Проблем

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Да, целта не ми е да ми пишуваме проблеми, напротив да видиме на како ние се соочуваме и како ги решаваме проблемите.

Значи:

Имате сериозен проблем, како го поднесувате тоа? Како голема работа или нешто секојдневно, нормално?

Оставате проблемот сам да се реши или темелено навлегувате во негово решавање? Колку внимание и време посветувате на проблемите?

Колку барате и давате помош во решавањето на проблемите?

Дали блиските луѓе се оние на кои можете да се потпрете за решавање на проблемот или истиот е исклучиво работа на која треба сами да се посветите?

Како пристапувате во решавањето на проблемите? Ги барате причините, ги планирате ли постапките?

И на крај сметате ли дека сте човек „баксуз„? Сметате ли дека сте човек полн со проблеми?
 
Член од
13 август 2007
Мислења
672
Поени од реакции
19
хмм. не знам друго , ама едно е сигурно, дека не бегам од проблемите, и глеам у најкраток можен период да ги решам, да ми биде мирна глаата...
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Зависи од проблемот.Ми се случи здравствен непријатен проблем, кој мошне дисциплинирано го сфатив, се подлегнав на мала терапија и почнав да размислувам многу пореално од било кога, си го прочистив социјалниот систем и ми изгледа сега се подобро, иако на моменти ме фаќа ужасна нервоза.
Кога имам некои мини проблеми со човечки појави, емоционални замки...размислувам отворено, внимателно, барам совет од оние кои поминале низ тоа, се трудам да ги решам...Тешко е, но нема како поинаку.Не сакам да ме труе некој проблем, иако некои работи не зависат само од мене.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
619
Поени од реакции
45
Оставате проблемот сам да се реши или темелено навлегувате во негово решавање? Колку внимание и време посветувате на проблемите?
Зависи за каков проблем станува збор.Ако настане проблем за кој што последиците од некаква моја одлука ги сноси некој друг или ги делам, тогаш е потешко и најчесто оставам времето да реши се, што ми е мана. А доколку одлуката што ја носам во врска со тоа како ќе постапам околу некој проблем предизвикува последици кои би се одразиле на мене само тогаш, го разгледувам проблемот од повеќе страни, не преценувајќи се себе и непреценувајќио ја другата страна, размислувам кој се можните решенија и кое од нив би било најбезболно.Најчесто првото нешто што ми паѓа на памет не го превземам, него продолжувам како ништо да не се случило и ништо да не очекувам да се реши. Најчесто, најдобрите решенија доаѓаат интуитивно.




И на крај сметате ли дека сте човек „баксуз„? Сметате ли дека сте човек полн со проблеми?

Не.Не се сметам за човек со многу проблеми.Ама сум каприциозен и сите мои проблеми настануваат при задоволувањето на тие каприци.
 

By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
aman luge pred 5 mimuti procitav so ima na ovaa tema i samo prviot post bese pisan, a sea ste se iznapisuvale, nemojte tolku brzi da ste, deka jas sum spor malce, a inace za problemi ako mozam sam ke gi sredam, a ako nemozam jas, togas baram pomos od nekoj koj znam deka moze da mi pomogne
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Имате сериозен проблем, како го поднесувате тоа? Како голема работа или нешто секојдневно, нормално?
Па, под сериозен проблем не подразбирам скршен нокт/расцветани врвови од косата/о, морам да јадам грашак за ручек/моите не сакаат да ми купат нов мобилен/ве поштедувам од понатамошни набројувања и обично кога е нешто сериозно, имам и таков пристап кон истото и не го прифаќам само како пих, ноу биг дијл, ако сум свесна дека може лошо да ми влијае и да остави последици.

Оставате проблемот сам да се реши или темелено навлегувате во негово решавање? Колку внимание и време посветувате на проблемите?
За жал не верувам дека волшебна вила би дошла вечер додека спијам и со замавнување на стапче би ми го решила проблемот, па затоа сама ќе си ги засукам ракавите и ќе посветам онолку време колку што сметам дека ми е потребно.
Никогаш не оставам само да се наталожува и наталожува и ако е нешто ептен сериозно можам да бидам прилично напната и нервозна и неподнослива за околината, па затоа се посветувам максимално на проблемот за да можам и јас, а тие околу мене мирно да спијат.

Колку барате и давате помош во решавањето на проблемите?
Често барам помош кога се работи за нешто за кое во моментот не може да дојде до израз мојата објективност, сакам да чујам и туѓо мислење, но се разбира не сечие.
А давам помош секогаш кога ќе биде побарана од мене. Некогаш знам да дадам и свое мислење без да биде побарано, се разбира со најдобри намери, но не форсирам дека сум во право и дека тоа мора да биде прифатено како точно.

Дали блиските луѓе се оние на кои можете да се потпрете за решавање на проблемот или истиот е исклучиво работа на која треба сами да се посветите?
Блиските дефинитивно се оние на кои можам да се потпрам и што секогаш ми влеваат надеж со тоа што ме прават да почувствувам дека не сум сама и дека ќе бидат до мене без разлика на се`.
Не знам што би правела без нив... убаво е кога имаш некој кој не бега кога ќе дојде неволја, туку ти вика “Во исти говна со тебе сум“ и кога ти можеш да го направиш истото за нив.


Како пристапувате во решавањето на проблемите? Ги барате причините, ги планирате ли постапките?
Пробувам да гледам малце подалеку од носот за да сфатам што се случувам како стојат работите и да најдам најдобро решение за проблемот ( ама почетокот е секогаш паника. Јбг, вечна паничарка сум. Знам дека не ми оди баш во прилог, ама добар тренинг е лекот :) ).
Само, не секогаш има решение... затоа некои работи е најпаметно да ги лет гоу и да ја прифатиш реалноста онаква каква што е.

И на крај сметате ли дека сте човек „баксуз„? Сметате ли дека сте човек полн со проблеми?
Хел ноу, премногу сум млада за да имам кој знае колку сериозни проблеми и не сум тип кој што прави од мравка слон, а и не сум нешто многу суеверна за да верувам дека баксуз ме прати.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Па во принцип си признавам дека сум малку drama queen во душа,така што некогаш знам и од мравка да направам слон.А кога имам па голем проблем,тогаш знае некогаш да биде и поголем од што треба.Ама добро,во поголемиот дел од времето е само голема работа.:)

Сам не може да се реши проблемот,тоа е повеќе од докажано.Само ќе се наталожува и одолговлекува и на крај ќе настане каша попара,така што прилично темелно и од корен сакам да го решам проблемот,така што почнувам од најмалата ситница.

Мислам дека за да се реши еден проблем,најпрво човек мора прво сам да седне и да размисли убаво,но сепак дека треба и до одредена мера да се потпре на пријателите,оние вистинските кои ако не можат да помогнат,барем сигурно ќе бидат столб,потпора и поддршка,што исто така придонесува,зашто многу е убаво кога знаеш дека има некој кој е покрај тебе кога ти е тешко и кога имаш проблем.
Инаку,кога некој близок има проблем се давам 100% за да му помогнам.Целата енергија и време ја посветувам за да помогнам - ако можам се разбира.

Јас знам да бидам тупаџија до бесвест.Значи од најмалата ситница,од најмалата молекула почнувам да разглабам што и како е.Се умарам со секоја можна ситница која што постои,се до најголемата.Планирам што како понатаму,си правам некои тактики,стратегии...

Баксуз...хм.Па,за проблеми,барем поголеми не,не сум толку полна со проблеми,има луѓе со далеку посериозни проблеми од моите.За други работи сум јас баксуз.:icon_lol:

Проблемот е што многу се замарам.Дури и откога ќе помине целата фрка,нервози,проблеми,дури и кога ќе го решам тоа што ме мачи,јас продолжувам да се опседнувам,да мислам на последиците и на секакви други ситници поврзани со проблемот.I just cant' help myself.:toe:
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.580
Поени од реакции
1.885
додека не го решам, не го оставам на мира
ќе спобудали од мене и ќе си замине
јас сум ноќен кошмар за проблеми
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Мене проблемот ми е голем проблем додека е мал проблем :) Со оглед на тоа дека сум мрза и не се потресувам многу за работите, додека не ми дојде „јајцето на гз„, односно додека не се освестам дека не знам немам време више или дека проблемот станал ептен сериозен не мрдам со прст да го решам. А кога ќе уочам дека треба акција, тогаш ништо веќе не е за мене проблем и сум многу ефективна во решавањето на се' што ми создава главоболки.

Во секој случај, секогаш знам дека моите најблиски ќе ми помогнат, ако не некој од крвно сродство :) тогаш другарките сигурно ќе ми се најдат исто како што јас би им се нашла и, впрочем, им се наоѓам.

Инаку, како човек што обожава да планира, секогаш си правам план на работа, стапки по кои се раководам и така сигурно знам дека се движам кон успех и решавање на проблемот.

Баксуз? Многу проблеми? Пааа мрза со 18 години и не верувам дека може да има некои посебни проблеми во животот (со оглед на тоа дека уште не се почнати уписите:)):pipi:
 

Cruela DeVill

THE BEST DAMN THING
Член од
15 август 2008
Мислења
222
Поени од реакции
14
vo princip sum realist i kriticar i mn mn samostojna pa si gi resavam problemite sama i onaka kako sto najdobro znam i umeam ...iako za toa cekam da dojde "5 do 12" sepak uspesno si gi resavam problemite i sum presrekna so dosega ne sum imala nekoj epten GOLEM problem za koj ke mi bide potrebna extra pomos
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Да, целта не ми е да ми пишуваме проблеми, напротив да видиме на како ние се соочуваме и како ги решаваме проблемите.

Значи:

Имате сериозен проблем, како го поднесувате тоа? Како голема работа или нешто секојдневно, нормално?

Оставате проблемот сам да се реши или темелено навлегувате во негово решавање? Колку внимание и време посветувате на проблемите?

Колку барате и давате помош во решавањето на проблемите?

Дали блиските луѓе се оние на кои можете да се потпрете за решавање на проблемот или истиот е исклучиво работа на која треба сами да се посветите?

Како пристапувате во решавањето на проблемите? Ги барате причините, ги планирате ли постапките?

И на крај сметате ли дека сте човек „баксуз„? Сметате ли дека сте човек полн со проблеми?
Кога имам некој сериозен проблем, гледам сепак да останам смирена и да не дозволувам да ми го расипе расположението, сепак проблем е а за сите проблеми има решенија, да сме живи и здрави, тоа е најважно.
Ќе одвојам извесно време, смирено, без притисоци од други страни ќе размислам и ќе дојдам до решение за проблемот.

Во врска со давање и примање совети. Не ги добивам советите бидејќи јас сум повлечена личност која си ги чува проблемите само за себе и не ги шири по другите. Зошто другите да се замараат со моите проблеми? Немаат нивни? А и постојат мал милион преваранти кои само чекаат да дознаат дека имаш некој проблем и да рашират на цел град или па да го искористат тоа во своја полза. Давам совети само ако некој побара од мене и само ако навистина имам што да советувам или сум поминала низ нешто слично. Од бафтанаана совет - никогаш.

Не сметам дека сум човек полн со проблеми, бидејќи се грижам да не настанат, на време си мислам за работите и обврските кои ме опкружуваат и ги исполнувам на време, а не во 5 до 12 и тоа набрзина.
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
додека не го решам, не го оставам на мира
ќе спобудали од мене и ќе си замине
јас сум ноќен кошмар за проблеми
Исто и кај мене. Сега добро зависи од проблемот од каква природа е. Но ако е нешто што само можам да го средам или мислам дека сам можам да го средам не се откажувам додека не го средам или од незнаење како да го средам се уморам и успијам. не можам проблемот да го оставам и за нареден ден или слично секогаш како некоја работа да е во најбрз можен рок пробувам да го елиминирам. Е сега ако е проблем како што пиша мавечко мислам јадење пиење или нешто да ми се купи со тие не се замарам зошто за мене тие ствари не се проблеми. Тоа е финансиска состојба на родителите колку зимаат пари што како и не се бунам на тоа поле зошто знам такво е времето. Ама за друг проблем којзнае по кој пат ќе пишам ама гледам брзо и ефикасно да го решам.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.960
Ако е сериозен проблемот (што доста ретко ми се случува) го поднесувам многу тешко, постојано мислам на тоа, се обидувам на секој можен начин да се реши, барам можни опции со кои би можела да се олесни ситуацијата, дури и совети од другари кои знам дека не би ме изневериле. Целосно се внесувам во решавањето на проблемот и не се откажувам сè додека не успеам.

Помош барам само од најблиските, а сум помагала во најразлични ситуации кога тоа било побарано од мене, некогаш доволно е само да ја ислушаш личноста што има проблем, да си ги каже маките и ќе и биде полесно, ако се бара акција, одиме во акција. :)

Можам да се потпрам на блиските во секој момент, барем досега тоа го имам заклучено, сепак поголемиот и потешкиот дел си го одработувам сама, од нив само барам мислење како да се постапи и слични работи.

При решавање на проблемот најпрво ги барам причините, постапките не ги планирам ми доаѓаат природно, ако проблемот е поврзан со друга личност тогаш сакам да ги разјаснам работите со еден убав разговор кога заемно би си кажале на кој што му пречи за во иднина да се поправат грешките.

И како што кажаа и погоре, премногу сум млада за да се сметам за човек со големи проблеми или баксуз за проблеми, не би сакала да се оптоварувам со такви работи уште сега, сепак понекогаш е неизбежно. За среќа таквите ситуации се многу ретки.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
секој голем проблем (сериозен) може да се подели на повеќе помали проблемчиња кои после не изгледаат сериозни и не вреди човек да се замара со нив а можат да му се дат на повеќе луѓе од фамилијата (да му се поделатпо 1-2 мал проблем) па тие нека ги решаваат.
 
С

Сатори

Гостин
Анализирам, наоѓам решенија, одбирам едно најпрофитабилно и погодно, решавам.
Без голема философија.

Не сум фан на трошење време и нерви, наместо тоа ќе одам на кафенце со пријателите или ќе прочитам нешто корисно.:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom