Програмата на македонските радио станици

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Едно прашање за сите што слушате често македонски радио станици

Од кога Хит радио не е само интернет радио ? Гледам на сајтот пишува 107.4 FM. 107.4 FM не е скопското Хепи радио поранешно Street радио ?

http://radiohit.com.mk/
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Ај да ја вратам темава од мртвите.

Антена 5 не пренесува Brit music awards годинава? Одамна гледа не се ни активни по социјалниве мрежи. Не сум ги слушал од многу поодамна и сварно не знам што се случува со нив.
 
Член од
16 мај 2021
Мислења
760
Поени од реакции
4.187
Втор канал 94,1 уште имаат добра музика, не е како на времето со емисиите Радио визија на Александар Анчевски и Диско селекторот на Драган Б со точка Костиќ ама океј се. Буба мара, Фортуна, Сити, ок.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Ај да ја вратам темава од мртвите.

Антена 5 не пренесува Brit music awards годинава? Одамна гледа не се ни активни по социјалниве мрежи. Не сум ги слушал од многу поодамна и сварно не знам што се случува со нив.
Ги најавуваа повеќе време. Збореа за нив низ емисии, за тоа кој е фаворит, кој ќе настапи во живо итн. Не знам дали пренесуваа. Океј се Антена 5, со години си ја држат истата шема. Јас ги слушам обично наутро кога возам на работа. Утринската програма им е во ред, ми се допаѓа што во јануари пуштаа доста ретро хитови по повод 28 години Антена 5 радио.

Друго радио што го слушам е Канал 77. И тие се во ред, но на периоди знаат да вртат се’ едни па исти песни.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Ги најавуваа повеќе време. Збореа за нив низ емисии, за тоа кој е фаворит, кој ќе настапи во живо итн. Не знам дали пренесуваа. Океј се Антена 5, со години си ја држат истата шема. Јас ги слушам обично наутро кога возам на работа. Утринската програма им е во ред, ми се допаѓа што во јануари пуштаа доста ретро хитови по повод 28 години Антена 5 радио.

Друго радио што го слушам е Канал 77. И тие се во ред, но на периоди знаат да вртат се’ едни па исти песни.
Aнтена 5 се добри но најголема утка им е со она ЦД компилациите кога ги продаваа. Убав проект и убава одбрана музика но сето тоа снимено на ЦДата оние CD R (Princo или што и да им е фирмата) а не оригинални ЦДа како што тоа е случај на издаден Цд албум на многу познати музички артисти во светот или копилациско издание.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.113
Поени од реакции
824

Тие не се ни нивни компилации.
На нет ќе ги најдеш истите веќе издадени од друго место, песните буквално по истиот редослед :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Кој го има купено скопсконо Urban FM радио? Гледам го најавуваат некое време и денес почна со некаква програма.
99% пуштаат македонска музика со исклучок на фолк музиката. Пуштаат од се што е сега ново на македонскава музичка сцена

Ова е добро затоа што ретко имаме радио кое пушта скоро по цели денови македонска музика. Само не знам колку се слуша радио во државава особено радио со емисии каде што се говори, можеби во кола се слуша радио највеќе.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom