Програмата на македонските радио станици

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Што мислите за програмата на македонските радио станици?
Има ли квалитетна програма на македонските радија? Кое ви е најомилена радио програма и зошто?
Во светот има радиски емисии кои добиваат многу внимание, на пр. The Howard Stern Show. Каква е состојбата кај нас, која радиска емисија е најслушана?
Ако сте забележале нешто во македонскиот етер на најстариот мас медиум што заслужува пофалба (како на пример ЗипЗап Шоу) споделете информација (и термини кога одат во програма):)

Понатака, што ви смета во начинот на кој радио станиците ја водат својата програма? Мене лично ми смета што на најпопуларните радио станици се користи англискиот до таа мера човек да помисли дека ни е службен. Музика на англиски пуштаат далеку повеќе одколку таа на македонски... итн итн.

За крај мој предлог е да го преслушате подкастот на трите епизоди Голема Работа, емисија која оди на 103-ка. Темата е секогаш голема работа (не, озбилно). Епизода 3 - Раки на дојки: Рак на дојка или рака на дојка - на само неколку години пред враќањето на Исус, оваа дилема, по се изгледа ќе остане отворена.:pos:
Кома!
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Ок, изглеа на темава и треба вештачко дишење. Ај колку да ја вратам во живот, да не помине не забележана, да прашам...
Прашање: Знае ли некој зашто више нема Балканска Е-Банка и дали ќе почне пак да иде?
Морам да конзумирам е-банка, човече, ми треба.:vozbud:
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.875
Прашање: Знае ли некој зашто више нема Балканска Е-Банка и дали ќе почне пак да иде?
Морам да конзумирам е-банка, човече, ми треба.:vozbud:
Да да, потребно ни е на сите дупла доза, во криза сме од секојдневни трачарења по радијата (гарант е сеуште така :icon_lol: ) кој шо како прави и сл..добро сеа тоа и им е работа, нали си има одредени кои преферираат само музика, некои само да јадат гомна со тони, трети само вести итн...

Не ме привлекува радиото како и да е, музика по мој вкус има, ама само едно радио клаб ефем, се друго ми е тиње...не можам да слушам Македонско радио со Димче Мешковски и Таска Балабанова кај што зборат за средновековни музеи и слики, како и одредени персони Це од историјата пропратени со мрачни композиции, барок стил :icon_lol:
Или па антена со оние антипатичните шо се понашаат ко енглези, гитла!
Друго останато, има некои џезоваќи одвреме навреме ќе начекам....па тоа е, се друго е исти ку*ац!
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
На радио слушам само Џез ФМ. Другото е срамота. Македонско радио 1 и 2 освен македонска музика имаат некои политички емисии со наслови "Војната во Танзанија - сега или никогаш" или пак економски емисии "Економската пропаст на Аргентина" и овие емисии траат по 2,3 саати. Антена ме нервираат со нивната желба да бидат Енглеско радио. Сити ги ценам само заради Викса. Метрополис знаат некое добро ретро да спукаат. Другото е фолк.
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
На радио слушам само Џез ФМ. Другото е срамота. Македонско радио 1 и 2 освен македонска музика имаат некои политички емисии со наслови "Војната во Танзанија - сега или никогаш" или пак економски емисии "Економската пропаст на Аргентина" и овие емисии траат по 2,3 саати. Антена ме нервираат со нивната желба да бидат Енглеско радио. Сити ги ценам само заради Викса. Метрополис знаат некое добро ретро да спукаат. Другото е фолк.
Браво, браво... Ме изненади.
Инаку за Jazz FM... многу јасно дека се на сосема друго ниво од останатите. И по квалитет и по концепт.
А Антена и другите и мене ме нервираат со тоа. Само да ги потсетам дека ова е Македонија.
Ама темава не е да ги судиме радио станиците индивидуално, туку да даваме предлози и критики за конкретни радио емисии. Така, и на Антена и на Сити и на you-name-it има нешто што некој го смета за квалитетно (дури и ако тоа е Антена DriveTime, колку луѓе толку вкусови:toe:) ...
Тоа ме интересира.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
267
Поени од реакции
4
Ај и јас да ја возобновам темавата. Која ви е омилена радио програма? Дали Македонско радио стримува на нет?
 
Член од
22 октомври 2007
Мислења
32
Поени од реакции
3
Скопје, Париз, Тексас на радио Равел со Љупчо Јолевски.
 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
Искрено јас не гледам никаква разлика помеѓу радијата според програмата бидејќи на сите програмата им е сочинета само од музика, зборење и реклами. Затоа радијата повеќе ги вреднувам според жанрот на музика, говорот на DJите, разновидноста на музика која ја пуштаат. Затоа највеќе си ги слушам Антена 5 и Метрополис.
Секако пофалба и до Македонско Радио кои секогаш знаат да пуштаат повеќе од музика и реклами. Секогаш се тука да даваат документарни емисии (за една дури добија награда на европско ниво, ако не грешам името и беше „Патот на свастиката„), радио драми, опуштени дискусиони емисии, одвреме навреме опуштаат и старите шлагери кои ги емитуваат како што ќе ги ископаат од архивите...
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Ако сакате да се врнете 40 години назад со времето пуштете у недела на носталгија fm
од 10 саато и слушајте СТАДИОН да се најежиш...:tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:
 
П

Паган-др

Гостин
Ќе прокоментирам за програмата на Антена 5, зошто тоа радио највеќе го слушам, другите не ги чепкам.

Мене Антена 5 ми е баш по мерка, поготово "Утринско Возење", "Чао Антена", "Music On-Line". Утринското возење ми е баш по мерка кога ќе станам од спиење, одлична музика да се расонам. Чао Антена, поручек, кога одмарам мозок, а Мјузик Он-Лајн навечер, да го заокружиме денот. Да не забораам да спомнам и Love Songs, кај што ги вртат најубавите љубовни хитови. Башка да слушаш еден ден Антена 5, ќе видиш дека се опфатени сите стилови. Од шајка до локомотива.

Воопшто не ми смета што пуштаат повеќе странска од македонска музика. Доволно ми е што имаат Мак Топ 5. Ако сакам да слушам македонска музика, ќе пуштам Фортуна, што мнооогу ретко се случува. Скоро никогаш. Преовладуваат ГејГеј и Република, што за нигде се. (скоро сите)
 

Ares

Immortall
Член од
3 февруари 2009
Мислења
154
Поени од реакции
11
Ме нервираат повеќето од радиата кај нас у МК. Скоро кај повеќето радија преовладува електронска музика, ретки се деновите кога има рок, а за метал да не зборувам... тоа го нема кај нас. Мислам дека некое од нашите радиа, би можело да се потруди да не изненади и нас обожавателите на метал музиката (мислам дека тоа го може Антена 5), како што може да има Зип Зап по 2-3 саати не знам таму кои денови, може да има и неколку часовна програма на која ќе пуштаат рок/метал музика, па сите да бидеме среќни и ние што слушаме метал и раперите и обожавателите на електронска музика и т.н. Tnx:salut:
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Некој да не има линк до (антена, метрополис сити радио...) за онлај слушање ама да биде мп3 формат. Да не биде листа од .m3u
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.894
Поени од реакции
7.569
Денес случајно налетав на фејсбук страна за радиово. Македонско е радиово.
http://www.radioindex.mk/

Радиово се емитува засега само на интернет и има музика од 80-тите, 90-тите и денес. Македонска музика и странска музика има.

Нема многу реклами, нема ни емисии некој со водители, само пичи музичка плеј листа онака доста постари песни и само одвреме навреме после неколку песни џингл од радиото.

Иначе имаше една слична мислам тема за радио ама не можам да ја најдам ако некој ја најде нека ја спои со оваа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom