Програма за неработни денови за 2012 година

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Затоа што знам што највеќе ќе ве интересира следната година :)
МТСП го извади распоредот на наработни денови за 2012 година.

Согласно Законот за празници на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2012 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ
  • 01 Јануари (недела), Нова Година, односно 02 Јануари (понеделник) е неработен ден
  • 07 Јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
  • 16 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
  • 01 Мај ( вторник), Ден на Трудот
  • 24 Мај (четврток), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
  • 02 Август (четврток), Ден на Републиката
  • 19 Август (недела) Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 20 Август(понеделник) е неработен ден
  • 08 Септември (сабота), Ден на независноста
  • 11 Октомври (четврток), Ден на народното востание
  • 23 Октомври (вторник), Ден на Македонската револуционерна борба
  • 08 Декември (сабота), “Св. Климент Охридски”
***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.
За граѓаните од православна вероисповед
  • 06 Јануари (петок), Бадник, ден пред Божик
  • 19 Јануари (четврток), Богојавление (Водици)
  • 13 Април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
  • 01 Јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
  • 28 Август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
  • 09 Aприл (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
  • 01 Ноември (четврток), Празникот на сите светци
  • 25 Декември (вторник), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
  • 25 Октомври (четврток), Курбан Ба`јрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
  • 22 Ноември (четврток), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

  • 27 Јануари (петок), Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

  • 8 Април (недела), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
  • 23 Мај (среда), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
  • 26 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 Септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
  • 21 Декември (петок), Ден на настава на турски јазик
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
AKo си праволавен неМакедонеци имаш 17 неработни денови плус минимум 21 ден годишен одмор 17+21=38 денови сосе викнеди а 7,5 недели месеци и пол во годината не работиш.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Кај мене во средно порано еден во сите вери беше и се си празнуваше, му се фаќаше 6 месеца школо, 6 месеца празник.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Премногу празници и премногу неработни денови.Кога ќе сфати Владата дека во државава не е секој религиозен.
Ама мнозинството е религиозно и ги слави тие празници. На крај краева, никому не му е забрането да работи на државен празник, ако тоа го сака.
Во Германија мислам дека беше, има празник на компири или нешто така, децата не одат во школо. Нашите празници барем се значајни по нешто. На крај краева, зошто некој би се бунел? Реално на секој добро би му дошол еден ден да здивне од работа, со оглед дека многу луѓе работат и во саботи. :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
Многу, многу ама ниеден атеист, будист, што и да е, кај нас не се јави да каже дека ќе работи за Божиќ/Великден или Бајрам...дај шта даш :)
Мада ова не важи за оние што работат у продавница или погон на некој наш јак бизмисмен. Тие не знаат за одмор и празник.
 
T

Tetro

Гостин
На крај краева, никому не му е забрането да работи на државен празник, ако тоа го сака.
Член 5
Во неработените денови од членовите 2 и 4 на овој закон, работникот има право на надомест на плата, односно на зголемена плата во согласност со закон и колективен договор.
Член 6
Владата на Република Македонија со акт определува кои државни органи и други јавни служби , јавни претпријатија, трговски друштва, установи и други правни лица, се должни да работат во деновите на празниците од членовите 2 и 4 на овој закон.
 

Attachments

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Член 5
Во неработените денови од членовите 2 и 4 на овој закон, работникот има право на надомест на плата, односно на зголемена плата во согласност со закон и колективен договор.
Член 6
Владата на Република Македонија со акт определува кои државни органи и други јавни служби , јавни претпријатија, трговски друштва, установи и други правни лица, се должни да работат во деновите на празниците од членовите 2 и 4 на овој закон.
И? Као демек на некој лошо ќе му дојде плус денар затоа што работел на државен празник?
Друго, Владата има право да определува за државни органи и јавни служби. Кафичи, ресторани, маркети, Рамстор си работат на празници.
Вие што сакате да си работите на празници работете си, јас славам Бадник и Божиќ, славам Велигден и сакам празникот со семејството и драгите луѓе да си го поминам, а не на биро, работејќи. И секогаш ќе преферирам празник пред работа. Срам да ми е, треба да бидам воркохолик да не сакам да видам бел ден и да работам од јутра до сутра.
--- надополнето: 12 декември 2011 во 15:03 ---
Не ми е јасно шо се буните
Сакаат да работат. Вредно е македончето, затоа сите сакаат во администрација.

Ни мене не ми е јасно зашто има потреба некој да се буни заради празник?
 
T

Tetro

Гостин
И? Као демек на некој лошо ќе му дојде плус денар затоа што работел на државен празник?
Друго, Владата има право да определува за државни органи и јавни служби. Кафичи, ресторани, маркети, Рамстор си работат на празници.
Вие што сакате да си работите на празници работете си, јас славам Бадник и Божиќ, славам Велигден и сакам празникот со семејството и драгите луѓе да си го поминам, а не на биро, работејќи. И секогаш ќе преферирам празник пред работа. Срам да ми е, треба да бидам воркохолик да не сакам да видам бел ден и да работам од јутра до сутра.
Ако работиш во смени, и баш ти се паѓа твоја смена, добиваш бенифиции (по закон) ... Ако е изводливо, никој не те спречува да си најдеш замена, во договр со колега/шка. ;)
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Јас најодговорно и најгласно тврдам дека ние Македонците празнуваме најмалку празници у свет. Ние можеме и сакаме оште.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.629
Поени од реакции
22.654
Јас најодговорно и најгласно тврдам дека ние Македонците празнуваме најмалку празници у свет. Ние можеме и сакаме оште.
Црногорците ни завидуваат.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Ааааааа порано имаше појше сега се средивме малце..............
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.372
Ама мнозинството е религиозно и ги слави тие празници. На крај краева, никому не му е забрането да работи на државен празник, ако тоа го сака.
Во Германија мислам дека беше, има празник на компири или нешто така, децата не одат во школо. Нашите празници барем се значајни по нешто. На крај краева, зошто некој би се бунел? Реално на секој добро би му дошол еден ден да здивне од работа, со оглед дека многу луѓе работат и во саботи. :)
на крај краева во право си :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom