Продажба на карти за натпревари на Македонија и Македонските претставници во Европа

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.240
Поени од реакции
76.269
Локација
Б'с
Време беше за една таква тема, бидејќи доста често се случува во темите за репрезентациите на Македонија, на Вардар или на Металург на пример, пред секој меч да се поставуваат истите прашања.
Каде да купам карта? А колку пари е картата? А кога се пушта во продажба? А ова седиште каде се наоѓа? А може ли и помалиот брат да го внесам со една карта? А ќе ми дадат ли да внесам чадор во Борис Трајковски? А ќе може ли да купам карта за стоење за во Јане Сандански, а после да седнам на столче?

Од сега па натаму, ќе ве замолам тие прашања да се постираат во оваа тема, ем ќе биде попрегледно доколку некој сака да праша, ем ќе може самиот да си го најде одговорот во темава.
Доколку некој постави прашање од оваа тема, во некоја од другите теми, едноставно насочете го да се обрати во темава.


За натпреварите на Металург во ЛШ картите се продаваат во салоните на ONE, а онлајн можат да се купат на сајтот http://www.karti.com.mk/ .
Тука може да ги видите и другите продажни места на karti.com.mk, но за последниот меч имаа објавено дека само во ONE може да се купат картите.
На последната утакмица цените им биле:
Блокови Цена
Б6, Б7, Б8, Б9, Б10 150
Б5, Б11, М7, М8, М9 200
Б2, Б4, Б15 250
Б3,Б12, Б14, М15 300


Распоредот на блоковите во салата Борис Трајковски се:
sala%20sedista%20boris%20trajkovski.jpg




За натпреварите на Вардар во ЛШ, онлајн продажбата оди преку http://www.mktickets.mk/t/ProdaznaMreza , ONE беа продажно место, но по влезот на T-Home како спонзор, мислам дека повеќе не претставуваат едно од продажните места.
Мапата на салата Јане Сандански, каде што Вардар игра како домаќин е:
malo.jpg

Цените се:
350 денари за сите блокови освен за боковите 8,9 и 10 на кои седат Комити и за тие блокови не се пуштени карти во продажба.
Истотака се продаваат и карти за стоење по цена од 150 денари.
Делот за стоење НЕ Е ТРИБИНАТА на Комити, туку позади централните блокови има простор каде што можеш да стоиш и да ја гледаш утакицата.

Кога ќе игра и репрезентација на Македонија, и ќе се добие некое инфо за карти, ќе ве молам постирајте во темава, ако веќе не сум постирал пред вас :D
 
Е блазе си ти за темава..не би било лошо и за настапите на нашите екипи во другиве спортови (колку и да се ретки) да се споделат информации тука :)[DOUBLEPOST=1417372001][/DOUBLEPOST]Е блазе си ти за темава..не би било лошо и за настапите на нашите екипи во другиве спортови (колку и да се ретки) да се споделат информации тука :)
 
Македонија-Исланд (квалификации во женски ракомет) на Кале, сабота 06.12. во 17 и 45 часот!
Влез бесплатен!

Иако нема продажба на карти за овој дуел, сепак да го издвојам, бидејќи може ќе побуди интерес кај некои, иако нема никакво резултатско значење.
 
Од сајтот на Металург:

Утре, со почеток во 12 часот, почнува продажбата на влезниците за средбата од 10. коло на Гаспром СЕХА Регионалната лига, меѓу екипите на Металург и на Вардар. Влезниците ќе се продаваат во продажната мрежа на ОНЕ и онлајн на www.karti.com.mk.

Имаме добра вест за имателите на блок-влезници – тие ќе можат бесплатно да присуствуваат на средбите Металург – Вардар и Металург – Веспрем.

За останатите, влезницата за средбата Металург – Вардар ќе чини 250 денари.

Од утре, во продажба ќе биде и блок-влезница за средбите Металург – Вардар и Металург – Веспрем, која ќе се продава по единечна цена од 350 денари.

Средбата Металург – Вардар се игра в среда, 10 декември, со почеток во 20.15 часот, во СЦ Борис Трајковски.

Средбата Металург – Веспрем се игра в недела, 14 декември, со почеток во 19.00 часот, во СЦ Борис Трајковски.
 
@Коњаникот Сабја од искуство како е посигурно дека ќе земеш карти, во ONE или онлајн да пробам да купам ?
Онлајн е посигурно :)
Овојпат мислам дека нема потреба да се притресуваш за карти бидејќи сигурно нема да има голема заинтересираност за натпреваров.
Ретко кој би дал толку пари за карти, особено што Металург е во прилично незавидна ситуација, а Вардар не брилијира со игрите во последните мечеви. Додади дека е работен ден, според мене нема ни пола сала да биде полна :)
 
За пријателскава со Израел колку е карта ? Или пошто е нова година да не е гага ? :D
 
Каде се продаваат картиве ? Само онлајн или ?
Слаба заинтересираност има, како што кажа Види Фотос, со 100% сигурност ќе можеш да си набавиш карти и на билетара пред почетокот на мечот.
 

Друже да не се повторуваме, ако некој го интересира за карти, овде нека прашува. Мада не знам што е компликувано, се е објаснето во првиот пост.
Онлајн продажбата за Вардар-Монпеље е започната, онлајн може да купите карти ТУКА:
http://karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=671

Во моментов се останати карти само за страничните блокови, особено за блоковите 1 и 2.
 
Дали знаете кога ќе пуштат картите што се останати за Вардар-Висла? (Приоритетната продажба заврши завчера)
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...

Недела од 5 јули 2025

Back
На врв Bottom