Проблем со пенисот

Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Не се секирај ,само првиот пат боли ;)
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Bev vo wc i ja otvoriv glavickata na mojot penis, sega ostana taka. Kako shto znam treba da se vrati nazad, ili ne? Kozickata e epten nasobrana dole... Sto da pravam kazete ve molam, imam inace 16 godini. Fala!
Плакни го со чај од камилица, ставај и облоги ако можеш. Нормално, почекај да ти спадне (притисокот), и пробај сам да ја вратиш.
Ако тоа не успее, имаш доктор.. со ласер се прави модерен вид на "сунет", односно еден дел од кожичката се сече и после ќе се осеќаш како прероден.
п.с. има многу вакви случаи, не си единствен.. не се секирај.
 
Член од
2 февруари 2006
Мислења
1.500
Поени од реакции
160
најубаво ќе си идеш на урологија или како и да се вика во државна и ќе ти кажат таму што како. Нема ништо срамота ни прв ни последен.
 

imp

МyMoon
Член од
11 јуни 2012
Мислења
39
Поени од реакции
31
Немаш проблем друже , ти се секираш оти ти е чудно и оти ти е почуствителна ''јабучицата'' и без причина ти се крева. Позз
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Драги членови, да ве потсетам дека темава се наоѓа во Здравје, не во Чек дис аут.
Потсетете се на правилата на овој дел од форумот.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
8
Поени од реакции
3
дали тоа што на машкото не му излегува главичката на пенисот од кожинката може да претставува проблем за секс ?
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.239
пример каков проблем ? нема да може да има секс ?
Ќе може да има секс не е тоа ништо страшно еве ти подетално информации прочитај си http://en.wikipedia.org/wiki/Phimosis Еве ти и на македонски
Фимоза (phimosis)


Phimosis
Фимозата е состојба кога препуциумот не може да се повлече преку глансот на пенисот. Се јавува поради стеснување на препуциумот на пенисот.

Таа може да биде нормален стадиум во развојот на момчето ткн. физиолошка фимоза, или може да биде вродена или стекната во текот на животот.
Физиолошка фимоза

Поголем дел од момчињата се раѓаат со физиолошка фимоза.При раѓањето, внатрешниот лист на препуциумот и глансот се споени. Во текот на првата година од животот, спојот меѓу внатрешниот лист на препуциумот и глансот почнува да исчезнува и веќе кон крајот на првата година, кај 50% од децата, овој простор се ослободува. Во првите години од животот, физиолошкото слепување на препуциумот со главата на пенисот е природна заштита на главата на пенисот од амониакот, кој го има во мочката. Кај повеќето момчиња препуциумот потполно се оддлепува од главата на пенисот до нивната 3 годишна возраст. Овој природен процес на растегнување на препуциумот и неговото одлепување од главата на пенисот може да биде потпомогнат со повремено нежно тргање на препуциумот на назад, посебно при капење, со оглед на тоа што топлата вода поволно делува на омекнувањето и растегнувањето на кожата.
Доколку препуциумот тешко се повлекува од глансот, или воопшто не може да се повлече, сé до 3 годишната возраст на детето, се смета за нормална појава и не се превзема ништо за нејзино корегирање. Уште во третата година од животот, скоро 50% од момчињата имаат физиолошка фимоза. Затоа, оваа појава не треба премногу да загрижува, освен во случаите кога отворот на препуциумот е толку тесен да предизвикува тешкотии во мочањето. Доколку детето отежнато моча, мочката тешко минува низ мочниот канал и е со тенок млаз, треба да се консултира уролог.
Според тоа, доколку и по 3 годишна возраст, препуциумот не може да се повлече од глансот на пенисот, тогаш веќе се работи за вродена фимоза и треба да се консултира уролог. Тој ќе процени во кој степен е присутна фимозата и дали е потребно таа да се корегира. Во некои случаи потребно е да се изврши оперативен зафат ( парцијална или тотална циркумцизија).
Права фимоза

Честота на јавување

Ова е вродена аномалија, која се јавува само во околу 2% од машките деца.
Симптоми на фимозата:
  • отежнато мочање,
  • опасност од застој на мочка во мочниот меур, бидејќи мочниот меур неможе целосно да се испразни,
  • често инфекции на препуциумот и глансот на пенисот,
  • понекогаш болен полов однос.
Кај мажите со права фимоза, отворот на препуциумот е толку тесен што го нарушува нормалното повлекување од глансот, а со тоа и неговото нормално функционирање. Препуциумот со растот и развојот на детето постепено се олабавува. Кај повеќето момчиња (98-99%) во 18 годишна возраст, препуциумот може нормало да се повлекува од глансот, односно поголемиот број на случаи на вродена фимоза можат спонтано да се решат. При тоа помагаат и едноставните механички повлекувања на препуциумот на назад при туширање. Затоа лекувањето на лесните облици на фимоза може да се одложат до завршувањето на пубертетот.
За потешките облици на фимоза постојат три вида на третман: примена на локални масти, постепено ширење и растегнување на препуциумот и хируршки зафати.
Лекување со локални масти

  • Лекувањето со стероидни локални масти е метода која почнала да се применува во 90-тите години. Стероидните масти го поттикнуваат нормалниот раст и ширење на препуциумот. Оваа метода се покажала доста успешна и довела до излекување на фимозата во околу 90% од случаите. Предноста на лекувањето со локалните стероиди е во избегнувањето на хируршкиот зафат, кој може да доведе до трауми и компликации, како и во зачувувањето на препуциумот и неговата заштитна, ерогена и сексуална функција.
  • Beaugé-техника (техника на ширење и растегнувње на препуциумот)
    Оваа техика го добила своето име по авторот, кој прв ја применил кај пациенти со фимоза.. Тоа е всушност техника на природно и постепено растегнување на препуциумот. Редовното растегнување на препуциумот доведува до умножување на клетките на кожичката, односно до нејзино проширување. Препорака на оваа техника е да, мажите кои имаат фимоза, почесто ја повлекуваат кожичката на назад, користејќи креми кои помагаат во растегнувањето и омекнувањето на кожичката. Кога ова се изведува во тек на подолго време, кожата на препуциумот постепено почнува да се олабавува и проширува. Третманот не е трауматски и не го оштетува ткивото. Предноста на овој вид на лекување е во зачувувањето на препуциумот и сексуалното чувство. Кај голем број од мажите, веќе по три седмици, се постигнува значително подобрување и корегирање на фимозата.
Хируршки зафати

Препуциопластика

Ова е поштедна пластична операција во однос на циркумцизијата, која беше до неодамна традиционален метод на лекување на фимозата. При препуциопластиката се рашируваат кожичката и препуциумскиот отвор до потребните димензии, за да може нормално да се повлекува од глансот на пенисот. Предностите на препуциопластиката се: побрзо и побезболно заздравување, помалку несакани компликации и зачувување на препуциумот и неговите функции. Постојат повеќе различни техники со кои се изведува препуциопластиката.
Циркумцизија

Традиционален третман на фимозата била циркумцизијата. Овој хируршки зафат е едноставен и се изведува во амбулантски услови, при што се отстранува дел или целиот препуциум. Но, иако овој пристап е едноставен, сепак тој носи со себе и одредени ризици како: можно оштетување на мочниот канал, крварења, инфекции и слично.Циркумцизијата предизвикува најголемо уништување на функционалното ткиво, најголема траума, најспоро опоравување, најмногу оштетување на нормалната функција и намалено сексуално задоволство. Тоа е и најскапа метода на лекување. Сепак, многу уролози сеуште ја промовираат како метода на избор.
Стекната фимоза

Стекнатата фимоза обично се јавува како резултат на хронични инфекции на глансот на пенисот или препуциумот, а како последица на лошо одржување на лична хигиена. Воспалението ткн. Balanitis xerotica obliterans доведува до стеснување на препуциумот, кое се препознава како бел прстен од стеснето тврдо ткиво на врвот на препуциумот. Сето ова може да доведе до помала растегливост на препуциумот и до тешко и болно повлекување преку глансот, често со пукање на кожата.
Исто така и самата фимоза го оневозможува одржувањето на личната хигиена и доведува до развој на чести инфекции, кои пак од своја страна ја влошуваат фиброзата т.е. уште повеќе се стеснува отворот на препуциумот. Во текот на мочањето доаѓа до балонесто надувување на препуциумот од насобраната мочка, која потоа во тенок млаз излегува низ отворот на препуциумот. Под препуциумот може да се створат каменчиња.
Мажите со фимоза имаат поголем ризик да заболат од карцином на пенисот. Постарите мажи, како и оние кои боледуваат од шеќерна болест се посклони кон настанување на фимоза.
Според тоа, зависно од степенот на фимозата и компликациите кои таа може да ги даде, потребна е консултација со уролог и соодветно лекување. Сеуште често се применува циркумцизијата, при која се отстранува вишокот од препуциумот. Кај пациенти со присутно воспаление, во првиот акт се прави инцизија на задната страна на препуциумот (дел од препуциумот се засекува и на тој начин се овозможува негово повлекување од глансот, со што се овозможува и одржување на редовна хигиена). Циркумцизијата.следи по излекувањето на воспалението.
Треба да се избегнува јако и насилно повлекување на препуциумот на назад, бидејќи тоа може да доведе до оштетување на кожата и до појава на состојба позната како парафимоза.
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Како прво треба да опиши поопширно за тоа. Му излегува делумно/ич не му излегува при ерекција/флакцидна состојба, ко ќе моча дали може ја враќа кожичката или моча без враќање, дали досега имал сексуални односи и/или мастурбирање, возраст...
 
K

kalimer0

Гостин
Мене како помал ми излегуваше скроз малку и моиве ме однесоа на доктор (имав околу 3 години) и докторов со брутал форс ми го отвори сега е расцутен :cool: Се чувствува болка тие неколку секунди и ден два потоа после се навикнав. Не е страшно ама треба да се реагира додека е на помала возраст (претпоставувам за дете прашуваш) бидејќи после треба операција.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
8
Поени од реакции
3
Како прво треба да опиши поопширно за тоа. Му излегува делумно/ич не му излегува при ерекција/флакцидна состојба, ко ќе моча дали може ја враќа кожичката или моча без враќање, дали досега имал сексуални односи и/или мастурбирање, возраст...
при ерекција не му излегува ич , кога не му е станат може да ја вади главичката,има 19 години
 

-G-

Успешен
Член од
15 јуни 2009
Мислења
636
Поени од реакции
255
при ерекција не му излегува ич , кога не му е станат може да ја вади главичката,има 19 години
нека иде нека го сецнат малце нека не се праи и он па...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom