот кога требаше да се збогуваат, да стават крај на нивната прекрасно мината вечер. Беше свесен дека можеби нема веќе никогаш да ја сретне, дека можеби неговите очи за последен пат се губат во погледот на таа нејзина, невина насмевка. Но, не му беше важно, зашто живееше за овој момент, и беше решен да го дознае името на таа девојка, за него принцеза во ноќта... Следеше едно одлучно: "Зар на ваква прекрасна девојка да не и' го знам името? Не би си простил таков грев никогаш!"
- Следеше едно срамежливо кикотење од нејзина страна, но потоа одеднаш меѓу нив двајца настана тишина... Тишина, која можеше да биде прекината само од интензивните отчукувања на неговото срце, кое како да нервозно се поклопуваше со ритамот кој го наметнуваа штурците кои, како и секоја ноќ, ја пееја својата монотона песна. Му се чинеше како вечност, но вечност во која не би сакал да се најде тој, вечност која правеше да се чувствува напнато, несигурно, па дури и за момент да се запраша дали воопшто требаше да го каже она што последно го кажа, кое само до пред неколку секунди делуваше толку сигурно, самоуверено од негова страна. А таа? Мудро молчеше, а нејзиниот поглед беше фиксиран на напнатиот израз на неговото лице, а со рацете му помагаше на тивкиот ветар кој весело подигруваше со нејзината долга коса. Не беше свесна дека тој во моментот токму за таа коса фантазираше, му ЉУБОМОРЕШЕ на ветрот што толку дрско си зема за дозвола да ја гали нејзината коса, иако не се знаеја, нешто по што тој копнееше... А нормално дека тој колку-толку ја запозна подобро од еден вечерен ветар. Но, секундите минуваа, а тој почна да се чувствува како мачка која полека го губи и својот деветти живот. Мислеше дека е подготвен да врисне, како воин признавајќи го поразот во некоја битка, соблечен од својата гордост. И како да доаѓаше тој крик од некаде длабоко, внатре во него, кога одеднаш гласовите кои во него веќе вриштеа ги замолкна едно нежно зборче: "Александра...". Се збуни, како да имаше заборавено што треба да значи тоа. Но за среќа, таа како да насети и повтори: "Убавата девојка се одзива на името Александра.". Се свести, и за момент поцрвена... Александра? Па чекај, тоа е сосем обично име, име кое го имаат милиони девојки. Очекував нешто далеку посвечено, пограциозно... - ова беа мислите кои се провртеа низ неговата глава. За веќе наредниот момент да сфати дека овојпат тоа име некако звучеше посебно, одѕвонуваше како мелодија во неговите уши. ДА, беше сигурен! Можеби има и други девојки со исто име, но оваа дефинитивно го имаше најубавото од сите нив! Имаше нешто посебно во оваа Александра, нешто што останатите го немаа, нешто што ги правеше незаслужни да го носат тоа толку обично, а за него толку свето име. Сите овие мисли беа прекинато од нејзиното : "Време е да одам. Знаеш, нели?". Да, знаеше, и тоа како знаеше, и тоа како се јадосуваше заради тој факт. Но, моментот беше тој. Ја фати нејзината рака, притоа заземајќи џентлементски став, се наведна, и ја бакна, нежно како што никогаш не бакнал... "Како треба да го сфатам овој гест?" - запраша таа. " Сфати го како еден најобичен бакнеж за добра ноќ, Александра." - рече тој, особено внимавајќи во изговорот на нејзиното име, кое сакаше да звучи некако понежно. " А јас не треба да го сфатам никако, зашто веќе знам што претставува за мене. За мене овој бакнеж кој ти го упатив, претставуваше резиме на сето минато време со тебе ноќва. Да, можеби е еден мал, нежен бакнеж на твојата бела рака, но токму преку таа нежност сакам да ти покажам колку всушност внимание ти посветувам... Внимание какво што заслужува една принцеза, принцеза по име Александра.". Овие зборови дојдоа како музика за нејзините уши, и се' што успеа да изусти потоа беше:"Ми се допадна твојот гест, ако е така како што велиш. Но, имам една подобра идеја, односно, знам начин како таа нежност да ми ја покажеш на поинаков начин.". Веќе наредниот момент, му скокна во прегратка, а нејзините усни се споија со неговите... Додека ноќта беше таа која се погрижи за се' останато.
 

Самара Морган

НЕ Е ВЕЌЕ ЧЛЕН НА КАЈГАНА
Член од
24 јуни 2009
Мислења
511
Поени од реакции
33
Морам да потенцирам дека ова е на еден другар кој ме замоли да го пастирам :smir:

Јас сум ТОЈ.
Кој никогаш не касни, не заборава
и се замара со глупости.

Јас сум ТОЈ.
Што не може да поднесе да имаш други важни личности во твојот живот, што се лути за ситници, што плаче на филмови, живее во бајки, т
ој што се обидува да те смени.

Јас сум ТОЈ.
Што не може да престане да се бори и кога војната е одамна завршена. Да јас сум т
ој што те нервира, што те замара, што те провоцира, што сака секогаш да знае каде си, што те гуши, што бара сè и сешто од тебе.

Да, јас сум ТОЈ што едвај живееш покрај не
го.


Но јас сум и ОНОЈ другиот.
Што се грижи дали си настинат
а, дали си доволно облечена, дали си среќна, дали си нервозна, дали те боли глава, дали си поминала добро во школо. Јас сум и ОНОЈ што е секогаш тука да плачеш, да се смееш, да се караш, да ти дава совети, да те гушка, да те гали. Јас сосема сум и ОНОЈ која остава сè за да биде со тебе, баш ОНОЈ што знае сè и пред да кажеш и тогаш кога не кажуваш.

Да, јас сум ОН
ОЈ што со крената глава ги поднесе сите твои зборови, сите твои други, сите твои краткотрајни врски. Сосема сум ОНОЈ што беше ставан на втор план кога имаше некој друг.

Вистински сум ОН
ОЈ што стави точка на својот, за да продолжи со градењето на среќата во твојот живот.

Непорекно сум ОН
ОЈ што се заборави себе, за да може да те памти тебе.

Веројатно ќе бидам ОН
ОЈ што ќе плаче со тебе при следната непогода. Ќе виси со тебе во болница. Ќе го смирува ветрот, за ти мирно да спиеш...

Веројано ќе бидам и ОН
ОЈ кој што го вложи својот живот за некој друг да ужива во тебе...


Да
сосема сум ОНОЈ будала. Нема тука што.
И тоа највеќе ме боли.
 
K

kat.<3

Гостин
Тешки времиња пловат и моите очи не можат да ги видат ѕвездите како сјаат, моето срце не може да ја чувствува убавината на сонцето. И јас сум изгубена како шише што плови во морето засекогаш. Дали некој ќе ја земе мојата надеж? Дали некој ќе се обиде? Дали ќе разберам?
Затоа што е скршено . Нешто се скрши како да е украдено, украдено, како да било украдено и боли. Бев во болка и сега само времето ќе каже, времето ќе излечи.
Само парчиња на вистина што избирам да ги чувам.. не е важно дали сега ги нема, не е важно дали сум сама. Сеуште можам да станам на моите нозе и да продолжам.
Знам дека имаше нешто да научам. Знам дека секогаш ќе има повеќе за што вреди да продолжам.
Сакам да бидам еден од оние обоени летни денови кога сите се среќни што ти дојде, секој се смее на тебе како што нивните очи се сретнуваат со твоите.
Но нешто мора да се случи прво.. знам дека зимата мора да дојде пред да цвета.

kat.
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Несоница.

Полноќ одамна помина, а ја уште не сум заспал.
Проклета да е таја... несоница.

Сакаме да ја победиме, се бориме. Но на крајот губиме... нашата војска е премала за да ги сруши нејзините ѕидини. Тие ѕидини се доста високи, оштри, страшни и никогаш порано освоени кое што највеќе плаши.
Страв? Што е тоа?
Не знае мојата војска за тоа нешто одамна. И одиме во војна за која многумината велат дека е самоубиствена.
Но јас не верувам во тоа, а исто така и мојата војска.
Помалубројни сме. Но нас тоа не не загрижува. Мн војни сме прошле помалубројни, мн тврдине сме освоиле помалубројни, мн кралства смо уништиле помалибројни, мн културе смо уништиле, мн народи смо уништиле помалубројни. Па зашто не и оваја.
Така седнавме на тркалезната маса. Јас заедно со сите војсководци кои ни беја сојузници. Направивме тактика и се ни остануваше само да чекаме да дојде зора за да нападнеме бидејќи во зора ќе бидат поуморни, поиземоштени и таке ќе можеме полесно да ги совладаме.
Не проаѓаше вечерта. Сите беја нервозни и со нетрпеније ја очекуваја зората. Некои умреја чекјачи. Тоа беше долга вечер.
Конечно дојде зората, а со тоа и почетокот на нападот.
Се се одвиваше според планот. Нападнавме таму каде што кулите им беја најслаби. Имавме доста добри катапилти и тоа го решија ја многу кратко време. Но ништо не правиме ако ги рушивме кулите. Требаше да ја рушиме и капијата. Па и тоа го направивме... па и беше тоа во тактитака.
Се изгледаше толку лесно. Некако не очекувано. Требаше да изгубиме? Сите нели велеја така?
Но ние не изгубивме туки ние го закачивме нашето знаме на врвот од замокот. Никој што досега не го направил.
Но зошто никој? Во што бев ја и мојата војска посебни?
Во нашата бестрашност? Каде е клучот?

Н-е зна-м к-аде е чл-учот н-о па-к ј-а з-а-с-п-а-а-а-в...zZZzzZzzzzzz
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Петмината што ги среќавам...секој ден

Денот ми почнува со Ное. Ное не е налик на мострата од христијански потомок што ја избра Дедо Господ. Ное е олицетворение и симбол на една веселкава љубопитна старост со која мора да се справам учтиво оти не сакам да ме озборуваат во маало по лошо. Само сакам да додадам дека има моменти кога размуслувам за пешачење од плус 15 минути за да го избегнам Ное. Ете толку ми е мил. И драг.
Следна станица е типот со превозот. Типот со превозот е рандом релативно млад тип со велосипед кој никогаш не пешачи. Го користи велосипедот. И јас би да не стоеше во гаражата расипан веќе неколку божји лета, од немукает. Го нареков типот со превозот бидејќи еднаш кога врнеше и јас си патувкав пешадија со карирано чадорче и си размислував да си ставам аватарче со сликче на девојка која си патувка со чадорче го видов типот со велосипедот во такси. И му простив. Сигурно треба да оди некаде подалеку од мене.
Наредната станица е станица на која морам да запрам, а ништо живо не ми се чека или седи таму. Сите чекаме автобуси кога мораме, а се сомневам дека постои некој кој сака да се вози со автобус во оваа држава. Така преминуваме на Него. Нека не ве буни големата буква . Се однесува како Бог. Не онај мил христијански бог кој јас никогаш нема да престанам да си го сакам туку ова е друг калибар на Бог. Зол, семоќен, сеиздржлив, муњест и тапа фраер. И морам да го слушам, тоа најмногу ме пизди. И тоа што немам право на реплика уште повеќе. Нејсе. Се надевам дека некој ден ќе сфати дека не е смешно да си добар човек иако животот секој ден можеби му го навестува спротивното.
Следува провокативната мајка Тереза. Еден куп контрадикторности и интригантности и уште еден куп други сплетки. Јебига изгледа ме привлекуваат такви личности. Неа да кажеме дека ја засакав. Немојте одма во таа конотација ви ги читам мислите. Како личност, како пријател, а најмногу како симбол на ова време во кое се преживува секојдневно. Отепајте ме ама толку труд, толку итрина и толку послушност мене ми е сеуште поетична, а не како што би кажале вие реална, компромисна или секојдневна. Премногу епитети. Нејсе.
Денот го завршувам најверојатно со себе и во моментов имам најмалку инспирација. Јас сум како бомба која во секој момент ќе експлодира. Ме радува само тоа што не ми е сеедно, а постоеше време кога се бев помирила со `се. Останува да си префрлам секојдневно што не сум уште поголем борец или да си жалам за креативниот сплет од не толку среќни околности, ама тоа `се е едно здодевно секојдневие за кое не ми се зборува. Ама ни најмалку.
И пред да си легнам си го уклучувам писито. Само тогаш медитирам верувајте. Нити една асана не си може со мојот писи. И тогаш постирам на ДР или ќе го сменам статусот на фејсбук.
На М.П му се допаѓа ова.
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Писмо.

Драго
мое другарче...

Сакам да ти кажам нешто, веќе редно време е и не можав да го држам тоа во себе.Но од каде ли да почнам. Од твоето раѓање, може ? Бидејќи ако почнеме од моето тогаш ќе треба многу да пишувам. Стар сум јас.
Па вака... ти мене може не ме знаеш, не си ме видел па и не можам да бидам виден но секој го има или пак го имал во себе.
Присуствуав на твоето раѓање. Беше мало слатко буцкасто бебенце со темни црни очи кои беја мистерија, даваја знак за несигурност, тага и срав. Па сакав да ти помогнем да бидеш нешто во животот. А јас го пројдов целиот мој живот со татко ти, од неговото раѓање ко нешто да знаев дека треба да бидам со него. Имаше некоја енергија во него која се чуствуваше од далеку и се знаеше дека ја треба да бидам со него целиот живот. Па така и беше. Бев со твојот татко се до неговата смрт. Го заслужи тоа.
А пак ти? Од мал почна да не ме сакаш и да не веруваш дека постојам. Не си ме гледал па не си можел да веруваш во мене. Па што? Тоа ли ти беше изговорот? А изговор што ти беше кога те донесе дома полиција бидејќи си украл бонбона и тоа на шест години. Така ли те учеја дома? Но ајде ништо не е ова мал си бил ти се простуе.
Но пак кој ли ти беше изговорот кога на единаесет години му се јавуја на татко ти на телефон од болница и му кажаја да дојде да ја плати инфузијата која си ја примал поради пијанство. Така ли те учеја дома? Но ајде ништо не е ова мал си бил ти се простуе.
Но пак кој ли ти беше изговорот кога на петнаесет години дојде ти дома и им соопшти на твоите родители дека ќе станеш татко. Си го уништи животот. Така ли те учеја дома? Твоите ти простија за ова, син си им и ти помагаја колку што можеја.
Но пак кој ли ти беше изговорот кога на седумнаесет години им се јави на твоите и им соопшти дека си зел преголема доза на апчиња за спиење и ќе умреш. Но твоите те сакаја дојдоја одма и те однесоја у болница. Те спасија. Сеа требаше да бидеш голем да размисљуеш сам, да знаеш да бидеш јак, да знаеш што е добро а што лошо. Но ти ги изневери сите.
Но пак кој ли ти беше изговорот кога на дваесет и две години родител на три деца и жена која беше секогаш верна на тебе ти најде да идеш со други. Да ја изневеруеш женати, децата, а и сите што навистина те сакаја. Не е важно што те збореја сите дека си таков онаков туку важното беше што блискити ги повреди. Слабак беше од секогаш некако и подлегуеше на животот.
Но пак кој ли беше изговорот што ја те напуштам. Најголемото зло дело што си го направил. Ова горе наведените се ништо, тие се стиници. А тоа што ја смени религијата беше нешто неопростливо. Немаше причина за такво нешто. Зашто го направи тоа не разбирам. Можеби црните очи, очи на мистерија кои никогаш неможев да ги разберем беја причината.

Што ли само направи? Го пострамоти својот татко, целото семејство и сите што ја имаат твојата крв во нив.


Остани здрав.
Твојата чест!
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Red bra.

Еднаш те стретнав, те видов, те почустував.
Не сакајчи и незнајечи дека постоиш. Но ти беше до мене. Толку блиску што целото мое тело трепереше. Трепереше толку силно што влијаеше на морето и се создаваја мали бранови. Мали слатки бранови.
Но нашата средба не траеше долго бидејќи мораше да ме напуштиш и да отпливаш во морето. Но ќе те памтам. Само тебе ќе те памтам во таа бурна летна вечер иако ти беше само мал детал во вечерта.
Вечер која ми го промени животот, вечер која ме прогонува во соништата, вечер која сакам да ја заборавам.
Биди проклет ти... ти... Red bra.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Born to love...

Луѓето тврдат дека не постои љубов. Луѓето тврдат дека сите само чекаат да забодат некому нож во грбот. Но, јас се смеам на тоа, јас тоа најостро го демантирам. Љубовта е насекаде. Во воздухот, земјата, облаците, сонцето, тревата, животните и во луѓето. Жалосно е што луѓето се повеќе и повеќе се концентрираат на материјалното па не можат да забележат колку всушност љубов има околу нив. Љубов...кога пчелата е на цветот, тоа го прави со таква љубов, со таква елеганција. Погледнете само како кенгурите се грижат за своите малечки или како кучките ги бранат своите малечки. Кога ќе се видиме со пријател кој не бил во државата, кога ќе се напиеме кафе со оние кои ни значат, кога ќе играме на омилената песна во некоја дискотека, кога ќе се напиеме и гушкаме... се е тоа љубов. Љубовта е во секоја клетка во универзумот, само што штета е што луѓето се заслепени од себичност и ставаат превез над своите очи па не можат да видат.
Љубовта е совршена. Луѓето не се. Љубовта возвишува, љубовта усреќува, љубовта сјае. Љубовта никогаш нема да не' повреди, затоа што е безусловна и совршена. Љубовта не може да предизвика солзи од тага, само солзи од среќа. Луѓето и нивната ограниченост и ослепеност предизивкуваат тага, болка и патење. Љубовта е прекрасна, неограничена, не бира и не гледа физичка убавина, старост, болест, богатство. Луѓето гледаат. Затоа и луѓето се несреќни, затоа што не дозволуваат љубовта да влезе во нивниот живот. Партнерот не е единица мерка за среќа, љубовта е. Љубовта кон животот е она што треба да не' мотивира.
Она што му недостасува на светот не е љубов, она што му недостасува на светот се отворени срца. Кога сите би престанале да се криеме во оклоп и само фокусот на вниманието да го насочуваме кон негативни работи, би виделе колку е светот полн со љубов. Сите сме опкружени со толку многу љубов, а толку истата ја игнорираме.
Многу ми е мило што никогаш не сум се ограничила и замижела пред љубовта. Сум сакала, сакам и ќе сакам. Ме повредиле луѓето, љубовта никогаш. Луѓето знаат да бидат многу злобни, но пак ќе ги сакам. Лузните во душата се дело на луѓе, но срцево чука со полна пареа и енергија. И секогаш ќе биде така.
Љубовта е моја идеологија. Се будам со љубов, заспивам со љубов.
Можеби нема да почувствувам како е да бидам сакана, но мојата љубов секогаш ќе ја давам и никогаш себично нема да ја чувам за себе.
Јас сум родена да сакам. I was born to love. Да, цврсто верувам дека сум родена за да сакам, за да ја ширам љубовта и за да ја пренесувам таа енергија и тоа совршенство. Најголем благослов е човек да сака и тоа им го посакувам на сите.
Го сакам животот и луѓето во мојот живот. Се што правам, правам од љубов и затоа знам дека сум најсреќната личност на планетава.
Или како што пее Каролина во “Љубовта е моја религија“:
...и доволно ми е, да љубам и да постојам...
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Пекол.

Пред да почнете да го читате ова облечете нешто потопло и одете до најсветлотот место кое можете да го најдете бидејќи таа е студена и страшна како смрта. Поголема од титаните и посилна од Херкул.
Немој да мислите дека ова е нешто античко и старно. Напротив ова е современо, нешто наменето за нас современите кежуал луѓе.
Па како ли беше приказнава. Од каде ли да почнам да ја раскажувам. Од проклетото утро...
Дожд, темнина, студ. Не би требало вака да е во ова августско утро. Не доликува на ова лето кое беше исполнето со сонце и радости. Па можеби летото завршува па така и радостите.
Следува тагата. Студот и темнината се нејзини синови. Се издигаат од подземјето и пополаку но сигурно го покоруваат сонцето. Сонцето безнадежно се повлекува. Настапува сега темнината која ја прикрива секоја педа од земјата, не остава ни едно мало место на светлина, а пак студот создал мразулци кои ги убиле цветови и целата природа.
Живот свет одамна престана да постои. Има само звуци од виулиците што го убиваат веќе убиениот жив свет. Но тогаш Љуцифер доаѓа на земјата и виулиците доаѓаат до него и прават обрач за да не може ништо да стигне до него. Иако не ни постои нешто што би можело да стигне до него па камо ли да му наштети. Заедно со виулиците проаѓа над мразот, слушачи го звукот на кршење на замрзнатите цветови. Ја помина целата земја, виде се, почуствува све. Но ништо немаше да се види ништо немаше да се почуствува. На крајот свати дека не требал вака да постапи. Се каеше но веќе беше касно. Посакуваше да умре но немаше нешто што можеше да го убие. Па така живеше вечно заедно со вечната мака и им завидуваше на луѓето што живеле пред тоа на земјата и кои биле смртни. Посакуваше да бил ко нив. Но веќе беше касно. За се беше касно.
Па така ова нешто го нарече ,,пекол,, бидејќи пеколот што веќе постоеше не му беше достојно да го носи тоа име.


*****************************************************************

Нешто за мене. Нешто за ноќва.

Тивка ноќ. Темна ноќ... долга ноќ!
Со нетрпение го очекувам утро. Утро кое треба да биде дел од мојот план. План кој тешко се остварува. Но не и невозможно.
Трпението ми е при крај. Како што е при крај свеќата на мојата маса која тивко, споро се гасне.
Но ќе издржам. Не ми треба светлина за да пишувам. Не ми тебе инспирација за да творам.
Тука е мојот живот, тука е долгата ноќ со мене.
Таа нема да помине. Па ни моите дела нема да запрат.
Таа нема да се осветли. Па ни моите дела нема да се видат.
Но пак тоа нема да трае вечно. Мора некоаш да помине и оваа ноќ. Мора некоаш моите дела да се осветлат.
Но дали се преценувам. Дали ова го зборувам од недостиг на самодоверба? Не не. Ја сум доволно силен. Доволно силен за да поминам низ се, доволно силен за да постигнам се, доволно силен за да ги победам сите.
Сите. Буквално сите. А тоа значи и тебе.
Па затоа биди спремен. Бидејќи долга и темна е ноќна, доволно темна, доволно мистерична за да внесе страв во тебе. Страв од незнаење што следно може да излезе од неа.


С.Н
15.07.2009
 

Kajgana Shop

На врв Bottom