... не се секирај многу, никој не е роден со знаење и никој не знае све, секој ден се учи нешто ново, машките кои имаат проблем на својот полов орган, но како последица од сексуален однос при што се сомневаме за СПБ (Сексуални Преносливи Болести) како што е твојот случај, можат да се обратат на три места во здравствена установа и тоа :
на прво место кај Гинеколог, кај Дерматовенеролог и кај Уролог!
...без упат од матичен лекар ќе можеш да се консултираш доколку ќе си го земаш „девојчето“ за рака и директно заедно ќе идете кај нејзиниот матичен гинеколог за Твојот проблем како последица од нејзин проблем како сексуална пренослива болест од неа кај тебе,
...за Дерматовенеролог (имаш дерматовенеролошки проблем како чешање, црвенило и секрет на половиот орган)!
...и уролог ( како читам немаш уролошки проблем т.е. проблем со мокрење, болки и слично) мораш да си земаш упат од матичен лекар доколку сакаш прегледот да ти биде „покриен“ од твоето здравствено осигурување, а ако сакаш „на приватно“ тогаш не ти треба упат од матичен лекар ќе си одиш приватно на консултација!