Подфорум Здравје - за што служи (читај пред да коментираш)

Статус
Затворена за нови мислења.

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Подфорумот Здравје служи за користење на неготиве информации добиени од членовите за Ваше добро.

Кога имате проблем некој слободно коментирајте во темата Дежурна Ординација доколку сте во паника слободно истото прашање поставете го во соодветна тема пример ( проблеми за Епилепсија).

Користете го за добро, да дадете совет или да поставите прашање.
Користете го само доколку знаете или сте сигурни во она што ќе го одговорите.
Користете го за споделување на одлични информации во врска со Медицината и општо за Здравјето.
Користите го само за добри намери.
Користете го да помогнете и да информирате!

Никогаш не го користете за сеир правење.
Никогаш не го користете да коментирате со лаги или коментари во смисла дека темета нечини и е за во канта, запамете дека има модератор кој се грижи за таа проблематика и тој ќе одлучи што чини - што не.
Никогаш не го користете Вашето право за коментирање за исмејување на некој член.

Строго забранети се оф топици, доколку избегате од темата потрудете се да се навратите кон темата пред Вашето мислење да биде избришано.
Строго забрането е навредување на било кој од членовите.

Секој што ќе згреши ќе добие порака ОПОМЕНА за оф -топик, доколку и тогаш не се прекине со оф топик следува соодветна казна.

1) Оф-топик мислења
- прв пат: бришење и опомена
- втор: 7 дена
- трет: 30 дена
- ненаучена лекција: перманентен бан.

2) Сеир на теми кои не се во Чек дис аут и Хумор
- прв пат: 3 дена
- втор: 14 дена
- трет: 60 дена
- ненаучена лекција: перманентен бан.

3) Шерифување на теми („глупа тема“, „темата е за во канта“ и сл. забелешки)
- прв пат: 1 ден
- втор: 14 дена
- трет: 60 дена
- ненаучена лекција: 6 месеци

4) Навредлив речник
- првпат: 14 дена
- втор: 2 месеци
- трет: 6 месеци
- ненаучена лекција: перманентен бан.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Поради реакции од неколку члена, во темава додавам напомена дека советите кои се даваат во подфорумот здравје не треба да се земаат здраво за готово и не се замена за консултација со доктор. Секако, доколку имате здравствен проблем треба и мора да се консултирате со доктор.
Членовите овде се обидуваат да помогнат во рамки на своите знаења. Тоа не значи дека се секогаш во право, ниту дека може да се потпрете на нивните мислења и совети како финални и да не одите на доктор.
Дијагноза и терапија преку интернет не се дава, ниту добива.
Затоа, драги членови, секогаш имајте во предвид дека консултацијата со доктор ништо не може да ја замени.

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom