Како што шеташе со друштвото на Огнен му заѕвони телефонот. Само нејзината мелодија беше ставена да звучи поинаку , поради тоа се одвои од друштвото и одговори на повикот .
-„Огиии , како си ??“
-„Ејј не очекував да ми се јавиш “ се насмевна Огнен „ Што ти текна вака пријатно да ме изненадиш?“ праша тој насмеано
-„Јас на кратко ти се јавувам да те чујам па ќе морам да искачам , знаеш вечер од бивши клас ќе се собираме. Ќе се видам со другар ти Јован“
-„Ммм.. Не ме спомнувај , скаран сум со него. “
-„Зашто ?? Кога ??“ праша Оливера загрижено
-„Не е важно.“ кажа Огнен и брзо ја смени темата „И како е таму ??“
-„Лелее , многу е топло не се издржува , како е таму??“ праша Оливера.
-„Пааа, и тука е топло ама не е до толку. Инаку кога ќе се враќаш од одмор ?“ праша Огнен.
-„Нека биде изненадување “ се насмевна преку телефонот.
-„Е ајде нека биде “ се насмевна и Огнен.
Оливера тргна да се види со пријателите од поранешниот клас во кафич во центарот на градот. Кога стигна до кафичот , тој веќе беше полн . Едвај ги препозна другарите од поранешниот клас , премногу се измениле,пораснале. Некој наеднаш и ги затвори очите и проговори со низок машки глас
„Погоди кој е ??“
„Ее,никогаш не сум била добра во погодување“ рече Оливера зачудено . И се чинеше дека гласот го нема чуено никогаш претходно.
Момчето ги тргна рацете и Оливера се сврти и силно викна „Јовеее !! Си пораснал!Те немам видено 4 години!“
Тој само се насмевна.
Седнаа тие двајца еден до друг и си раскажуваа кој каде се запишал и кој каде живее сега. Имаа многу работи да си кажат. Кога започнаа да зборуваат за љубов Јован праша
-„Уште си со Огнен?“
-„Да , се разбира. Велев јас уште во средно дека никогаш нема да раскинеме “ се насмевна таа
На Јован како да не му одговараше тоа што го кажа Оливера и кисело се насмевна .
„Убаво убаво.“
Вечерта продолжи и продолжија да се забавуваат. И да пијат.
И двајцата испија многу алкохол и беа опуштени.
Кога искочија од кафичот Јован праша пијано,клатејќи се :
-„И кај си сместена ??“
-„Во Камп сум со другарки, ти?“ одговори Оливера .
-„Јас кај мене во куќа ене ја на 5 минути ако сакаш преспиј кај мене , сам сум . Ионака далеку ти е кампот !“ рече Јован со скриени намери.
-„Не фала , треба да одам во кампот утре сабајле се враќам во Скопје, треба да се спакувам“
-„Ако сакаш јас ќе те однесам до Скопје со колата сум , ќе одам за 2 дена“ реплицираше .
-„Не благодарам, утре морам да одам . Ене такси , побрзо да одам да не ми го фатат“
-„Добро, како сакаш , ајде чао“ и тргна Јован да ја гушне .
Како што ја гушкаше премногу се опушти поради алкохолот и се обиде да ја бакне. Изгледа како да заборавил дека Оливера сеуште е со Огнен.
Меѓутоа таа не заборавила . Се слушна звукот на силен шамар.
„Говедо ! Што правиш??“ проговори таа луто „Знаеш дека уште сум со Огнен ! “
-„Да..Но...Јас..“ мрмореше Јован држејќи се за зацрвенетиот образ.
-„Заборави дека ова некогаш се случило ! Несакам да го нарушам нашето пријателство“ викна Оливера и се стрча кон таксито.
___________________________________________________________________________________________
Оливера стигна во Скопје многу доцна ,дури на полноќ.На патот имаше сообраќајка.
Стигна до нејзината куќа , се распакува и отиде да се избања. Реши да оди да го посети Огнен во таа доба од вечерта. Му заѕвони на мобилен за да му каже дека ќе дојде да преспие кај него , но мобилниот му беше исклучен и реши да му пише порака
„Сонце , ќе дојдам сега кај тебе да преспијам. Конечно после 15 дена ќе те гушнам!! Те сакам!“.
Искачајќи од својот влез виде како ја затвараа продавницата спроти неа и викна
„Чекајте , чекајте !“
Продавачката праша „Повели , што ти треба?Кажи па да затворам“
„Дајте ми Durex Pleasure “ се насмевна Оливера. Се насмевна и продавачката.
После 15 минути пешачење таа стигна кај Огнен.
Се качи по скалите и заѕвони на вратата . Знаеше дека ќе го разбуди , веќе беше 3 часот .
Но очигледно не го разбуди , тој отвори вратата полугол , беше само по боксерки, а позади него имаше девојка која штотуку излегла од бањата . Девојката имаше долга темна коса која и беше ставена преку очите , како да го криеше своето лице.
Оливера изгледаше зачудено и само стигна да проговори „Ти ...Проклетнику!!“ и почна да трча плачејќи.
„Чекајј ! Да ти објаснам!!“
Трчаше на улиците долго време без никој да не ја застане , без никаква пречка. Нејзината 5 годишна врска со Огнен беше завршена и мислеше дека со тоа и завршил животот. Го фрли својот мобилен по пат знаејќи дека Огнен ќе се обиде да ја бара на него.
Стигна 6 часот , сонцето изгреа а Оливера сеуште талкаше по улиците.
Наеднаш од една спортска кола се спуштија прозорците и викнаа „Оливера !! Што правиш??“
Тоа беше Јован , се вратил од Охрид.
Она сеуште плачејќи го праша „Имаш ли место каде што можам да преспијам?“
Јован одговори потврдно. Отидоа кај Јован и избезумена Оливера започна да се соблака и рече „Сакам да имаме секс ! Веднаш , не поставувај прашања..“
Јован се согласи молчејќи . Завршија со водењето љубов и заспаа.
Оливера се разбуди дури во 19:00 и надвор веќе почна да се стемнува.
Потсетувајќи се на се што се случи минатата вечер и се насолзија очите меѓутоа си вети себеси дека ќе биде силна.
На масата имаше оставено клучеви од колата на Јован и писмо „Оди дома , среди се , ќе се чуеме подоцна.“
Кога стигна дома виде дека светлото на домашниот телефон свети . Знаечи некој ја барал.
Имаше преку 100 пропуштени повици , сите од Огнен. Ги избриша сите , и во тој момент повторно звонеше некој од говорница . Се јави .
На другата страна на слушалката беше Огнен кој рече „Не ми спуштај чекај да ти објаснам!“
Но не успеа ни да докаже а Оливера веќе му имаше спуштено.
Влезе во нејзината соба и ги фрли низ прозорот сите заеднички слики кој ги имаше со него ! Целата во солзи го повика Јован кај неа да ја утеши.
Се случи истата сцена од претходниот ден .
Имаа секс , заспаа и повторно се разбуди сама.
Јован после тоа наеднаш исчезна.
После една недела Оливера будејќи се сабајлето го уклучи телевизорот и го чу звончето на вратата. Во себе помисли дека беше Огнен и беше подготвена вербално да го навреди и да му ја затвори вратата пред нос. Меѓутоа не беше Огнен . Нити Јован .
На вратата беше поштар кој лично и врачуваше некакво писмо на Оливера.
Писмото беше во црно плико , Оливера првпат гледаше такво.
Го отвори и започна да чита
„Драга Оливера
И покрај сите оние години кој ги имаме поминато заедно ти реши да ме оставиш неоставајќи ме да ти објаснам што всушност се случува. Не те обвинувам за ништо , сваќам како изгледаше таа сцена . Сваќам дека мислиш дека те изневерив , меѓутоа не беше така.
Секогаш сум те сакал , и секогаш ќе те сакам . Или сакав.
Несакав да го дознаеш ова , меѓутоа должен сум да ти ја кажам вистината.
Девојката која беше во мојот стан се нарекува Ангела . Поранешната девојка на Јован. Пред 3 години беа заедно . Можеби краток период , меѓутоа Ангела го сакаше повеќе од се останато на светот. Тогаш Јован имаше несреќа со неговиот мотор. Во несреќата Јован си ја повреди главата , поточно мозочната кора .Требаше да се трансплантира мозочна кора за Јован да преживее. Меѓутоа самата операција е премногу ризична , огромни се шансите за оној кој ќе дозволи таква трансплантација да биде извршена да почина или да остане парализиран.
Меѓутоа Ангела реши да му го даде својот живот . Како што реков , таа ќе направеше се за него. Операцијата помина добро , меѓутоа Ангела го изгуби својот вид. Кога се разбуди Јован , Ангела не го доби своето благодарам. Наспроти тоа доби коментар дека тој неможе да биде во врска со девојка која е слепа.
Ангела е мојата сестра.
Поради тоа моите односи со Јован не се добри. Дури и се обидев да го убијам меѓутоа Ангела ме спречи. Јован само ми прати честитка на мојата пошта на која пишуваше „Да не беше сестра ти немаше да мораш да се мачиш да ме убиеш . Хахаха. Каква иронија“ .
Следната таква порака која ја добив од него беше завчера . „Полека ги снемува жените од твојот живот, погоди кој ја дупи женска ти ! Повторно јас. “ Овојпат бев решен да го убијам, меѓутоа се чинеше некој го има отворено писмото пред мене. Сестра ми ја завршила мојата работа. Го уби. И се самоуби.
Мојот живот тотално се распадна. Затоа решив да си го одземам .
Држејќи го ова во твоите раце , знај дека сум мртов.
Се надевам дека мојата смрт ќе ти донесе среќа во животот.
Ова парче јаглен , никогаш не се претвори во дијамант.
П.С.
Го исполнив моето ветување , кога реков дека ќе те сакам додека смртта не не раздели.“
Солза капна на подот и се распрсна на илјадници тивки капки како што од звучникот на телевизорот одекнуваше одјавата на спикерката
„...кое се самоубило од непознати причини“