Fortune
шодаенешчо
- Член од
- 9 мај 2005
- Мислења
- 12.493
- Поени од реакции
- 183
Не оставам проблемот сам да се реши, се зафаќам со анализи и разгледување на ситуацијата и можните решенија и насоките во кои можат да ме однесат. Внимание и време посветувам додека најдам оптимално решение (а тоа трае кратко), а потоа си доаѓа дејствување.
Обично сама сакам да ги решавам и без помош. Ако вклучува и друга личност, тогаш помош е потребна и од нејзе за да не ми се пролонгира конечното разрешување.
Знам дека секогаш на блиските можам да се потпрам, ама најчесто ми биле потребни за друштво, а не и за директно вклучување во решавањето. Добро, имало случаи кога требало да дејствуваат, ама тоа само кога ги вклучува и нив проблемот.

Да. Смирено и трпеливо.city напиша:Како пристапувате во решавањето на проблемите? Ги барате причините, ги планирате ли постапките?
Не, воопшто. Сметам дека човек може да биде полн со проблеми доколку не ги решава со време и доколку ги остава со изговор „утре ќе мислам на тоа“.city напиша:И на крај сметате ли дека сте човек „баксуз„? Сметате ли дека сте човек полн со проблеми?