абе педигрето е само документ дека кучето е чисто крвно и му се знае потеклото,ама ти да дојдеш да ги видеш родителите не ти требе педигре(освен ако сакаш да го носаш на изложби),а и не сваќам како може да се упропасти расара само затоа што нема кучето педигре,како шо пиша и ти самио педигрето се купува до 50 евра,а за цените тава е секаде различно има кучина шо се продават и по 1500 евра,само пак ке ти кажам не ти е работа ти да се мешаш за цените (освен ако си заинтересиран за кучето па тогаш да праваш муабет
Не мислев воопшто на педигрето...
Педигре денес можиш да си купиш какво сакаш....
Кога стигнаа по огласи да шиткаат педигриња се гледа до кај ни дојдена работата со кучињата во Македонија...
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
Премногу лично си ја сфати работата.....немав намера ниту да ти се мешам околу продажбата,ниту да критикувам,само го зедов примерот за овај проблем со шиткањето кучиња......
Ти барај си колку сакаш за кучето,твое право си е,продавачот ја диктира цената,ама искусен кучувач кој знае шо е ротвајлер нема толку лесно да наседни на вакви огласи....за жал кај нас грото од купувачите не знаат ни шо бараат......повеќето го земаат ротвајлерот демек да бидат мангупи,без да ја знаат неговата природа и одговорноста да се чува ваква раса...
За овие пари во сериозни држави каде нудат квалитет(го посочив примерот со Србија)ќе добиеш куче со сите нишани....
Башка кај нас луѓето кои купуваат ротвајлери малкумина знаат дека кога се купува кученце пожелно е да се купува од одгледувач кој нуди легло од родители со снимени колкови....(ротвајлерите имаат голема предиспозиција на искривување на колковите,оваа болест е генетски наследна)..
И јас така лани неинформиран избрзав и купив,барем не го преплатив кучето,платив колку навистина вредеше....барем мене не ми е за по изложби кучето,туку чисто од љубов си го гледам,....ќе го спарам за негово здравје,ако случајно најдам екстра мажјак ќе барам цена соодветна,ама нема да претерувам....па после да се даваат кучињата по секоја цена...
Ама да се бара по 300-400 евра за женка,да се пишува
ИЗЛОЖБЕН КВАЛИТЕТ за куче е премногу за наш пазар....(не мислам на тебе конкретно со огласот,општо мислам)....
Кога се плаќа некоја цена треба да знаеш за шо плаќаш.....
Викаш некаде шиткаат по 1500 евра кучиња..
Да,шиткаат,ама таму нудат екстра квалитет,не одам понатаму,пак ќе ја земам Србија за пример...
Една од најпознатите одгледувачници Еарл Антониус шитка во просек по 1500 евра за куче....
Ама таму знаеш шо добиваш за тие пари,каква крвна линија,титулите на предците(шампиони на специјалки,работни испити)....е па затоа и шиткаат за толку зошто нивните кучиња се покажале на сите изложби во светот..
Не е само убавината на кучето,туку и карактерот шо го наследуваат генетски тие кучиња ја диктира цената....крвта се плаќа....
Не се будали Германците шо освен физички изглед бараат и однесување на ротвајлерот..
ADRK клубот на Ротвајлери на Германија ја заштитува оваа раса максимално.....
Ти ако сакаш имај го најдобриот ротвајлер,ако не го видат на дело однесување во урбана средина на кучето не ти дозволуваат да париш па ако сакаш биди и роднина на Ангела Меркел....
Е ова ти се вика заштита на расата,затоа ќе вадат најдобра крвна линија во светот,најдобри примероци на расата,затоа нивните ротвајлери се најценети,зошто се плаќа таа ADRK крвна линија.....
Да не го тупам,ОК е да се бара некоја цена,ама да се нуди нешто за возврат....
Од нашите одгледувачи единствено неколку од Скопје(Ројалс Киндерс Рот,Нико Рот и Вом Хаус Зафировски)работат по сите стандарди.....бараат повеќе,ама нудат многу повеќе,има и неколку од другите градови како Калипс Рот од Куманово и ако не се лажам од Кавадарци една одгледувачница....(Понче некако беше)....
Ја спамирав малку темата,ама сепак мислам дека има некоја врска со продажбата,сепак се работи за цената.....треба малку да има ред....