Продажба на карти за натпревари на Македонија и Македонските претставници во Европа

Дискусија во форумот 'Ракомет' започната од Colt Willcox, 27 ноември 2014.

  1. Colt Willcox

    Colt Willcox Љамче-Бутин Фанс

    Член од:
    27 ноември 2007
    Мислења:
    25.707
    Допаѓања:
    41.249
    Време беше за една таква тема, бидејќи доста често се случува во темите за репрезентациите на Македонија, на Вардар или на Металург на пример, пред секој меч да се поставуваат истите прашања.
    Каде да купам карта? А колку пари е картата? А кога се пушта во продажба? А ова седиште каде се наоѓа? А може ли и помалиот брат да го внесам со една карта? А ќе ми дадат ли да внесам чадор во Борис Трајковски? А ќе може ли да купам карта за стоење за во Јане Сандански, а после да седнам на столче?

    Од сега па натаму, ќе ве замолам тие прашања да се постираат во оваа тема, ем ќе биде попрегледно доколку некој сака да праша, ем ќе може самиот да си го најде одговорот во темава.
    Доколку некој постави прашање од оваа тема, во некоја од другите теми, едноставно насочете го да се обрати во темава.


    За натпреварите на Металург во ЛШ картите се продаваат во салоните на ONE, а онлајн можат да се купат на сајтот http://www.karti.com.mk/ .
    Тука може да ги видите и другите продажни места на karti.com.mk, но за последниот меч имаа објавено дека само во ONE може да се купат картите.
    На последната утакмица цените им биле:
    Блокови Цена
    Б6, Б7, Б8, Б9, Б10 150
    Б5, Б11, М7, М8, М9 200
    Б2, Б4, Б15 250
    Б3,Б12, Б14, М15 300


    Распоредот на блоковите во салата Борис Трајковски се:
    [​IMG]



    За натпреварите на Вардар во ЛШ, онлајн продажбата оди преку http://www.mktickets.mk/t/ProdaznaMreza , ONE беа продажно место, но по влезот на T-Home како спонзор, мислам дека повеќе не претставуваат едно од продажните места.
    Мапата на салата Јане Сандански, каде што Вардар игра како домаќин е:
    [​IMG]
    Цените се:
    350 денари за сите блокови освен за боковите 8,9 и 10 на кои седат Комити и за тие блокови не се пуштени карти во продажба.
    Истотака се продаваат и карти за стоење по цена од 150 денари.
    Делот за стоење НЕ Е ТРИБИНАТА на Комити, туку позади централните блокови има простор каде што можеш да стоиш и да ја гледаш утакицата.

    Кога ќе игра и репрезентација на Македонија, и ќе се добие некое инфо за карти, ќе ве молам постирајте во темава, ако веќе не сум постирал пред вас :D
     
    На ХулахопкиСоТочки, dragonsky, Комита Ултрас и уште 7 други им се допаѓа ова.
  2. 120 се картите за стоење :)
     
    На Colt Willcox му/ѝ се допаѓа ова.
  3. dragonsky

    dragonsky Hate leads to suffering

    Член од:
    25 декември 2010
    Мислења:
    33.782
    Допаѓања:
    66.232
    Е блазе си ти за темава..не би било лошо и за настапите на нашите екипи во другиве спортови (колку и да се ретки) да се споделат информации тука :)
    --- Споено дупло мислење, 30 ноември 2014 ---
    Е блазе си ти за темава..не би било лошо и за настапите на нашите екипи во другиве спортови (колку и да се ретки) да се споделат информации тука :)
     
    На Colt Willcox му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Colt Willcox

    Colt Willcox Љамче-Бутин Фанс

    Член од:
    27 ноември 2007
    Мислења:
    25.707
    Допаѓања:
    41.249
    Македонија-Исланд (квалификации во женски ракомет) на Кале, сабота 06.12. во 17 и 45 часот!
    Влез бесплатен!

    Иако нема продажба на карти за овој дуел, сепак да го издвојам, бидејќи може ќе побуди интерес кај некои, иако нема никакво резултатско значење.
     
    На dragonsky му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Colt Willcox

    Colt Willcox Љамче-Бутин Фанс

    Член од:
    27 ноември 2007
    Мислења:
    25.707
    Допаѓања:
    41.249
    Од сајтот на Металург:

    Утре, со почеток во 12 часот, почнува продажбата на влезниците за средбата од 10. коло на Гаспром СЕХА Регионалната лига, меѓу екипите на Металург и на Вардар. Влезниците ќе се продаваат во продажната мрежа на ОНЕ и онлајн на www.karti.com.mk.

    Имаме добра вест за имателите на блок-влезници – тие ќе можат бесплатно да присуствуваат на средбите Металург – Вардар и Металург – Веспрем.

    За останатите, влезницата за средбата Металург – Вардар ќе чини 250 денари.

    Од утре, во продажба ќе биде и блок-влезница за средбите Металург – Вардар и Металург – Веспрем, која ќе се продава по единечна цена од 350 денари.

    Средбата Металург – Вардар се игра в среда, 10 декември, со почеток во 20.15 часот, во СЦ Борис Трајковски.

    Средбата Металург – Веспрем се игра в недела, 14 декември, со почеток во 19.00 часот, во СЦ Борис Трајковски.
     
  6. @Коњаникот Сабја од искуство како е посигурно дека ќе земеш карти, во ONE да одам или онлајн да пробам да купам ?
     
  7. Colt Willcox

    Colt Willcox Љамче-Бутин Фанс

    Член од:
    27 ноември 2007
    Мислења:
    25.707
    Допаѓања:
    41.249
    Онлајн е посигурно :)
    Овојпат мислам дека нема потреба да се притресуваш за карти бидејќи сигурно нема да има голема заинтересираност за натпреваров.
    Ретко кој би дал толку пари за карти, особено што Металург е во прилично незавидна ситуација, а Вардар не брилијира со игрите во последните мечеви. Додади дека е работен ден, според мене нема ни пола сала да биде полна :)
     
    На Атомската мравка му/ѝ се допаѓа ова.
  8. dragonsky

    dragonsky Hate leads to suffering

    Член од:
    25 декември 2010
    Мислења:
    33.782
    Допаѓања:
    66.232
    За пријателскава со Израел колку е карта ? Или пошто е нова година да не е гага ? :D
     
  9. Види Фотос

    Види Фотос .

    Член од:
    14 март 2010
    Мислења:
    15.778
    Допаѓања:
    13.413
    100/150 ..од хуманитарен карактер ќе е мечот.
     
    На dragonsky и Colt Willcox им се допаѓа ова.
  10. dragonsky

    dragonsky Hate leads to suffering

    Член од:
    25 декември 2010
    Мислења:
    33.782
    Допаѓања:
    66.232
    Каде се продаваат картиве ? Само онлајн или ?
     
  11. Види Фотос

    Види Фотос .

    Член од:
    14 март 2010
    Мислења:
    15.778
    Допаѓања:
    13.413
    mktikets продажни места, ма да мислам дека ќе има и на билетара, ко што глеам нема некоја заинтересираност.
     
    На dragonsky му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Colt Willcox

    Colt Willcox Љамче-Бутин Фанс

    Член од:
    27 ноември 2007
    Мислења:
    25.707
    Допаѓања:
    41.249
    Слаба заинтересираност има, како што кажа Види Фотос, со 100% сигурност ќе можеш да си набавиш карти и на билетара пред почетокот на мечот.
     
  13. Colt Willcox

    Colt Willcox Љамче-Бутин Фанс

    Член од:
    27 ноември 2007
    Мислења:
    25.707
    Допаѓања:
    41.249
    Друже да не се повторуваме, ако некој го интересира за карти, овде нека прашува. Мада не знам што е компликувано, се е објаснето во првиот пост.
    Онлајн продажбата за Вардар-Монпеље е започната, онлајн може да купите карти ТУКА:
    http://karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=671

    Во моментов се останати карти само за страничните блокови, особено за блоковите 1 и 2.
     
  14. Coffe

    Coffe

    Член од:
    5 јануари 2013
    Мислења:
    119
    Допаѓања:
    54
    Дали знаете кога ќе пуштат картите што се останати за Вардар-Висла? (Приоритетната продажба заврши завчера)
     
  15. Архивист

    Архивист Ултрас

    Член од:
    10 мај 2007
    Мислења:
    2.926
    Допаѓања:
    606
    На 16ти Март
     
    На Coffe му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: