Адвокатот на одбраната ќе најде дека сега пошто се замаглени стаклата купецот заштедува на завеси, а Судијата ќе му прифати...
а бе крадеа квадратура на станови, па на судови 300 далавери се правеа... 2 години гаранција а и тогаш не е лесно... пред 30 години пријавивме во сиз за домување, продавачот, дека од кровот тече, ТИПСКА грешка во ПОЛА НАСЕЛБА, мал е лимот од опшивањето на оџакот и кровниот прозорец на гарсоњерите, течеше тогаш дури до приземје... доаѓа некоја архитектка и кажува абе горе има купатило...горе гарсоњерата заклучана ( само гарсоњерите беа општествени), не беше доделена, тужена ранг листа ;одиме во другиот влез, горе во гарсоњерата кај оџакот нема купатило... ама распоредот не е ист, тврди таа од Сиз..во дрг влез станарот од гарсоњера Пријавува дека тече од кров, таа од Сиз го набрка, аба не си ти газда, треба од МЗТ да се жалат.... Исто така, одводна канализација на одредени вертикали во ПОЛА НАСЕЛБА е со КОНТРА ПАД, поради дебелината на плочата од скривницата, решение било да се направи нова шахта на другата страна кај што нема скривница, ама тогаш грешката ќе излегла на виделина... на крај сами луѓето во приземје, прекопуваа НИЗ КУЈНИ и ја врзаа канализацијата во шахта за атмосферска канализација од друга страна на зградата, против законско решение, но сите молчат..
еве нова зграда, пред 7-години, вселени луѓето ама незавршено, не беа ставени первази на врати на влез во становите... на 70% станови архитектот погрешно земал мера, па накнадно го кршеа бетонот од надворешна страна, ај прашина туку сечеа и АРМАТУРА, тежок криминал... ама никому ништо...
Главна табла за струја ја поставил под канализациона вертикала , наместо да ја дислоцира таблата, ставиле корито... главниот во градбата кажува ќе издржи до технички прием и гаранција, а јас после во пензија ќе одам... еве најново, изгоре Глобал, ај да видиме дали МВР детално ќе исоита а и да најде грешки дали некој ќе одговара ???
Изгоре човек во гарсоњера во населба, инвалид бил во количка, не успеал да избега.. типска грешка на електрична инсталација во дрвени конструкции на кровови, тогаш градоначалникот Пенов се закани некој ќе лежи; баш зборевме со еден правник од државен правобранител, кажува ништо од тоа, само изборен маркетинг, кај НАС НЕМА ЗАКОН, само 2години гаранција.. и така бидна.
Едини што е затворен е тој инжинер што во облакодерот на Дом на Синдикатите пред земјотресот вградил НАВОДНО премногу арматура во столбовите... по Земјотресот е ослободен, АМА немаше никаква истрага и судење за тие што ги проектирале зградите 13 и 11 во Карпош, а кој беа срамнети до доле поради слаби столбови, со многу мртви..