"Продишани" прозори?

Член од
6 септември 2018
Мислења
11
Поени од реакции
0
Здраво.
Имам прозори со двојно стакло и во последно време приметувам (кога светлината е јака) флеки на нив. Проблемот е што флеките се од внатрешниот дел (тој што треба да е полн со некој гас според чичко гугл.)

Исто така гледам на интернет дека ова е чест проблем и има решение со кое се спасуваат прозорите. Се јавив на 2 места што продаваат прозорци (ги најдов на пазар 3) и ми кажаа дека решение е да се земе нов прозор што според мене е неприфатливо.
Дали некој имал искуство со ова и доколку да како го решил проблемот?
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.224
Поени од реакции
30.852
Што ти кажа чичко Гугл дека е решението уствари, пошто викаш „има решение“? :)
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.104
Поени од реакции
13.735
Од негде прима воздух, и дехидраторот во алуминиумската лента што е помеѓу стаклата не врши работа. Има едни топчиња нешто у стилу силика гел, се полни каналот со нив.
Една импровизација што ми текна сега...да се извади стаклото, со скалпер да се отвори една дупка во силиконот и да се стават такви топчиња внатре и после да се затвори :)
Може ќе функционира.
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
7.872
Поени од реакции
13.381
Здраво.
Имам прозори со двојно стакло и во последно време приметувам (кога светлината е јака) флеки на нив. Проблемот е што флеките се од внатрешниот дел (тој што треба да е полн со некој гас според чичко гугл.)

Исто така гледам на интернет дека ова е чест проблем и има решение со кое се спасуваат прозорите. Се јавив на 2 места што продаваат прозорци (ги најдов на пазар 3) и ми кажаа дека решение е да се земе нов прозор што според мене е неприфатливо.
Дали некој имал искуство со ова и доколку да како го решил проблемот?
Јави се во фирми што го произведуваат стаклото, овие што продаваат прозори најчесто го нарачуваат по мерка од производителите.

пр. https://www.izostaklo.com.mk/
 

Стев

Word Bearer of the New World Chaos
Член од
19 декември 2019
Мислења
2.265
Поени од реакции
2.199
И нашите пенџери страдаат од таква мана
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
7.839
Поени од реакции
14.637
kaj mene e druga maka...nov stan a prozorite od bugarska firma,tie gi i mestele i reklamacii treba kaj niv, ama aj denes aj utre pominaa dve godini.Vratata za na balkon - kriloto e potesna od kasata pa koga duva veter zavesata vnatre se vee i na zatvorena vrata, a slicno duva i od site prozori,sigurno cenata bila poeftina od nasite firmi pa stavile vakvi.
Resene e samo novo krilo ili prozor no imam ideja, edna FINTA, od nadvoresna strana ke stavam 10mm nekoj lajsni i taka da ima preklop kriloto so kasata.
Sega luftata ja napolniv so sunger i nesto e podobro kaj prozorite,na vratata ne moze.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.194
Поени од реакции
18.246
Прозорот треба да е добро затворен. Изолацијата е заробениот гас или вакуум меѓу стаклата и во самите комори од профилот, во најголема мерка и нормално дихтунзите (гумите). Може и најскапиот профил и стакло да ги купиш и ако не се добро затворени при изработката, да се само фрлени пари.
Тие што си ги прашал, нормално, нема да се бават со твое крпење - сакаат нови да ти продадат, што во случајов може е и попаметно, пошо штом станува збор за капки од внатрешна страна, тоа е голема отвор штом низ него влегол толку воздух да во себе содржи и пареа за да кондензира на ладната површина на стаклото.
Многу има во мајсторлукот - барај си луѓе што работат сериозно и не штеди на некои работи. Ако загреваш сам, со сметките за греење го преплатуваш фушерајот и пак не си загреан како што треба. Еве овие денови во Скопје, не се којзнае што ладни за други места во светот, ама за Скопје се прилично ладни и тие импровизации и грешки во изолирање излегуваат на површина.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
15.585
Поени од реакции
10.306
Здраво.
Имам прозори со двојно стакло и во последно време приметувам (кога светлината е јака) флеки на нив. Проблемот е што флеките се од внатрешниот дел (тој што треба да е полн со некој гас според чичко гугл.)

Исто така гледам на интернет дека ова е чест проблем и има решение со кое се спасуваат прозорите. Се јавив на 2 места што продаваат прозорци (ги најдов на пазар 3) и ми кажаа дека решение е да се земе нов прозор што според мене е неприфатливо.
Дали некој имал искуство со ова и доколку да како го решил проблемот?
во станот во Охрид од 2004 имам дрвени прозори а со термопан стакло и 2 прозори по 7-8 години почнаа да замаглуваат, ако се дојде зимно време, додека не се загрее цел стан и изедначи температура... прашав тогаш кај стакларот во комшии, ми рече дака тој практикува отварање на 2-јно стакло и нанесување силикон на местото на стариот лепак...500мкд по крило беше тогаш работата...
 
Член од
6 септември 2018
Мислења
11
Поени од реакции
0
Што ти кажа чичко Гугл дека е решението уствари, пошто викаш „има решение“? :)
Неоптималното решение (читај: скапото) = купи ново стакло/прозор.
Оптималното решение (читај: ефтиното) = оделување на двете стакла, чистење и повторно склопување + полнење со аргон или некој друг гас.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
15.585
Поени од реакции
10.306
Неоптималното решение (читај: скапото) = купи ново стакло/прозор.
Оптималното решение (читај: ефтиното) = оделување на двете стакла, чистење и повторно склопување + полнење со аргон или некој друг гас.
и колку пари е за едно крило второто решение ??
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.006
Поени од реакции
3.316
Оксидирани ти се стаклата, нема шанси сам тоа да го поправиш, единствено решение ти е нови стакла. Квадратен метар на стакло не би требело повеќе од 20 евра да ти земат...нема решение друго мора да ги смениш.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
945
Поени од реакции
593
kaj mene e druga maka...nov stan a prozorite od bugarska firma,tie gi i mestele i reklamacii treba kaj niv, ama aj denes aj utre pominaa dve godini.Vratata za na balkon - kriloto e potesna od kasata pa koga duva veter zavesata vnatre se vee i na zatvorena vrata, a slicno duva i od site prozori,sigurno cenata bila poeftina od nasite firmi pa stavile vakvi.
Resene e samo novo krilo ili prozor no imam ideja, edna FINTA, od nadvoresna strana ke stavam 10mm nekoj lajsni i taka da ima preklop kriloto so kasata.
Sega luftata ja napolniv so sunger i nesto e podobro kaj prozorite,na vratata ne moze.
Чисто нов стан а ти ќе се бафташ со непрецизно наместени и неквалитетно финиширани врати и прозори?!? Треба они сега да ти платат местење на нови саглам врати и прозори,секако отккао ќе им опнеш една саглам тужба!
Какви финти,какви ленти и лајсни,најди си добар адвокат човече
 

Стев

Word Bearer of the New World Chaos
Член од
19 декември 2019
Мислења
2.265
Поени од реакции
2.199
Чисто нов стан а ти ќе се бафташ со непрецизно наместени и неквалитетно финиширани врати и прозори?!? Треба они сега да ти платат местење на нови саглам врати и прозори,секако отккао ќе им опнеш една саглам тужба!
Какви финти,какви ленти и лајсни,најди си добар адвокат човече
Прилично сум сигурен дека нешто такво нема во кривичен законик
 

Kajgana Shop

На врв Bottom